Кајг, пак јас
мртво низ гоцево, мир и тишина, 4-5 души маваат дота во сајберов, а ја да напишам нешо. Вчера ми се идеше на виноскоп, али не се пријавија заинтересирани -_- .
Денес, се шлаев на технома, 2 саати презентација, got offer for a job, in Austria... Барем татко ми да не беше тука да ми дроби одма прифаќав, уште утре фаќав магла... али ајде валда ќе ми „чуваат место“.
Друго шо да ти кажам, онака е лошо кога споредните улоги во животот те туркаат од твојот кадар, а камерата (животот) не чека, се се врти се продолжува. Знаеш дека немаш време, сепак една одлука, да чекаш. Зошто? За да не избрзаш? Дека ќе има и друга шанса? (а свесно знаеш дека тоа е лага, грешка)
А сепак... што не дефинира? Доброто што сме го направиле? Работите што ни успеале?
Не, нашата „биографија“ се нашите грешки, секоја личност е колекција на своите грешки (намерни или ненамерни). И тогаш, која е поентата да бараш некоја си смисла во животот? Да, се откажав од тоа, нема смисла, нема логика, во прашање се случајности и непредвиден тек на настани. Дали и овој пат ќе ми е грешка? Ако е грешка, ете, нека ме дефинира, неможам да бркам веројатности што ќе се случи следно, само претпоставки кои во глобала не се точни.
But...
Call me when the miracles reduces to coincidence...