Драга,
одамна не сум била вака среќна! Коцкичките полека почнуваат да си доаѓаат на место

Се посветив повеќе на факултетот, планирам до јуни да дипломирам и ќе се потрудам да го остварам тоа, ама стварно, решена сум да биде така!

Исто така, и другите коцкичкиво животот полека се склопуваат, навистина не верував дека толку убаво ќе се чувствувам после вежбање, да, изморена сум и се ме боли, ама се чувствувам толку олеснето и задоволна со сама себе, криво ми е што не почнав порано

А Д, ах Д, секој ден ми е се поубав, вчера толку ми беше убаво после тие 2-3 саати со него, лебдев Кајги, левитирав ама буквално

И да ти се пофалам, имам нова фризура. Докажано е дека кога жените се спремни на промени во животот, една од првите работи што ја менуваат е фризурата. Јас малку се колебав, ама сега сум пресреќна!!
Што мислиш, а? Признај дека ти се свиѓа!

Вечерва очекувам да ми биде ко на апсолвентска екскурзија, со најблиското друштво ќе славиме роденден/дипломска на една колешка..can't wait!!

Проблем: што да облечам?!
Ај отидов јас,имам одлука за донесување

Биди ми поздравена, се читкаме наскоро
