Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
ни сме тиа шо останаме,ја ти и он.....мамицата у пичката ми се пцуе :D

селанка коа ќе почне да ти лафе скопски собери си ги парталите и испадни си простено ти е од господ....човече коа тортура е тоа лигавење :tapp:


домче,да се релаксирам ако успеам :D


цвеќе не сум садил,нема ни да никне :icon_lol:
 
Драга

Ти пишувам после дооолго, долго време :D

Има многу новости.
Сега само накратко да ти покажам што ми го направи денот


Повели :D

Сеуште постојат добри луѓе на планетава.
 
Не ми е првпат да си кажувам некои мои тајни на релативно нов другар/ка, а после некое време да се чувствувам несигурно дека еден ден можеби ќе ги искористи против мене.

Што си помислив и реков на глас (штом се осигурав дека нема некој во блиска околина да ме слушне и да помисли дека сум луд): ЗАОЗБИЛИ СЕ ДЕТЕ!
 
Кајги ма вреди да се бориш за тоа што го сакаш така нели? а драга што во случајот кога се бориш си упорен ... а нештото за кое се бориш не реагира на тоа???
 
Не е важно денеска што направив,не се важни повеке ни лугето кои до пред некоја недела ми значеа...Никој од нив.Ги отстранив бидејки не им бев потребна,така покажуваа делата нивни.
Важна ми е само една личност...Сега и засекогаш...

И не сакам да си ги трошам зборовите на непотребни работи...Одам да лудувам оваа вечер.Одам да славам,за храбриот чекор што го направив.А пред тоа,да ја прегрнам мајка ми и да и кажам колку многу ја сакам.
 
I no use Tapamuabet.
Samo dobar muabet.
I mislev sum go zasakala stravinski ama eve se uveruvam deka ne bilo taka.
Toa e...kazi...
 
И колумните не се тоа што беа. Простачки речник, никаква содржина, нема решение на проблемите. Навреди, погрдни зборови, етикетирања, поделби, спуштање на комуникација на ниско ниво. Неписмени ликови се нарекуваат новинари. Тешко на оние кои учат за тоа. Мака ќе си имаат да ја променат контамиранава средина и да успеат да ме натераат некогаш да прочитам колумна. До тогаш, строго се дистанцирам од нив.
 
Драга, сега како да ти кажам . Има член во темата "Се каете ли што сте се иселиле од МК", кој што колку повеќе го читам толку повеќе ми доаѓа да му ја дувнам од државава . Што да правам кога кај мене членот предизвикува контра ефект.:confused:
 
ДК
од прееска од ко разбрав некои работи неможам една мисла целосна да склопам во дипломската, а да не ми забега мозоков на друго место. Ме мачат многу работи, имам многу неодговорени прашања и најверојатно треба да седнам и научам некои работи. Пред се да пробам да не му удоволувам на спротивниот пол, гледам треба да си идиот кон нив ако сакаш да те почитуваат и разберат, ако му ставиш се на тацна, му удоволуваш и мислиш добро нормално дека зад грб нож ти бодат...
Некои луѓе не се тоа што се претставуваат, добро го прикриваат тоа и многу наивно изгледа секоја чест за нив бидејќи ете се искачиле едно скалило од обичниве смртници кои веруваме дека е се како што ни се прикажува.
Self control е најдоброто нешто кое сум го научил во животот, можеби не сум го научил перфектно но се наоѓа и до тоа ниво каде сум стигнат бидејќи ме вади од уште поголемо разочарување и болка во многу ситуации па еве и овојпат.
Жал ми е што сум пресериозен за годините, ете едноставно до оваа возраст поминав низ работи кои двојно постари не ги виделе. Колку и да жалам за грешките кои сум ги сторил нема враќање назад. Ме радува фактот што сум присебен и излегувам од ситуации каде голем број заглавиле,
не се врзувам долготрајно за пороци иако сум пробал речиси се во животот, брзо излегувам од лоша средина иако ми донесла многу материјални добра и уживања.
Кога гледам дечки преку 20 години да се радуваат сеуште со работи на кои се палат пубертетлии и мали деца да бидам искрен ми се дига притисокот. Кога би бил на местото на нивните родители претпоставувам дека ќе ги отпишам од свои деца таквите. Како е можно магаре на 20 и кусуро години да се радува со макети од WOW, да се радува и живее во игра, да станува наутро за да ја игра играта, да ги чита книгите кои се пишувани за тој виртуелен свет, кисне до ниедно време да играл инстанци и незнам што и заебе и факултет и се. Грешка на родителите пред се од моја гледна точка ништо друго бидејќи денес му е дадена преголема слобода на децата и ги испуштаат од рака со тоа што му даваат се што сакаат и никој не бара никаква работа од нив. Ако ваквите вредат повеќе откако некој кој се гледа да направи се во животот тогаш муабетот завршува тука....
Едно само сум свесен дека светов оди многу во погрешна насока, не сакам да бидам од оние кои мислат дека би го промениле и нема ни да се обидам да трошам енергија за таква работа...се надевам дека ќе се сменат некои работи и луѓето конечно да почнат да живеат во реалниот свет и излезат од некои замислени светови и си прават филмови.
Не барам ништо повеќе од тоа што го нудам од никого на светов, нудам почит, доверба, разбирање, љубов и сакам истото и да го добијам, мразам лаги бидејќи ако само малку се потрудам можам да добијам инфо за секого и тоа повеќе од тоа што може да замисли дури и за работи за кои мисли дека ги знае само личноста и никој друг. Не сакам да се изигрувам детектив али добро е да се знаат некои работи, да се каже реалноста во очи и она што го мачи секого и да не ме чуваат за резерва бидејќи барем јас не се сметам дека сум такво нешто.
Се извинувам за долгиов пост на оние кои ќе го читаат, толку сум изнервиран од односот на одредена личност, од она што го дознав пред неколку часа така да ова го правам малку да ми олесни.......
 
kajgooo pred malce mi rekoa: aj setaj...i ja vaka podzinata :eek: prvo pomisliv kaj sea da setam...posle svativ...trebalo da izlezam be :icon_lol: ama denes ke spijam pa utre zdravje ke go poslusam sovetot...neli od pogolemite se uci de :pos:
 
Драга Кајгана,
Каква прекрасна вечер. Ладничко, свежи, чист воздух....., но сепак ми недостига Скопје.
Сфаќам дека многу е важно животот да го живееш баш онака како ти што сакаш, а не да се замараш со некои обврски за кои знаеш дека нема да ги извршиш, бидејќи оној пред тебе со врски и пари ги извршил веќе.
Кајгано, се чувствувам возбудено, бидејќи аплицирам за тоа да станам модератор на еден од твоите подфоруми... голема среќа ќе владее во мене ако станам модератор :)
Освен тоа се заразив последниве два дена со она српскине песни... што ми стана :D

Како и да е ќе ти пишам повторно :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom