Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
:facepalm:

Онтопик, само ја можам да си скршам заб од сукано сос праз... мислам не е можно и тоа во петок. :facepalm: Тибам среќата глупа. Него убав старт на сесија, мило ми е што Драги си остана Драги а ние си останавме гревчињата кои не исчистиле на време.
 
Драга,

Се изнаспав за сите пари денеска. А бе барем да ми даваше некој пари за спиење, знајш ли колку ќе ги имав, ехееееееее, милијардерка ќе бев. :D

Сеа цела вечер шо ли ќе праам? Знам драгичка, ќе си почнам нова книга за читање. Глеам една се врте на масата веќе некое време, каа да ми вика земи ме, прочитај ме. И ќе ја прочитам така да си знајш. :P

Иначе некое убаво расположение ме тепа денеска, не знам шо ќе е работата. Се чуствувам дека можам да се заљубам десет пати од ново. :love: И не мора у личност да биде де. Еве на пример, имаше едни сандалки денеска у кои се заљубив. Ете уште девет заљубуења ми остануат.

И у песнава сум заљубена денес, еве ти, чуј ја, заљуби се и ти.
Значи уште осум пати. ;)


Иначе ќе иам средба деновиве со нафурани и исфрустрирани личности, кои мислат дека сета а разбират, а они уствари поима немат. Дај нека ме држе расположението до тогаш, само за да им се изнасмеам у фаца и да си заминам. Оти ништо друго не вреде да прајш со такви припрости лица.

Гледам и ти се вратил назад најголемиот „шизик“ на форумот :rolleyes: хахахахаха. Баш ги сакам тие таквите занесотини. Па кога ќе ги спуштиш малку на земја, море малку повеќе, за да треснат, најмерак ми се прави. Ама како и да е, нема да бидам злобна денеска :sneaky:, еве давам чесен пионерски збор.

Ќе си го пиам пивцето, може и уш едно ќе си отворам, кој да ти каже дали така ќе биде, каа и сама не знам.

И ќе ме извиниш за дијалектот драга, ама ич не ми се глуме у вакво расположение литературно да се изразуам. Некој друг пат тоа, ваа вечер не. :pipi:
 
на дебилизмов на луѓево му нема крај, капнав од работа денеска ама комшијава реши басот да го јача во 12 саатот, ама ако утре јас со дрвата во шест ќе му се разлупам.
иначе проблемов со стомаков почнува да ме загрижува, ќе треба да се проверам
 
Знаеш онака, приоретните работи некогаш најмногу те разочаруваат. Се фокусираш максимално на нив, и ебано не ти успеваат, додека во меѓувреме, тие кои си ги игнорирал - ти успеваат со речиси ич труд. Како и да е, не зборам за работи, а знаеш и самиот пер (за мене Драга Кајгана е машко) за што мислам. Се мислам да се откажам од фокусот и да почнам да посветам на нефокусот. Но дали така ќе се префрли фокусот на другото и тоа ќе стане како првото? Не знам. Ама нема да знам ако не пробам. Поздрав.
 
Специјален поздрав до југозападното лоби, можеби сте јаки во Македонија, но не и надвор. :pipi:

Ќе видиме кој е појак за месец дена. :cool: A hard rain's gonna fall.

И масоните се криви, сите се криви бе, мамата! :mad:
 
Кајг,
Хаос сум бе, хаос.
За солење памет на луѓето сум секад тука, ама зашто по ѓаволите не можам да научам да ги применувам сопствените совети? Колку полесен би ми животот така :) Ама не, ја не би била ја ако не искомплицирам толку многу што на крај сама ќе се изгубам у лавиринтот на своите глупости. Чисто колку нешто да се дешава де, да не е досадно :icon_lol:
Одам кафе да си праам. Ќе се дружиме ноќеска ;)
 
Во косата сум ко тин тин. Друго, мене рекет в рака повеќе не, минатиот пат топчето на сала, денеска пониско, в прозорци. Трето ја имам најјаката блуза.
 
i tka kajgi si izminuva uste edna vecer... niss posebno niz gradot.. se isti faci, se isti sranja... nema nisto posebno... utre sum na rodenden i ak e se kak so treba moze ke se izleva u ch. oddamna nemam izlevano u boomerang. aj da se nadevam oti ke bidne se kak so treba..
 
Можеби ќе звучам на несвојствен начин за мене, нешто налик плачипичкарски, но ме боли к... дека ќе звучам.

Биди добар од себе, биди добар за себе, останатите дали ваквото твое дејствување ќе го почитуваат има значење само доколку го гледаме како ,,официјална" награда(потврда) за трудот кој сме го вложиле. Но и без нивната награда се преживува нели?

А се преживува затоа што ја имаме привилегијата да носиме гордо крената глава на рамена која без трошка срам може да се џари во илијадниците фаци на кои ништо погано и малициозно, не им сторила. Глава која нема да го одбегнува погледот на останатите само затоа што под нејзина закрила лежи гнасотија од чоек кој гази преку човечките рамена за да ја постигни зацртаната цел.

Луѓето често пати знаат да заборават на добрите работи и фокусот да го постават на моменталното незадоволство. Ова моментално незадоволство наеднаш добива јачина како ниту една добро-сторена работа претходно, бидејќи едноставно, успева да негира во дел од секундата, се' што било со добра мисла направено. Дали правиме муабет за знаење како да се ценат некои работи кои биле направени за нас, или па човековиот ум е така наштиман да се фокусира на моментална (не)среќа, не е битно, или пак глупавоста тука иди до израз, исто не е битно. Прашања со ,,или или" можам да редам до милион, но дали вреди да ги редам, дали вреди воопшто да трошам мисли и енергија на работи од кои на крај извлекувам еден ебан заклучок кој го земам како моментална вистина, се до наредната прилика кога истиот ќе подлежи на тест и ќе ме склеца како да сум утнал цела теза и претходно испитување/докажување.

За миг помислуваш дека си ја дофатил вистинската мисла, дека тоа е тоа и никако поинаку, и дека во иднина ќе биде подобро. Не бараш мед и млеко, би се задоволил и со чаша вода, само да ја изгасниш жедта која на моменти знае да создава болки во градите, во стомакот, во главата, во целиот ти со секој твој атом постоење. Но кој те прашува пак тебе што бараш? Обично се сведува на тоа што другите можат да ти понудат, а да не можеш самиот да го земеш. Сетне колабираш поради твоето гласно молчење кое единственото искуство со одекнување го има до ушните тапанчиња и назад. Од тука молкот го продолжува своето лутање низ лавиринтите на твојата внатрешност се до започнувањето на својата реинкарнација. Може да се прероди како желба за гласно изѕверување на зборови чие ехо не сакаш да има крај, како трепет кој тешко го контролираш, како мачнина која ти создава гртука во грлото, како мал милион лоши работи кои чиниш со најцврстиот бетон се зафатиле за тебе, неразмислувајќи да се отпуштат и заминат засекогаш.

Животот е борба, така не учеле старите, така велеше и починатиот ми дедо. Ја запамтив реченицата, но ми остана една неостварлива желба. Сакам да го прашам само едно - Дедо, дали живееме за да се бориме или се бориме за да живееме?
Без разлика дали во борбата сме излегле како победници или лузери, сите ние сме дарувани со ист орден, ладна дупка ископана која го чека неподвижното тело за да ја разбие својата осаменост. Таа со сигурност ужива во допирот како ретко претходно. Дури го добива и друштвото на блиските, на сите оние со кои сме делеле храна низ битката. Ќе идат кога се послободни, ќе заминуваат откако ќе им припечи жешкото ни Сонце, се до наредна средба каде ќе оставаат по некое цигаре да чури додека чадот полека исчезнува во нагорнината на кај ведрото небо, ќе турат по некоја голтка ракиче, демек да се напиеме, демек нешто да сетиме, а ние се топиме, стануваме се полесни и полесно, преминувајќи од една во друга состојба.

И тогаш сите не сакаат, и тогаш сме најдобри, и тогаш ретко кој се осмелува да проговори лош збор за нас. Е тогаш постануваме БЕЗГРЕШНИ. Тогаш следува мирот по кој трагаме со денови, месеци, децении, тогаш на никој нема да му смета нашето постоење. Ќе се најде по некоја душа, обично онаа која вистински те сакала и почитувала, да лелека по твоето непостоење, но ќе си голта, горчини ќе си голта, затоа што и фали навиката да пиеш кафе со неа, да јадиш на иста трпеза, да ја разбудиш со ведра насмевка додека успешно си сокрил тмурност под маската на вештачкото.

И така во Аpocalypse now фотоЏурналистот рече за оној кој замина во хоризонизонтала засекогаш- What are they gonna say about him? What are they gonna say? That he was a kind man? That he was a wise man? That he had plans, man? That he had wisdom? Bullshit, man!

Животот тера а ние и понатаму сме лудаците кои со тврдоглавоста, непромисленоста, неверувањето, инаетоштилакот негуваме мото- Ако нема проблеми, создај си ги за да не ти биди досадно. Или Гете чкрапнал-Ништо не се поднесува потешко од низа убави денови.
Се што е создадено, заслужува да биде уништено
Тука се она што го нарекувате мој грев, разурнување, накусо зло, е мој сопствен елемент!
 
Јас пак си помислив којзнае од кога ти немам пишано а тоа да немало ни месец дена. Браво за мене.

Хелоу Драга,

Температурите паднаа, летото си помина и септември си дојде (звучам ко таксист нели?).
Не, озбилно, септември од кога памтам ми бил синоним за обврски, напнатост, стрес и дождливо и тмурно време. А тоа и следува - обврски, документи, уписи, сместувања и тако даље.
Си викам нема многу да се замарам, што ке биде нека биде ама кога ке дојде 5 до 12 ке се видам тогаш. Така си викам оти мрзата опишана тука сеуште трае, и трае, и трае...(n) А не сакам да е така.

Еејјј ДА. Видиш, ке заборавев.За недела дена сум на семинар кај нашиот северен сосед. Очекувам уште првиот ден за време на исполнувањето на неформалните формалности коментар од београЏанките (акцентот намерно на женскиот пол): Јаоо, па ти си дошао из села (Македонија). Тоа е тој комплекс наметнат уште од времето после втората светска војна кога србите на некој начин доминира(ле) дали на работни места, јавни функции, сила или агресивност и биле доста привилегирани. Не им се давам бе, таму ке ја славам независноста на Македонија, ако им смета нека ми се придружат (нема да ги примам!). :свиркам:

Друго Драга, она дошла да ми прави мајнд-гејмс?! Не бе златна, нема да биде како што очекуваш, нема да ти ја пружам таа привилегија па ако сакаш и уште 5 пати истото да го наприваш плус колу-напред и стои на раце. Не оти сум јас нарцис, самобендисан и шовинист ама лошо избран начин да привлечеш внимание и низа прашања на твоја сметка од моја страна! ;) Во некои подобри времиња може, сега-засега функцијата тежи кон невозможност.

Сега ке се одјавам тука ама тоа ке биде пропратено со едно прашање до тебе: Има надеж за Македонија? :(

Чао.
 
kajgi, bi sakal da mu priznaam na turvior deka ima napisano odlicna kniga... ja nemam procitano cela seuste ama tuka do deka sum stignan za knigata mozam da kazam deka e top... kniga napisana so mn emocii i cuvstva... sekoja cest brat...
 
Драга...јас не знам што со себе.
Не знам што со моето срце.
Кажи ми Драга, што е вистинска љубов? Каква е таа?
Имам човек што многу ме сака, не се откажува од мене по ниедна цена, а јас, јас Драга моја се лупам и трескам од земја, и барам одговор на тоа што сака моето срце...
Дали треба да ми се тресат колената кога ќе го видам и по 10 години? Или само душата да ми се смири?
Ме болат неговите солзи, и ми значи... ме болат и моите, и не знаењето ме убива...
Тој ме смее Драга, само тој...а обично јас ги смеам сите...Тој не се смее на моите шеги, ама се смее кога се смеам и јас...
Прозбори ми Драга...нека ми прозборат сите јајца во кајганава...
 
Ужас и паника во Меланходонија

СкоТје, 31 август.
Уште од раните утрински часови илјадници луѓе се собраа по плоштадите во поголемите градови на оваа мала на карта, но голема во срцето и душата (и други метафизички органи) - земја.
Верските недоразбирања во ОтспијСи се заборавени, високата преневработеност во државниот сектор, Комисијата за сценарија во Небранието се веќе заборавено минато, а зелничката нетрпеливост меѓу Јабланците и Меланходонците во втор, трет и така натаму план.
Утрово сите жители на оваа, како што рековме, мала на карта, но голема во сеирот - земја, здружено лееја солзи за отсуството на Клим Прекардашијан од секојдневните вести на локалните медиуми.
Под обвинене на јавноста за мензура се најдоа Јаститој Таатоа и Ниевие Тие, носители на високи функции во меланходонското Небрание.
Со повеќе новости, со невестите во неколку часот.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom