Драга,
Ај ем бек.
Како што кажав, така се излезе. Што сум кажала, тоа сама си знаеш.
Имам прилично добра меморија, памтам се што сум зборела со некој, ги памтам родендените на тие со кои учев во основно, знам колку пара чорапи иам и во што боја, колку ми се дома, колку во Ск. Освен мојот, ги знам матичните на уште 4-5 души, а некои не си го знаат и својот. Не памтам имиња воопшто, е само тоа. Али ако скенирам некоја фаца, скенирана си е.
Е сега, проблемот е што не ми текнува од каде го знам девојчето од денес. Значи, знам дека ја знам од негде, и тоа што толку ми привлече внимание стварно ме чуди. Али поим немам каде сум ја видела, а веројатно уште побитно со кого.
Еее, тоа ме измачува.
Кога гледам некогаш со какви непотребни информации си го замарам мозокот, наместо да си легнам да си се наспијам ко човек или бар да се замарам за нешто пологично, ми иде да се самошамарам.
Али ќе ми текне.
