Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Д.
кој ли беше тој човек што мајка ми така изреагира?
одеднаш по улица кај нас застана кола и од неа излезе човек ќелав, со плави очи, облечен во полициска униформа.
мајка ми кога го виде рече тивко: Ајдеееее (како у стилот демек уште ти ни фалиш), и мене ми вика застани пред мене, сокриј ме. ја целиот збунет се вртам да видам за кого вика и го гледам него. и викам кој е овој, а таа ми вика НИКОЈ и женава буквално поцрвене.
тој си влезе кај комшијата ама одма излезе на улица зборувајќи на мобилен. мама немаше време да појде дома за тоа време па мораше тука да остане терајќи ме мене да сум ја сокривал да не ја видел.
јас нормално дека бев упорен да каже кој е тој човек, а таа само ми се поднасмевна и пак ми рече НИКОЈ. па кога е никој, јас и викам дека ќе го викнам тато да излезе или да ми каже.
а таа само рече: Не се глупирај, ќе направиш проблем, немој ни случајно татко ти да си го викнал.......пак се поднасмевна, цела поцрвенета.......
во истиот тој момент од дома излегува татко ми, а човекот влегува в кола и заминува (како на филм).
кој беше тој проклет човек????
a оној поглед мајка ми што ми го упати, кога ме замоли да не го викам тато, почувстував нешто глупаво и чудно во мене. како да крие нешто. како да лаже.
ја си претпоставувам дека и бил дечко пред да се запозне со тато, ама што толку драматизираше само не можам да сфатам. :tapp:
беља работа се стариве............
 
Ако одите на плоштад во Скопје, ќе видите голема бела ограда за нешто што ќе се гради. На делот од оградата накај Вардар, се наоѓаат голем број на напишани зборови со маркер, кои на прв поглед изгледаат на секакви глупости. Но по некое време, повторно ќе немаат логика.
Тоа е дело на големиот Деда Ное (постарите членови ќе го памтат) кој мистериозни ги испишал неговите теории на белиот градежен ѕид, објаснувајќи да објасни нешто, но никој не го сфаќа....
 
Se kaam mnogu sho ne otidov na Snoopy na Exit. I sto nema da idam na Prodigy.

:(
 
Ех ја кога си возев точак...колку пати само ме наврнало и жива вода ме направило.. исто сам далеку од градов... али никој по мене не пратил ниту една а камоли три коли :(
 
Драга, се решив да ти пишам. Не од што не сакав до сега, не од што немам време, не од што не поминувам време кај тебе, туку од мрза Драга.

Не знам на што се должи овој ментален и физички преокрет последниве две недели. Две недели откако завршив со учење, полагање и факултетски обврски и наместо да живнам сега, да излегувам, да спортувам, да се раздвижам, јас лежам по цел ден, чмаам по социјалниве мрежи и на едно кафе дали ке излезам и толку. Претходно ај што учев и бев зафатен цело време, и за тенис наоѓав време (муабетов е да се пофалам дека играм тенис (y)) а сега? Сега легни, стани, јади, седни на пц, легни, стани, седни на пц, јади и се така во круг. Ваква мрза дефинитивно не памтам дека ме фатила во мојов малце повеќе од дводецениски живот. Црногорците не ми се рамни. А цело време те дружам и те читам, ама ме мрзи да пишувам. Прееска додека стоев (поточно лежев) во препознатливата мрзлива положба се решив кога ке станам ке ти напишам нешто и еве си ја извршувам задачата дадена од западната хемисфера на малиот мозок (тропам глупости). :)
Положбата:
tv-laptop1.jpg

Буквално. Само место кафе имав кока кола али коа ке се земе во предвид дека двете имаат кофеин испаѓа буквално исто (освен чорапите и тренерките!). Од толку лежење осеќам дека сум дигнал некое килце ама да ти кажам ич не ми е гајле. :)

Друга работа Д. што сакам да ти ја кажам е дека во овие две недели многу ми недостигаше книгата и пред два-три дена се решив да читам книга па до прееска ја завршив. Браво за мене. Маратонот наречен “мрза“ во последниве денови почна да губи од неговиот интензитет. Трипати УРА: УРА УРА УРА!!!

Трета работа Драга, почна веќе да ме фаќа и нервоза oд секојдневиево. Се мислам кој граничен премин да го фаќам, не се издржува (досадно е,не за друго). Ке се “изборам“ за печат во пасош.

Четврта работа.......заборавив веќе а планирав уште нешто. Ако ми текне во скоро ке едитирам, не дека е битно ама ај колку да се рече.

Петта работа: Се одјавувам.
 
Драга бе,

Пред месец дена на автобуска станица чекам автобус и еден дедо седи на клупа, пиев вода и ме праша каде има продавница да купи, се враќал од бања, му викам -Далеку е, земи од мојава напиј се. Дедето се напи вода и седиме така на клупа и почнавме муабет да правиме, дали работам, кај идам и слично.
И така дедево одеднаш почна да ми го раскажува мојот живот, ја пер запрепастен, ама не е една работа да погоди случајност, демек игра на веројатност туку повеќе. Незнаеш тлее нешто у мене да го ебам, уште го враќам филмот назад.

Онај Форест вика дека сум имал контакт со ванземјанец, или ти човек од друга планета. :icon_lol: Дал човекот има јака интуиција, јебеш ли га...

Нејсе, истрчав 5 километри, испуцав нервоза, вчера идела некоја колешка на кева на работа и ме видела на кеј кај скокам, се тегнам на шипки и после то и зборела, као се е во ред со син ти, чудно се понашаше сабајлево. Луѓе бе, тоа ми е терапија боље од ксанакс ми е. :icon_lol:

Ќе заборавев, пак му се вратив на онај Ниче и то случајно, другарка ми ја врати книгава вика не го можам, мекушци бе.


Ја на ти песна, да слушаш и да леташ, мене ме вози 5ти ден. Ехх бре, од кај знаеше толку работи човекот...
 
Анксиозноста е оправдана. Артемис се надмина себеси. Во изминативе 24 часа јадеше повеќе од пет пати и сака уште. Обилни оброци! Месце!
Никогаш повеќе нема да заспијам додека копилето ми живее во станот. Никогаш!
 
Treba da se smeni malce nesho.. Pa aj da smenam frizura denes . :cool::icon_mrgr:
Inache toa e sho da se kaze drugo, kreten najgolem, namesto u maj da si zemev karta da idam u Srbija so drushtvo od 20 dushi, ja misirkotina skapana. Inache u nedela mi e rodenden i ne znam dali da praam golema zapivka ili ne...


:cool:
 
Еи Омлету, данас си нешто веома мушка, да не си плакала
избриши си ги бркови, мокри су ти
Негоооо седињаф куде мене на кафе двоица рамазанци
Цура ги прашу здрао што ке пиете..
Па ја посту дајму за он што ке пие
Па и ја постим бе што ке пиеш ти
Ееее како смо седнале на кафе а и двоицата постимо : )

Фтора случка тудеј
Проваѓа девојче што работи у италијанску фирму за коже за чижме и прашују гу ја
Еи а ти разбираш ли се од коже и тија стфари... ?
Дада кажи што е работа
Зшто ми искачаф бубуљице по руке ? : )
Поздраф Нездраф Драа Кајгано
Шалу се бш си крејзидундеста днска, цура ипол
 
Heeeeeeeyz

1 година стаж
реновирав дома

си купив кола и тоа е тоа
Да им ги видеше лицата на домашниве коа го видоа количето, за тие моменти вреди да се живее и работи.
Е сеа уште да завршам со факсот и ќе ја пишам оваа година ко една од најуспешните !

Ми остана само уште една желба а тоа е да идам на Сан Сиро ама ќе биде и тоа :D



лади44444444444:ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO::ROFLMAO:
 
Драга,

Абе нешто чудно ми светна прееска.
Си имам едно мало, тенко, црно стегаче за коса, кое не знам веќе колку време го носам (повеќе од 2 год секако). Не дека ми треба секогаш, али ми дава некое чудно, глупаво, необјасниво чувство на стабилност, безбедност кога ми е на рака. Знам, имам некоја луда жичка. :confused:
Го немав извадено скоро никогаш, ко дел од мене си е.
И го загубив некаде во декември. Мислам оти цела куќа ја превртев, не го најдов. После тоа, некако мистериозно се појави февруари или март.
Е сега, кога ќе ми текне кои глупости ми се исподешаваа во меѓувреме, а ич не беа малце, се ми се насобра, а после појавувањето пак некако се си се врати во нормала ... Мислам оти сум се мрднала. :D
Како и да е, не знам уште колку ќе издржи ова пред да се сокине. Ќе треба да му најдам соодветна замена.

Друго. Вчера беше ептеееееен зафатен ден, мускулите ме болат. Не мрдам денес никаде, секој е добредојден на тераса да ме дружи, оти јас не можам подалеку да мрднам. :(
Конечно ја убедив мама дека тој карминот не и одговара. Бојата мислам оти треба да се забрани за производство.
Утре почнувам со гледање на нова серија, која би требало да е многу интересна. Ќе видиме.

Кога гледам како си го тепам времето, кое сега го имам на претек, не знам дали сум ептен креативна со наоѓање занимации или жичките ми се погрешно споени. :D
Како и да е, убаво ми е. (y)
 
Кајгано,
го јадеше Љубе јако, пола живот по затвори и триста пичке си материне ќе го помине. А можеше да си биде џек и да си го гледа семејството.
Џабе беше министер, коа е глуп!
 
Драга Кајгана,
Каков прекрасен ден, но како и секогаш, така и денес морам да го искоментирам времево. Времево е прекрасно, но да беше поладно уште повеќе ќе беше убаво :)

Освен тоа се чувствувам пресреќно, бидејќи сета онаа енергија која јаимам во себе и треба да ја потрошам ќе почнам да ја трошам со тоа што ќе се занимавам со физичка активност, ем ќе се чувствувам поудобно, ем подобар ќе биде мојот физички изглед, а не само да лежам и да се дебелеам, иако не сум дебел :)

Како и секогаш така и денес ме зарази една песна, денес се заразив и сега неколку дена ќе бидам заразен со песнава... ова е таа песна, кај која посебно спотот и музиката ми се свиѓаат
http://www.youtube.com/watch?v=b4p5fW054Vk&feature=youtube_gdata_player

Едвај чекам да одам на одмор и да си поминам прекрасно, ем со друштво, ем со природата, но како и да е без тебе драга Кајгано јас неможам :)
 
Најдрага К.

Се сеќаваш ли пред некој ден кога ти пишав дека не сакам да се враќам на минатото?
Коолку и да бегам, тоа упорно е со мене.
Не ме остава.
Вчера, излегов со најблиските... се вртам тој зад мене.
На место на кое што не излегува никој. Малку подалеку од градот...
Ќе почнам да мислам дека GPS ми има уградено.
Сакам да го заборавам. Сакам да си простам што слепо му верував...
Но не можам.
Не можам да живеам мислејќи дека го мразам што ми погрешил. Сакам и на него да му простам. Стоиме еден до друг, неговите пријателки ми се смешкаат, ја чувстувам неговата топлина. Нервозен е и се повеќе ми се доближува, сака да се сврти и да ме здроби во прегратките... И јас сакав да го прегрнам, да не го пуштам, да плачам.
Очите да си ги исплачам.
Отчукувањата на нашите срца да бидат едно.
Си помислив, ќе биде ли добро ако му пишам порака да се видиме, да разговараме само. Да го прашам зошто ме повреди...
Да најдам само една причина зошто да му простам, а тоа да не е затоа што ми значи. Затоа што очајно ми треба.
Затоа што ми фалат оние разговори додека не заспиеме на телефон. И прошетките покрај река. И заедничките излегувања.
Затоа што на врз сите тие рушевини, јас треба да градам нов живот.
Живот без него...
--- надополнето: 12 јули 2013 во 15:08 ---
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom