Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга кајганче, ми го земаш сонот активно веќе недела дена. И си реков шо ќе се навлекувам на дрога, дај да се навлечам на тебе поарно. И си направив профил. Не ми мавај уште одма корпа, прво запознај ме.:icon_lol:

Мала шала. Доста е за почеток, да не малтретирам многу.
 
Кајги,
Многу криво ми е што не излегов вград со другарките. Зашто ништо арно не видов дома што останав. Само што се изнервирав од постапките на некои личности. Вакво нешто не очекував од нив.
 
Шо е толку чудно ако во петок навечер излезиш по патики?

Поарно така да кулирам отколку оние со 15 штикла со газо наназад а глата долу.
Bitches,:гомце:
 
Драга,

Одвај чекам да завршам со испитиве и да си идам више дома,да изиграме 2-3 саати баскетче со другарите па да седнеме мераклиски кај некој на тераса,да потпивнуваме ракија уз мезе.. Не сум носталгичен тип до толку али поише него икад ми фалат моите и друштвото знаеш полесно е кога некој ќе ти каже дека се ќе помине и ќе те удри по грб.

Ај доста беше,ќе се чуеме деновиве.
Пријатно
 
Драга,
Денов беше напорен, ама прекрасен. Ми дипломира најдрагите колеги и се надевам дека во најскоро време ќе си најдат работа.
И се изнаиграв и изнапеав! Еве сега малце ми засипнат гласот. :)
Иначе не чиниме како народ, уште помалце па како публика... Ме гледаа со чудни погледи оти играв и пеев на бенд кој на најголем дел од нив им беше непознат... Ај ова не е толку страшно, страшното е што се како статуи. Ако не ги знаеш песните, не те бива за играње, не шкоди да дадеш аплауз. А и не боли.
Еве ти малце и ти поденсај :)
Ајт идам ја у хоризонтала.
Мња.
 
Драга готов бев да му бапнам една на Вујко ми прееска...
Ме носи у дискотека божем да ме прошета овде гостин сум ова она, и ми вика што ќе се напиеш земи што сакаш ја частам.. Ја си викам ај нека биде некој коктел по твоја желба.. И ми вика а бе па ти коктел земи си кока кола :facepalm:...
 
Драга Кајгана,
Какво прекрасно утро, се чувствувам среќно и свежо. Тоа е така како резултат на заладеното свежо утро и ладното кафе.
Освен тоа цела недела ми помина некако пасивно, а денес е викенд што значи со една добра прошетка, т.е. пешачење во природа целата таа енергија ќе ја потрошам и повторно ќе се чувствувам активно :vozbud:
Се надевам дека убаво ќе ми пројде денот :)
 
Тури му пепел. -Реченица која се искажува после откажување од долготраен процес. Само кај мене тој процес трае 7 години. Нема веќе никакви емоции, нема никакви разврати, се е една линија која се издигнува до 3 милиметри во вертикала, и тоа максимум. Ех, и кога таа кулминација беше достигната, кога мислев дека ќе бидам најсреќниот човек во млечниот пат, кога веќе немав потреба од безнадежни воздишки полни со скриена болка, се случи тоа од што највеќе се плашев. Толку си блиску, а толку далеку. Неможам веќе ни долг текст да напишам, се е тоа судбина, како било пишано-така. Немам веќе ни способност, ни грам надеж.

И да,
Блескај мој Дијаманту, Блескај.
 
Ете да си посакам добредојде назад Веселинова. Како гост пратев што се се зборува за мене па дојдов до заклучок дека без мене ич не ви е интересно. Доколку ме блокираат пак без особена причина имате право да се буните да ме вратат. Како што гледате не отворив теми и не се замарам со глупости. Една голема новина за сите кои ме подржуваат и сакаат од ноември се враќам во Македонија и можете да ме запознаете лично и се уверите дека не сум такво страшило какво што ме претставуваат некои застапници на кајгана форумов. Многу ми недостига македонија и затоа се враќам засекогаш. :-) поздрав до сите. :-) ваша Веселинова
 
Кајганче!
После 12 саата спиење и излежавање во кревет, конечно мислам дека почнав да се освестувам. Толку немирно сум спиела, што се разбудив на другата страна од креветот ( нормално фротирката, чаршавот и перницата на под). Додека стоев покрај шпорет правејќи си кафе, мама ми дојде и почна чорапи да ми облака :icon_lol:. Ја прашав зошто побогу ми ги облака, ми возврати со "ладно е" а јас само се насмеав и и' реков "мислиш тебе ти е ладно" , по што следеше кикотење од нејзина страна :))). Сеа не смеам да ги соблечам колку и да ми е топло, ќе почне да ме следи низ цел стан обидувајќи се да ме "стопли" :icon_lol:.
Друго, вчера се урна митот дека сум најзборливата особа и дека никој не може да ме запре додека дрндам :LOL:. Се уште сметам дека добро е да си зборлив, многу подобро од тоа да ќутиш и да изиграваш статуа, а доколку некој сака да те затне има многу покреативни начини од "многу збориш". Ме испогушкаа, некои затоа што им се гушкаше, некои затоа што беа смрзнати ( им го заменував парното од дома затоа што ширам топлина ) али битно осетив многу љубов :X3:. И да, уште ми се гушка :giggle:.
Повели песниче, што мене топ ми иде уз кафево и Цедевитката :
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom