Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
по не знам кој пат со стрелка ја мавав мувата во потпис на Зајче. Oh kill me!
Гледам Parks and Recreation веќе неколку часа и на секоја пауза си ја пуштам песнава
И тоа. Сеуште е досадно. И вруќо.

p.s.
tumblr_morkl4SnS51rvllqgo1_500.gif
 
Драга, ѝ ги видев. Ѝ ги видев драга, на сон, драга. Пресреќен сум.
 
Кајги изедов кило патчиџани. Во секој момент може да ми застане срцето. :-D
Посебен поздрав до бабичката на влезот од пазарот што ги продава највкусните и најрозевите патлиџани.
 
Драга Кајгана, конечно долу во Слики по случаен избор се појави ДРУГА девојка од албумите на Анон, симпатична русокоса, за при крај на смена добра промена, само продолжи така ;)
 
Дк,
Денес си се пострижив, оти повеќе не се издржува со поголема коса на жештиниве.
Шубо ми е!
Yeaaah.
:LOL:


Поубо не можи да биди, ВРНИИИИИИИИИИИИИИИИИИИ !!
 
Драга Кајгана,

Кај и да си, во Кушадаси да си :)

Моментот кога продавачите ти викаат добар ден, повелете, е прајслес :)

Инаку еве со моето чоколатце, Карен кркаме лахмаџун со ајран, гледаме колона како иде на сунет, и дремеме на нет под сенка, животот е убав :)

Вчера си купив неколку чоколади лакта од Атина, додуша ги купив сите лакта чоколади што ги имаа во трафиката, требаше и мини лактите да ги купам :)))

Утре на Миконос, и така, тежок живот морнарски :) На Карен ептен и се бендисува Европа, сака снаа да се стори тука.

Повеќе инфо за некои месец дена :)))
 
Драга Кајгана,
Денов ми започна катастрофално, се надевам дека ќе се подобри.. се е од ова горештиниве, на човек да му се слоши, се надевам дека ќе заврне и ќе залади :)
 
Кајганче
Понекогаш се хејтам што имам закаснети емоции :cautious:. Се испративме со Сирсе, 4ипол саата летнаа како две секунди, скоро сите почнаа да цмиздрат а јас останав на mute. Синоќа почна малку тужно да ми станува, потсетувајќи се на некои моменти, ми се пушташе и солза али џабе, како оперирана да сум од искажување чуства.
Се' си собирам внатре, си се таложи и си тлее. Дури и моментите на распрскување станаа реткост. Hey, maybe it's a good thing, who knows.
Нешто што највеќе не поднесувам е неодлучноста кај луѓево. Толку ли е тешко да се одлучи дали ќе е црно или бело? Мора ли секогаш да ги има тие пропратни компликации и тегавења за се' и сешто? Или можеби тоа е интересниот дел кој јас никако не можам да го разберам? Ако знаеш што сакаш, што бараш, go for it. Предолгото чекање и пребирањето се само беспотребно губење време и нерви кои на крајот ќе направат да останеш со празни раце.
П.С. Неверојатно ми е колку исти размислувања имам со една личност. Смешното е што кога ме разубедува, ги изговара истите зборови кои мене ми одsвонуваат во глава а јас ги игнорирам :). Муабетот дека успешно влијаам со моите совети врз другите, a кога станува збор за самата врз себе не е така, мислам дека ќе пропадне во вода наскоро заради пишаното погоре :icon_lol:.

Со песнава сум максимално заразена деновиве, ме гаѓа у срж:
 
Аман бе Кајги, луѓево почнаа слики од одмори да ставаат, а ја уште полагам. Не дека кога ќе заврши сесија ќе одам негде (како што кажа членот погоре, на новчаникот не му се патува годинава (n) ), ама убаво е бар да се знае дека немаш обврски.
Поздрав и имај убав ден :)
 
Д.К.
Ми удрија бан на корисничка поддршка ни фаул ни ништо :D
 
Драга Кајгана,
Времево е премногу пасивно и невероватно ми се спие.. се надевам дека ќе си најдам некоја занимација која ќе ме размрда за да помине оваа пасивност :)
 
Драга кајгано.

Се секаваш на пејачот Сашо Спасовски?Имаше една песна...Не ги гаси свеките.
А посебно еден дел:Ех да имам срека да ме разбудиш ти...Го посакав тоа...и ми се исполни тоа.
Зар има поубаво од тоа саканата личност да те разбуди и да ти каже дека помислил на тебе најпрвин кога се разбудил? :love:
Ми го разубави денот...А и претходната вечер исто така...
Денов одличен...Се видов повторно со една другарка...Се тркалавме на земја од смеење од синокешната вечер. :pos:
Ех имам одлепено друштво,и не само таа туку и останатите се посебни...Ми го прават животот посебен...Убав,срекен...
Сега се засладувам со сладолед од лешник и јагода,ги слушам песните кои ме потсетуваат на него...и како шлаг...Кока кола...Мојот омилен пијалак.
Ај така...


Колку ми значиииииииииииииии :pipi:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom