Епа мајне либе, коа не ја бива, не ја бива.......
Не знам што треба да напраам у животов да излезам од некои сплетки.....луѓе што ги барам не можам да ги најдам, ко земја да ги прогутала, а оние што ги избегаам у фрижидер ги наоѓам.....кој ги е** и едните и другите уствари, не е битно.......недоразбирање со домашни - ме теши единствено што гледам дека сите ги имаат, кој помалку кој повеќе, инаку крај нема...
Небитна работа она.....нозеве уште ми се крвои од тоа гранките, копривите...мускуливе ги осеќам до последно влакно, ама уште сум шашардисан од Кораб наш убав, пун снег, лијат води, зујат муви, бои психоделични, што на небо, што на земја, скоро секогаш е така....веројатно, море сигурно и Господ (ок, агностички - архитектот на тој ансамбл) има добри и лоши денови, ама кога работел таму бил супер-инспириран, му бил денот......мене, не ми е месецов.....годинава.....
Ок, нормално, неколку „безвезни“ дешавки.....лизгање, паѓање, реки, води, мразови....места кај што ти треба фул концентрација или ќе те вратат дома со хелихоптер у вреќа......само колку да се потсетиш колку небитен елемент си во целава космичка прича, мравка, толку лесно ранлива, а колку па спроти тоа си мислиш дека си центар на свет (или некои луѓе тоа си го мислат)....не дека си мислам дека сум напраил некој атлетски подвиг, ама па и кривење кичма пред лаптоп и кљафтање на стари причи по кафиња и не е нешто спектакуларно.....глеам да им дадам филозофска тежина на работиве што е или знак дека е ептен монотоно или сум остарел или пак си наоѓам изговори за некаква не-залудност на маките.....
Ништо не кажав по дома, пошо на волеј ме дочекаа со идиотизми околу мојата себичност, не мислење на „побитни“ работи и сличен булшит, па не ме мрзеше да пишувам за „одлогирањево“ од фабричкава трака наречена живот во Скопје (па која патетика Скопје и фабрика у една реченица), може и претерав......и сега back to the drawing board....ете мал извадок од амбиентот.....