Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Ее кајг, незнам, ми текна да го накренам шишето ракија што ми остнало и да гледам филм... сам... Излегов од собата, се завртев низ пенџерата видов тие светла, како да паднала магла, како зимата, пред 6-7 месеци... но тогаш бев друг човек... се сетив на сите тие работи и сфатив дека живеам во минатото и можда сегашноста, живеев и во иднина, неколку дена, некои идеи кои би ги правел, развивал работел. Ех моменти и само моменти, сепак живеам во минатото. А иднината, уф, дали ќе има иднина? за мене? ... aww fuck it, не вреди веќе, : „покажи им кој си, ќе видат дека си прекрасна личност“... да да им покажав, и бегаат од мене... од тоа што сум таа ебана прекрасна личност. Даа да и уште изигравам кловн, the man of the party, човекот кој се смее. Да се надоврзам на делот со филмот, го гледав Blow, и накусо се ми стана јасно, буквално, trust nobody. Затоа, ете, никој нема да го види ова што ми се случува. Утре е нов ден, од сабајле ново лице и нова насмевка и сите проблеми решени... или не...
 
Драга,
Путин пропагира здраво општество со традиционални и морални кодекси, а втор пат се разведува.

(Путин и официјално вчера објави дека по 30 години се разведува со сопругата и е сингл. Со ова тој стана еден од најмоќните ергени (по втор пат) на планетава. Еве го најновиот ерген на "пазарот" во различни животни ситуации.)

Дали сметаш дека од лицемерие нема погрозно нешто?
 
DSC01335.JPG


Драга и мила,
вукојебината ме вика (или гамадов ме брка)....ако успеам секој викенд во месецов да го врзам надвор од Скопјево ќе го сметам тоа за успех....
Утре рано во зори, одам овде и не ме занима ништо.....како ли од ваква природа, се испороди такво ѓубре од народ!?.....100км одење е упм, ама вреди секој милиметар....за тишината, за потоците, за воздухот, за ракијата на крај...

I'll bid you farewell but I'll be back...

 
ДК
Зошто кога најмалку треба да се изглупирам јас заебувам....сношти ја заебав работата многу е сега да ја молам да ми дава втора шанса.
 
Драга... песнава ме наврати на еден многу убав период во кој бев многу среќна :) Песнава ми прави да чувствувам "пеперутки" во стомакот :P :))

 
Во исчекување на страшен меч... Vamos!
 
Драга ...

народ со испран мозок. Греота се, жал ми е да ги гледам
 
кајги незнам ни шо да ти се пожалам ни да ти се пофалам веќе, онака тепам време, треба да соберам малку храброст и да се отарасам од проблемо, еве понеделник ќе закажам, па шо сака нека биди.
 
http://tocka.com.mk/1/97123/kazna-siluvac-od-bolivija-ziv-zakopan-so-negovata-zrtva

од една стара убаво му направиле, од друга страна пак жената не ќе може да почива во мир кога покрај неа е убиецот :unsure:

и тоа драга, само глупости читам низ интернетов.........ништо паметно........
 
Самиот сум си крив што очекувам премногу... а после тоа се разочарувам...
 
Драга кајганче од кога ти немам пишано :D Одамна ...

Инаку веќе ми се дига косава од ова моабетиве на фб :cautious: тоа па тоа па тоа па тоа па тоа па тоа па тоа x300 па тоа (n)

Луѓево се заробиле дома и не мрдаат од своите компјутери и ако мрднат тоа е само на кафе ... :facepalm: монотонија брате :tapp:

Друга работа едвај чекам одморот да ми дојде да одморам и јас од работава да киднам со планот и личностите кои се во планот. да ја почуствувам природата тишината, чистиот воздух, мирот и тн. А до тогаш може само да тркнам со точак до водно :( ама ни пак тоа нема времево се некако се менува во денот 4 годишни времиња ќе смени :facepalm: а и настинат сум малце па така да не ми одговара да возам на променливо време ...

И така драга Кајганче ајде после ќе ти навратам пак :D
 
Драга,

Дебелкото со шорцот пак го тепаше Србинов. (n)
Не дека јас сум му наклонета на Србинов (ич), али пак овој со шорцот ко појава не можам да го сварам, не знам, ко некое дебилче ми е. Убав бил. Виц! :pos:

Вчера несакајќи си избришав фолдер со слики кои цела недела ги сејвував. Не ни приметив кога го делитнав. Сега пак наново ...

Фатив 9ка од најомразениот професор на факултетов, кој да го разбере и него, си вадеше оценки од ракав, али мене овојпат ми се погоди. :D
И оттогаш не учам ништо, еве, цела недела помина.
Грижа на совест ме јаде, треба за друг да учам. Ај од попосле. И вчера и некни беше од попосле, ќе видиме денеска дали ќе се деси тоа попосле ... :unsure:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: MIL
Драга Кајгана,

Сакам да го издадам следното одобрение...

Секој член на кајгана има право да му удри клоца на секој оној кој ќе ги искористи одвратните "зборови" секад, никад и ондак.

Оние кои ги користатат овие бљувотини се виновни за силување на македонскиот јазик, и не заслужуваат ништо друго освен клоца и презир.

Важноста на ова одобрение стапува на сила од овој момент.
 
Еј да си признам ДРУГАР, денес бев на гости,и тоа како гостин,
да како гостин прв пат-сефте, те изневерив ли со тоа незнам,
отодов да буричкам како гостин по форумите во Точка и Иди види.
Ситна риба се тие за тебе ДРУГАР, зелена боранија што се вели.
По 1-2 присатни уклучени во живо членови море ај најповеќе 3-4.
Што се лутиш сега нешто, не ми зборуваш.... а не сум смеел, опа
СЕГА ЌЕ ГО ЈАДАМ БАН ДВЕ НЕДЕЛИ
поради недициплина и одалечување од раб.место и прекршување на заклетвата и т.н.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom