Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Од некоја причина, се нeкако мистериозно ми исчезнува репликата во нашата тема, и знам дека како модератор на историја си толерантен човек и нема да ти смета ако и тука го оставам истото за да дискутираме.

...
Антоние, апсолутно нема причина зошто не би дискутирале, арно ама мислам дека ти е јасно дека овде не е местото за тоа.
Ги разбирам и колегите модератори на Свет зошто би забраниле таква дискусија на темата каде ти реплицирав, едноставно зашто темата не е за тоа (како што не е ни за бугарските фрустрации со коишто се загадуваат повеќето од темите).

Затоа и во мојата реплика ти поставив линк од една тема што е на подфорумот за Историја, за ако ништо друго барем да ги прегледаш нејзините страници и да видиш дека ете на пример и Прличев, и Миладинов, и Пулевски, и многу други немале проблем туку напротив го славеле нашето македонско античко наследство.
Секој што е способен да се апстрахира од моменталната политичка состојба па трезвено и непристрасно да погледне во историските сведоштва и документи веднаш ќе му стане јасно дека антиката секогаш си била присутна во свеста на народот.

Ти ја разбирам поентата, ама тоа што некој денеска мисли дека може да тресе глупости ни под разно не може да ги избрише мошне јасните сведоштва од нашата историја од предходно. И тоа воопшто не е некаква македонска ексклузива. Погледни го на пример видеото што ми е во потписот да видиш за што зборувам. Или ова:
Ама ајде да не навлегувам во дискусија зашто стварно овде не е местото за тоа.

Ако сметаш дека имаш соодветни аргументи за дискусијата да продолжи од историски аспект на некоја од веќе постоечките теми или да отвориш нова тема на подфорумот за Историја (има многу такви и на другите подфоруми каде на долго и на широко се дискутирани работиве што ги потегнуваш) тогаш повели.
 
Кајги , гугл транслејт , озбилен ( глуп )е или ме трола?
 
Д.
смрзнав еј!!!
носот почна да ми тече, кивам по 50 пати одеднаш, нек си ебе матер се.
ова е нешто алергија знам ама ај, ако.
 
Ти текнува дека од мал со братучед ми слушав активно музика? Од касети до цедиња. И дека тој беше колекционер на касети?!
Пред некој час дојде братучеда ми т.е сестра му и ги остави сите негови касети и снимени дискови бидејќи сметала дека јас можам и треба да ги користам.
Ми преостанува само да се навраќам преку истите на некои добри спомени. Од една страна знам дека ќе се почувствувам барем за моменти поблиску, но од друга страшно ја мразам таа фиктивна блискотија..........................ах бе....ах!!!
 
Кајги, деновиве се осеќам некако шампионски...причината ја знаеш нели? :drk:
 
тапа ти се овие постариве членови шо си земаат за право да се понашаат како форумот да е нивни :tapp:
 
Драга нешто не ми се спие..
Нека предложи некој филм, можи комедија..

Демек ќе учев...
 
Passed down to you..

Spammers consider yourself lucky тоа шо администраторите ве банираат на перманентно, сепак ви даваат шанса животот да ви има повеќе смисол. Е сеа што не сфаќате...
Иначе арен. Се подготвувам за теретана од 1ви, првично ради кондиција, ја запоставив. Второ, некако мирно и сонливо ги поминувам деновиве, типично за за секој мај, Ко шо Крејзи има специфичен месец, така и јас. Не дека го хејтам. Едноставно без-многу-идеен е. За разлика од Април кој е milestone за сивите клетки. Шта чеш...
И патем Get lucky ми е нешо најпедерско што го има избацено музичката естрада. Покрај последниве 2 албуми од Maroon 5. Посебно џегерот.

So says Saladin.
P.S.

Швалерка.jpg

Изволи плакни очи.

I do fancy her.
 

Конечно после долга пауза ново видео ... го направив конечно :love: само штета немам кому да го посветам :D кајганче ... :(

Викаш ќе биде или нема да бидЕ? а што ќе биде? ниту јас знам ниту ти што ќе биде и како ќе биде и кога ќе биде ... :icon_mrgr:

Него кајганче да одам јас да нанам? што викаш ? да? па ќе одам морам да одморам малце и јас ... инаку кајганче се гледаме утре пак ќе те замарам :pos: а ти мене вака :tapp:

:D види сега цел моабети си направив со тебе ајт дај ми клоца да одам да нанам ајт ... :rolleyes: т.е не чекај кога ќе ме видиш мене вака правиш ?

retard1.gif

Леле не сум нормален хаха си правам моабет во 12 ипол саат со форум ајдее забегав :pos: па добро ... не сум единствен :ROFLMAO:

988285_181061695390901_451967364_n.jpg
 
ДК,

Велат: депресијата е знак дека си бил премногу силен премногу долго.

Ова е поблага форма: кога на ликот во огледалото му ги забележувам недостатоците и слабостите.

Благодарам на укажувањето? Сега треба да ги надминам. Или да научам да живеам со нив.

Добра ноќ.
 
Ќе се реши човек конечно сам да ја направи лабораториската вежба дома... Потребно: 1 терабајт рам, Виндоус 9, 128 битен...Ме убија у обид. :tapp:
 
Така, вчера се прошетав низ болница... ми кажаа дека ми треба уште некое евро and I can fight Death barehanded, the chances that I win are small, but Death is winning anyways, now or in a few years... sooo... why not fight?
 
Добар ден ма,

Значи роден сељак си останува сељак за вечни векови. Ќе ти кажам зашо...

Оваа сабајле брат ми ми ставил стари слики и стари видеа од едно друго време коа сме биле помлади, посмотани и позелени. Одма се врнах назад у времето.
Јас оти сам ентузијаст за трактори, там има три видеа снимани како возам трактор после направени модификации по каросеријата.... И од денешна перспектива си ги гледам и си се ќефам самио на себе...Зашо? Еми од ќеф трактор да возам....

И се мислам дали да го турам на фејсбук едното видео или да не го турам... Ти шо викаш? Да или не? :D
Ќе има сеир, ак го турам. :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:

Топло ќе е и денеска иначе... Ареса ме.

Твој,
Луки
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom