Ч Е Н Т О
Методија Андонов
Антоние, апсолутно нема причина зошто не би дискутирале, арно ама мислам дека ти е јасно дека овде не е местото за тоа.Од некоја причина, се нeкако мистериозно ми исчезнува репликата во нашата тема, и знам дека како модератор на историја си толерантен човек и нема да ти смета ако и тука го оставам истото за да дискутираме.
...
Ги разбирам и колегите модератори на Свет зошто би забраниле таква дискусија на темата каде ти реплицирав, едноставно зашто темата не е за тоа (како што не е ни за бугарските фрустрации со коишто се загадуваат повеќето од темите).
Затоа и во мојата реплика ти поставив линк од една тема што е на подфорумот за Историја, за ако ништо друго барем да ги прегледаш нејзините страници и да видиш дека ете на пример и Прличев, и Миладинов, и Пулевски, и многу други немале проблем туку напротив го славеле нашето македонско античко наследство.
Секој што е способен да се апстрахира од моменталната политичка состојба па трезвено и непристрасно да погледне во историските сведоштва и документи веднаш ќе му стане јасно дека антиката секогаш си била присутна во свеста на народот.
Ти ја разбирам поентата, ама тоа што некој денеска мисли дека може да тресе глупости ни под разно не може да ги избрише мошне јасните сведоштва од нашата историја од предходно. И тоа воопшто не е некаква македонска ексклузива. Погледни го на пример видеото што ми е во потписот да видиш за што зборувам. Или ова:
Ама ајде да не навлегувам во дискусија зашто стварно овде не е местото за тоа.
Ако сметаш дека имаш соодветни аргументи за дискусијата да продолжи од историски аспект на некоја од веќе постоечките теми или да отвориш нова тема на подфорумот за Историја (има многу такви и на другите подфоруми каде на долго и на широко се дискутирани работиве што ги потегнуваш) тогаш повели.