Драга Кајгано.
Твојот член .Sky. ме потсетува на некои песни кои одамна ги барам но никако да ги најдам...
И сега кога ги имам во медиа плеерот си пеам по дома...Весело,разиграно..Од срека...
Има голем талент човечето над мене,посебно за едно негово направено видео... Пеам иако не ми е добра страна деновиве

...Но доста го фалев и тој знае за она што го има во себе...Тој е прекрасна личност,една од моите најважни.
Драга Кајгано,зошто наминав овие утрински часови кај тебе?
Целта ми е...Пред мене се наогаат три патишта...Не знам по кој да чекорам...Збунета сум...Се плашам да не направам некоја грешка...Дали ке знаеш да ми дадеш совет?Било каков.
Сакам да знам дали сум ја направила правилната работа...Да не жалам на крај...И тоа е тоа.
Денес планирав да возам велосипед,но времето е тапа...Секогаш знае да ми расипе план...И апетит изгубив...Овие два дена имам само 3 пати јадено преку сила 4 и две чаши сок испиени...
Излегувам надвор,а дождот ми е пријател...ме намокрува и веднаш потоа се чувствувам како да не сум од овој свет.Периодов во глобала одличен...Ги имам најпрекрасните личности во мојот живот.Дали психички дали физички...Знаат дека ми значат,дека ги сакам секој ден им го кажувам тоа...Со нивната појава јас треперам од срека...
Има една поговорка...Постојат личности кои можат да допрат до твоето срце без ниту еден допир...Така е и кај мене...Не сакам да заминат,сакам да останат вечно во мојот живот...Ке им пружам и понатаму љубов и подршка...Нема да ги напуштам...Ке го направам невозможното за нив.Imposible is nothing нели е така?
Сигурно членот над мене,нема да се лути што го споделив видеото...Уживај во прекрасната музика,размрдај се,читај ги мислите...Внеси се во видеото.Таков период е...
Бај.