Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Седам во Виена на аеродром и анализирам што имам постигнато во животот. За жал, ретко веќе имам време за вакви моменти. Професионално сум презадоволен, иако можам уште. На личен план се запоставив. Еден пропаднат брак, една пропадната врска од 3 години, знаеш како викаат, ако еднаш нечини може не е до тебе, ама ако двапати нечини тогаш до тебе е.
Морам да научам да си посветам време на самиот себе си, и на оние кои ми значат...

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk 2
 
Драга ...

два дена пред апсолвентска екскурзија јас ПАДНАВ ПО СКАЛИ. Се искршив у пичку мајчину. Тоа е кога ќе те урочат, ќе паѓаш.
 
Си ја бирам корицата за првата книга. Како да треба да си го облечам првото бебе.
Возбудливо. Така.

Сонот, се остварува, полека, не ми се верува.
:pipi:
 
Кајганче!
Јесда ми викаат дека има резултати, ама јас се уште сум накурчена:icon_lol:. Направив топ распоред, а преостанатото го оставам на јаката волја и особено на инатот :icon_lol:.
Времево надвор лепота, само што некој сака цел ден да се излежава после напорна недела и да си пие кафенце на тераса.Шомиегајле, ќејф ми праи!:X3:
Најбитното е што конечно мислам(мислам) дека сум наспана, што сум насмеана откако се разбудив, што воопшто не се нервирам за тие 70 слајда кои треба да се научат до четврток,што сум сама дома и рокам музиче мерачки и уште едно 10+ работи кои ме примрзе да ти ги кажам:icon_lol:.
На ти песниче :pipi:
 
Ме ставија во група „5 години матура“. Damn, толку помина?
 
Еден германски пар (30 и 36), посетиле клиника за плодност бидејќи после осум години брак се’ уште немале деца, па сфатиле дека сосема погрешно го сфатиле сексот.

„Кога ги прашавме колку често имаат секс, тие побледеа и не’ прашаа како тоа мислиме. Се испостави дека и двајцата биле воспитани во верско опкружување и не биле свесни за физичкиот контакт кој е потребен за да имате деца“ – изјавил портпаролот на клиниката.
:pos::tapp::pos:
Д.
ако не се насмееш на интернет кај ќе се насмееш?
околу тебе само нервози, викања и карања, а по светов 40 годишни луѓе мислат дека децата штрк ги носи :pos:
 
Пројде една недела како пријателите од цел Балкан си отидоа. 70 души со отворени погледи кон светот, со заедничка љубов - книжевноста. Целосно сум изненаден од атмосферата која владееше тој викенд. Далеку од тоа дека очекував нешто помало, но сензибилитетот кој не обви беше чудесен. Секој ден по 15 часа заеднички поминати во : музика, алкохол, дружби до 5 сабајле, разговори за книжевност Светот и се. Сеуште не можам да си дојдам на себе или можеби не сакам. Во тие неколку денови се создадоа пријателски силни врски на кои што сум горд. Веќе се направени планови за наредниот собир, во Загреб - ноември! :) Тоа ме радува, но правам и некои мини планови да отидам во Загреб на неколку дена. Толку среќа во живот сум немал.
 
Драга,

Осмицава што ми расте последна ме утепа од болење, нможам да отворам уста... :(
Како да отидам на зубар што ќе ми направим кога нема да можам да му ја отворам да види што ми се дешава? :tapp:
Оваа наплаќа за трите што пораасна без проблем.
Премногу умници на едно место не е на арно.
Само нека помине до понеделник кога ќе отидам да можат да ми најдат решение.
 
tumblr_lhsyc1W5bu1qdfv3oo1_500.gif


... готово пукнав
 
Кајги конечно се разбудив од сонот,денеска сфатив дека вистинското другарство одамна е изумрено.
 
Јас само чекам нешто да се случи,
Одам по тие сокаци
затоа што мислам дека нешто пропуштам.

Кога немаш на кој да му кажиш како се чуствуваш..
 
од хуморов на кул ме боли глава
Замисли некоја фармацевтска компанија да го ангажира ко маркетиншки трик, и да гледаме реклами на ТВ секој ден со неговиот хумор.
80% од Македонците ќе страдаат од мигрена.

Па има лексилиум ко алва да иде.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom