Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Стигнав и брачкава вика за утре на семинар во Холидеј Ин, тема човекови права. Ми се одеше еј ама мораше да одбијам, гага шетање, јадење, пиење.... Ама не трпи бизнисов мора тука да бидам е то.
 
недефиниран, изгубен во свемир, барам мир а неможам ни 5 мин да добијам, зачуден од толку компициран свет, тоа што го сакам никогаш нема да го добијам, а не барам многу работи, фатен за оро и влечен на сите страни, без да можам збор да кажам онака сето во мене си останува, на тој што треба да слушни за макиве се заебава, а јас тотално изгубен незнам на кај терам, си викам секогаш од понеделник ќе се смени се , ќе биди како порано, нема да ме боли кур и ќе гледам на светлата страна, 2 дена покасно седам и се чудам дали вреди тоа што планирам да го правам, поделен сум во умот и неможам да одлучам, да пресечам дефинитивно и да делетирам се што ме мачи , шо не ме остава да спијам на вечер, да фатам џенем очи да не ми видат никој, завлечкан до гуша пробувам баланс да најдам,пробувам не успева, немам ни решение, ни знам како да сменам ни знам што се случува со мене, само се молам да заврши сето ова без разлика како само да заврши и да се спасам од се.
никој и ништо останав со ништо, тоа шо го имав го губам секој ден и така од краојт на животот ќе биди.
 
Д, нема мир нема :mad: едно легачење не можам да истерам ко шо треба.
 
Самообжалување и чувстување вина не ги прави луѓето лидери....
Одличен пост. Браво Стеф! Иако самообжалувањето е стандардна судска процедура во некои земји, треба да се укине. Обжалување е сосем доволно.
 
Д.
пред околу еден саат пријатно се изненадив.
си слегувам по мојата ми драга уличка и кога тука во комшии ја гледам професорката, по не е важно, што како си седи со комшијата. млади двајцата, убави, паметни, изгледа ќе се ќарат (како што би рекла баба) (y) и викам здраво, онака вчудоневиден. па ни на крај памет не ја очекував дека тука ќе ја видам в комшии.
таа ми вика: што правиш овде? и ја покажав куќата и и викам ете таму живеам.....а таа ми вика: е, па значи ти си ми идниот комшија ;)
единствено со оваа професорка сум немал проблеми големи. и таа е млада, па разбира како е да си студент и се труди повеќе да се зближи со нас.
баш да видам како ќе се понаша во иднина со мене како иден комшија :X3:
 
Знаеш, имам толку многу да ти кажам.. Ама ме мрзи. После подолго време се почувствував осамен. Па си има една година. Не дека неам другари, всушност неможам да постигнам со сите да се видам. Женска бе, женска сакам. Доста ми е од one night stand-ови. Не ми е доста де. Океј, сакам пет-шест месеца со иста да сум. НЕ со години. Го имам заборавено чувството на сериозна врска. Ама ако веќе влегувам во такво нешто, мора да биде совршена. Па што му знаеш, можда и со години ќе трае. Хм, како би изгледало тоа. Да се фрлам во барање по совршената, м?
Ајде.
 
Note to self: Multitasking is bad for your health... копираш муабети на луѓе што не треба (среќа што не се вклучени во муабетот иначе тешко мене )
casual day at work а убав ден беше за шетање, во парк, со некоја... but enough dreaming одам да се очукам негде вечерва :D
 
Одличен пост. Браво Стеф! Иако самообжалувањето е стандардна судска процедура во некои земји, треба да се укине. Обжалување е сосем доволно.
Ок сакав да кажам Graving and pithiness и бидејќи македонскиот слабо го користам целовреме сум со англиски читање заборавам одредени зборови.
 
Драга,
за 2 дена се решија еден куп проблеми и се откачив од еден куп нервози. :) На среќата и нема крај... Уствари и има, ама гајле ми е, сега за сега, си свиркам среќно и задоволно. :свиркам: :D
Треба да средам само уште една работа и се ќе биде совршено.
Еве ти музиче - совршено за крај на денот. :)
 
Гаси го педерот скопски пичка му матер негова :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.

 
Одамна неможев да влезам.
Или беа заклучени портите или нешто четврто.
Кога и да влезам има со што да се изнасмеам.Не дури на глас ама онака доволна доза.
Некои работи ми се ептен чудни,за некого ваљда и мојот,,памет,,е чуден.
Незнам.
Сакам во месецот да имам онака бар три дена кои нема да ми бидат за ништо испланирани,туку ослободена од се,безделничарски да го полнам батериите.
Незнам колку ти е ,,гајле,,ама чисто сакав да одбележам дека конечно пак влегов.
 
Знајш шо сакам?
Да бидам некој музичар кој моментално настапува во некое кулирачко затемнето местенце, со фин народ околу себе и позитивна енергија растурена насекаде. Насмеани фаци, ведри лица, радости и само радости. Стилот би бил ваков, нешто одморачко, тивко.
А да, во местото да има некој долг шанк од дрво и сакам црвени ламбичиња, темно црвени кои ќе ја сечат темнината онака по малку, ради реда што би се рекло.
 
Ок сакав да кажам Graving and pithiness и бидејќи македонскиот слабо го користам целовреме сум со англиски читање заборавам одредени зборови.
Џабе ми објаснуеш, не знам да гукнам енглески. Ја па само на македонски читам (од што морам) пошто у пусто занатско школо не учевме ни еден странски јазик, плус бегав од часови цело време. Стеф, замисли шо ќе се десеше да живееше у туѓина негде бе, ќе го забораеше јазиков за два викенда. Него, после одмор у странција, не ти е малце тешко да се уклопиш, мислам јазично, коа се враќаш у МК?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom