Самообжалување и чувстување вина не ги прави луѓето лидери.
Моментите кога се чувстуваш како парче ќеса е тест на твојата издржливост.
И наместо да бидеш една корка леб што сите може да ја гризаат и да ја толчат,во такви моменти најди го тој глас што ти дава жар и потик за да продолжиш напред.
Само ако седиш и викаш дека животот не бива и дозволуваш на твојата потсвест да те контролира и другите да речат овој не вреди за ништо.
А ти како личност вредиш само што ти самиот не дозволуваш тие корења да никнат и единствениот отров што не дозволува тоа си самиот ти и твојата потсвест.
Биди борбен и бори се до крај и не дозволувај ама ништо да те врати во една замисла што самиот ти не сакаш да бидеш и знаеш дека можеш подобро.
Ова го пишувам лично за себе и за тоа што во овие денови бев со мојот најголем ментор (татко ми ) кој иако не е до мене неговите зборови и филозофии денес ми се мојот пат и тоа што ме прави мене лично цврст.
Иако се чувстувам не моќно но мора да се борам,зашто сум борец а не губитник кој седи дома и не знае што сака од својот живот.
Мојата борба е иста како што од таа што почина татко ми а тоа беше дијабетис и неговата потрага за подобар живот за ова семејство.
Мојата борба е да ги подобрам животите на другите со тоа што највеќе го знам и тоа што сум го сакал и мечтаел до денес а тоа е да подариш живот и пат по кој тој ќе биде среќен и долготраен.
Ќе бара многу и ќе биде тешко но спремен сум за да ризикувам до крај,нема назад и тоа е нешто што ќе направам лично за себе,зашто никој не му е галје за тебе.
Фениксот секогаш од пепелта се обновува исто и јас,па утре е нов ден и нови авантури се ближат

.