Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана,

Еве ме пак во Козумел Мексико, еден од моите омилени острови на планетава :)

Вчера бев на Грен Кејман, во Џорџтаун :) фино местенце, еден куп хонди по улиците, на кои патем се вози од лева страна (англиско влијание, јбг). Ги прошетав моите нови Lakers трењерки и дресот од Коби кој е троа постар, ама ретко го носам. Добив изгореници од сонцето, ама јбг... сепак најбитно е што бев со моето ново чоколатце, Карен од Јамајка.

Ајт доста е фалење, ојдов да си купам бејби-коукс, твикс и слични потрепштини.

п.с. Пред недела дена ми стигна дресот од Трој Поламалу. Ако Саладин чита, нека и пренесе на Мими Новинарка :)))
 
Д.
моментот кога со мајка ти го гледаш доктор ОЗ, а главна тема се тестиси, сперматозоиди, брзина на сперма, оплодување и сл. :facepalm::facepalm:
202524-poker-face.jpg
 
Кајганче!
Психички се спремив за она што следува.Ќе има болки, ќе има плачки ама ќе преживеам.
Само не знам што к*р сега најде, на 22 години да ми праи проблеми...:mad:
 
Вреди да се погледне, пошо работава е многу повеќе од црвени и плави.
 
Игноратни будали ги викаат, тоа е нивни назив, а јас што мислам па од премногу индоктринација не можат да ја видат шумата од дрвјата :icon_lol:, ништо повеќе ништо помалку.

Објасни брачката убаво, за таа функција настрана од потпишаната предвремена оставка треба да има 500 000 евра имот дадено под залог на нотар. И следи прашање а тие што немаат толкав имот :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:? Па се имаат растрчано побарано по роднини, другари дај пиши дуќанот пиши колата на мене, и нормално следи условувања тендери вработувања, за дуќанот за нивите за колата. Ииииииииииииииииииии.... Душата на ѓаволот ја немаат продадено, не тоа се народни избраници демократски избрани.....



П.С. М. ми вика сакаш да и го хакниме профилот на фејсбук и пишиме опција дека е мажена за тебе? Ау не :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
И онака си дремеш во канцеларија, ти иде газдата и ти вика дека deadline-от е утнат по трет пат, те пика на проект во го*на до гуша, а ти не си спиел два дена и ти се спие, и завршуваш тоа што можеш (пошо нели и други работаат тука, не знам ја се... ) што можеш побрзо и си се влечкаш дома уморен до зубе... и до толку умор неможеш да спиеш... (n) и успат нешо за на факс:

7048882_700b.jpg

exactly...
 
Драга, не верував ова дека некогаш ке се деси. За помалце од 10 дена, 3ца (небитно дали машки или женски) ми рекоа:
1. комши, и ти на кајгана форумот а?
2. колега, те гледам активен на кајгана аааааааа hehe
3. абе, The_Red1 на кајгана ти си така?
:facepalm:
И нека прочитаат, не дека ми е гајле ама сепак сакав да останам до негде анонимен и непознат за пријателите околу мене во рл. Им имав кажано дека поминувам доста време кај тебе ама пак јузер нејм никогаш не сум им спомнил.

Ехх, порано се сеќавам се чувствував послободен и свашта можев да напишам и никој да не знаеше за што се работи ама сега е подруго. 100 филмови за секунда ке се напраат, ке ги протолкуваат работите како што им одговара, ке се препознаат и погрешно ке бидам сфатен. :) Не верував дека ке се случи тоа ама длабоко во себе претчувствував нешто такво па намерно апстинирав од некои теми и никогаш не прокоментирав, иако ме копкаше.

Не, не е крај, фала Богу, ама ми беше поубаво кога речиси никој не ме знаеше. Кога никој не ме знаеше ама не од овие на форум што сме се запознале, туку од колеги, екс школски, другари од семинари (и семинарки) итн итн.
Ехх Кајгано, и јас многу барам, од 45 000 членови никој да не ме знае + 3 и пол години тука. Е не може така. :P

Сакам да ти се пожалам/пофалам нешто ама не смеам-ме демнат, и “утре“ ке го искористат напишаното. :icon_mrgr: Ај, едно смајли ке биде доволно: :love:.

Аривидерчи.
 
Драга, кој awkward moment го доживеав пред 10 минути немаш поим :pos:
Излегов надвор да пушам цигара, ламбата ја изгасив и си уживав со моите мисли. Овие што живеат над мене, поим немаат дека некој уствари доле има, и излегува комшијата, возрасен човек од 60 и кусур, и се испрдува едно домаќински и гласно, јас седам и си викам што по ѓаволите беше ова? :pos:
Неможам да се смирам од смеа, не мо жам :pos:
 
Драга, вечерва изнервирав 10-тина луѓе и на крајот сите дигнаа раце од мене.
Ептен никакво се чувствувам. Незнам шо ми се случува вечерва (n)
 
nikoj ne saka da gi slusa mojte zaefrkanciii :eek: zosto why so serious be people ? :D

uste malce tuka,tuka i tuka i gotovo do letoto taman :icon_lol:
 
Passed down to you...

Велат после бурата доаѓа мало затишје, небото и земјата се раздвојуваат, се разграничуваат некои детали, кои за воља на вистината во бурното време не биле сосема јасни. Така и кај мене. Почнувам да исцртувам граници на оноа што би се нарекло зона на комфор и зона outside of the box (што би рекле енглезите). Бирам друштво наместо тоа мене. Скратувам лични муабети онаму каде што нема никакво влијание за мене подлабока дискусија. Лека полека ги забележувам пријателите во зло, не па од интерес. Можам да кажам дека премногу едноставно е, додека не навлезеш во таа зона на комфор. Комфорот итекако е малициозен кога почнуваш да потпаѓаш и се` прифаќаш оберучке. Не дека се изгорив, но почнав попозитивистички да гледам на некои работи. Егзистенционализам со доза на интуиција и малку контрадикторност во сето тоа. Бели лаги повеќе од големи. И молчењето неретко е подобро отколку лажната критика.
So says Saladin...
 
После многу интервјуа за работа, пратени CV, конечно денеска ми упали среќата. Си најдов работа. Адвокатката каде што ќе работам е прекрасен лик. Дојде време Moody да го пече занаетот во пракса, доста беше веќе теорија. Не можам да опишам колку сум пресреќен. Но, знаејќи го гадот Марфи кој секогаш знаел да ми расипе расположение, му направив Кими Раиконен фора и ладен сум како мраз. :) Поздрав и убав ден на сите. :D
 
Д.
идел јохан денеска и сите се собрани да го пречекаат :icon_mrgr: сличен пречек има како исус да слегол на земја.
сеа пушти на сител и следи во живо што се случуват. кога ќе го донесат на плоштад и кога ќе ги види тие 50.000 споменици, те молам следи му ја реакцијата............
нешто слично вака ќе биде:
aigle_omg_gif.gif
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom