Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
добро, како е можно кој пат да видам една особа таа да зборува на телефон?? ама буквално секогаш :facepalm:
повеќе пати ненадејно ќе се сретнеме, а таа со мобилниот на уше. ај да речеш дека ме гледа кај што идам па го вади намерно мобилниот и демек муабет прави ајјј, ама финтава е што ненадејно се среќаваме :гомце:

п.с. кога ќе завршат овие избори аман веќе. наместо реклами тие митинзи даваат :tapp: цел митинг ејјјј, кои тортури за мозокот се тие. пушташ на сител Никола зборува, пушташ на канал5 Биљана Беличанец Алексиќ тако звана туфи, вреска, се дере ли женава аууууу, пушташ на алфа Бранко нешто предвремени избори бара и на крај пак губи, пушташ на мртв Есма и Лозано новата песна ја презентираат :гомце:
 
Добра вечер Драгица :pipi:


Ајде малце да се дружиме, да не кажеш дека сум пееррр...

Нешто не ми јасно, зошто понежниот пол се срами пред другари, пред непознати луѓе, да шетаат по долна облека и прслук?
На плажа како не им е срам да се пупат со газето играјќи, одбојка, играјќи фризби, сунчајки си, по купачи?
Што мислат дека, купачите им се како машка хавајка и ништо не се гледа и нема потреба да се зборуе? :facepalm:
Крај со крај неможе да ви се сврзе хелоуууу....

Друго така што е доста интересантно.
Во Македонијава измеѓу младината, најпоставувано прашање е: ти даде ли бе брат?
Што да ми даде бе? Пари на заем? Што?!
Зашто нас машките никој не не прашува, и го даде ли бе брат???
Зашто таква дискреминација?
Зошто со поставување на тоа прашање мене ми изгледа како да ни се прави некоја услуга? o_O
Обострано задоволство, и пак на нас ни се прави услуга.... :unsure:


Ај да не изгледа како само да го критикувам женскиот пол, да се свртам малце накај мушкарците....

Знаеш дека во Македонија, се помал и помал е бројот на прави мушкарци?

Стварно, што ни е бе?
Зошто оговараме, и трачариме бетер од Фериде и Хајрие?
Не е на арно таа работа...
Зошто денес и машките почнале, кога се поздравуваат, се поздравуваат само со дел од прстите?
Што уље да не имам на рацете? Абе стисни ја таа рука машки и погледни ме во очи.
Значи колку ме пизди тоа, ај разбирам женско да се поздрави/да се упознае давајќи ти ја раката како да ќе ја зимаш за на олтар.
Нежни раченца па ајде, може страв им е да не пукне некоја коска, ама машките бе? Абе стисни ја таа рака убаво, теле едноо...

И зошто најголемиот дел од луѓето, кога се поздравуваат, или гледаат во чавки, или во патики?
Основна култура да се немало, налет нека е.....


И што е со мене бре?
Повеќе саати можам да отспијам дење, отколку навечер...
Да не сум вампир??? o_O :confused: :eek:

Со прашањава сме јас и Васко Ефтов, толку сме. Само што јас немам одговори :(

Ае со здравје :pipi:
 
Ти текнува дека ти кажував дека здипливме баскет од едни Американци од маало? :icon_mrgr:
Маста му ја извадивме, две недели деноноќно играње.
Слична приказна беше и лани, на никој не му се даваа пари за баскет, еден комшија ни позајми, игравме цело време се дури не му излегоа "цицки" и после престанавме.
Така и сега, играме играме, али пошто многу нервозни типови имаме, ако изгубат ќе го зарогаат баскетот. Лесно е ако не си дал пари за да го купиш :icon_mrgr:
Спалдингов не се дава засега, иако лека полека се осеќа дека фатот на некои места е како да држиш рагби топка, ама уште не е видливо.
Стоиме загрижени и викаме, време е да си купиме еден баскет...
И само слушаш одговор, или време е да украдеме уште некој од странциве :pos:
Каква дебилерија се, рокнале тоа оградите високи, и децана ко дебилчиња си играат во двор со 100 спалдинзи :icon_mrgr: Најдебилно ми е што не ставаат ролетни, и од улица можеп да видиш се што прават. Тотално различен начин на живот тераат им ебам мамата дебилска :icon_mrgr:
Али затоа мора да ги искористиш максимум што може :icon_lol:
Ми текнува порано доаѓаше еден Мајкл од Америка, сите му се правеа другарчиња, жив го дереа, цело маало го частеше :icon_mrgr:
После дојдоа едни други, татко им ни стави мрежа на кошот на игралиште, која радост беше, ја скинавме уште следниот ден. Типот многу се нервираше, не му бил ист филингот ако немало мрежа :LOL:
Сега сме радосни и среќни дека после 22 години независност конечно се сетија дека на кошевите треба и мрежи да ни стават.
Да се знае кога гаѓаш "без коски", да се чуе звукот на кинење на мрежичката :icon_mrgr:
Денеска сум шутирал/играл баскет/други игри поврзани со баскет едно 7 саати :icon_mrgr:
Прво си удрив сам една тренинг сесија од 2 до 4. Најмерачки, преку недела игралиштево е скоро празно, овие на моја возраст ГНИЈАТ по штабови, зафатени пред избори, помаливе тоа врмее одмараат од школо па ја фаќаат следната сесија за баскет/фудбал од кај 4-5 :D
Уште померачки, си доаѓам си седнувам прво на вртелешката, и се вртам како луд. Мртва тишина, само јас и ветерот :drk:
Како ме опушта нешто ненормално е тоа...
После си пецаш на кошче :icon_mrgr:
Доаѓам дома, јадам, другариве се вратиле од факс, во 5 саат пак сум на терен.
Набрзо не стемни, ама тоа како и денови уназад не ни е пречка.
За разлика од другиве денови барем ветеров беше топол, не измрзнавме како во теков на целава недела.
Веќе не се гледаше ни прст пред око со оглед на тоа што немаме рефлектори, ама некој уште е на игралиште и се слуша само мрежичката искината од се подобрите шутеви :cool:
Само што се враќам дома во 7 и 30, ми се јавуваат ќе седеле вечерта на игралиште. Паѓа идеја за уште нова тура баскет, од 8 и 30 до 10 и 30 вечерта.
Небото преполно со ѕвезди како надополнување на сликата. Теренот подосветлен од ѕвезденото небо, на него луда екипа :cool:
Што смеење падна, мислам дека цела населба ја кренав на нозе :icon_mrgr:
Да биде атмосферата подобро, непрекинато оди:
:cool:
Cause I'm naughty by nature :cool:
Хеееееееееееееееј хооооооооооооооооо хееееееееееј хоооооооооо!!!
И по трет пат истата слика, доаѓам дома, уште не влезен, другарка ме бара за низ населба да сме седеле. Шетање уште толку, за да осетам добар умор и да се спие добро вечерва.
Само нека не послужи времево и да почне лека полека да се разубавува, па тек тогаш да нема прибирање дома :noze:

Нешто што не ми се допаѓа е тоа што кога слабеам, во фацава станувам ко од Аушвиц :facepalm:
Одма од дома, истиот муабет, КО ФРЕСКА СИ СЕ НАПРАВИЛ, мајка ми иде до таму што одма ја фаќа страв да не имам некоја тешка болест :facepalm:
Работава ни лук јал ни лук мирисал, помала килажа=поисушена фаца, поголема килажа=голем стомак ОСОБЕНО...


п.с. и изгледа ќе полагам за кола во брзо време :D
Само и ветувам на женска ми, ако не ова лето, следната пролет :pos:
Ич немам мерак за коли, тоа е чудо едно. Со оглед на тоа што не сум фатил волан никогаш, ќе биде интересно по Скопските улици.
Возачи пазете се, пошто единствено превозно средство до сега ми било:
uuuuuuuu.jpg
:нинџ:
 
Значи веќе луѓето ми запнаа дека нешто треба да сменам, хех знам...ама никој не кажа како...
Дефинитвно треба да намалам со тревата и со алкохолот, поготово со тревата... И не ми е јасно, зошто ми кажуваат дека некои луѓе живеат за да ме напраат љубоморен? Како тоа? Сигурно само така им изгледа и се надевам дека не е така... А што е надежта? Само проклета илузија која ќе те уништи доколку веруваш во тоа...

поздрав, одам да спијам и слично...
 
Како што пишале, стресот/траумата го расипува резонирањето на работите, јас сум чист пример. Ама бар осеќам кога и како погрешно резонирам, не сум скроз отидена. :D
 
Драга, пролет, и песнава! Повторно се родив
Се замислувам како стојам на некое убаво место, додека ме грее сонцето, се смеам со рацете раширени кон небото! Ете така, баш така!
 
Што е работава со погледите,гестикулациите,насмевките,денес дури степен повеќе отиде ? дафааааак ис дет шит


не сме 2 светска војна шиврарник да си играјме :icon_lol:

Али пази кајг`, овие 2-3 дена одмарам скроз на скроз,одмарам од вежбање 1 недела и од се (y)

Доаѓа моето време,моето омилено време,уште некои работи да ги средам на мене комплет да го дочекам,а и тие мене ;)

брилијантирам во такви услови мајке ми,вриам како казан со ракија :icon_lol:

временцето перверзиии ок поз ауфидерзен
 
Денес да ти било светски ден на среќата. ;)
 
Вакви денови се создадени за убавини, вакви денови се создадени за смеа, шетање, вакви денови се создадени за заљубување, вакви денови се извор на позитивна енергија во животот. Жал ми е што немаш можност во едно шишенце да си ја собереш позитивната енергија која ваквите денови ја даваат и после тоа кога ќе имаш наплив на депресија или негативна енергија само да си ја пуштиш од шишето и да ти исчезнат негативните и мрачни мисли.

Три дена одам на факултет за џабе, ама ете и тоа не ми пречи, затоа што го љубам денов и го гушкам светот.

Плус, денес бил меѓународниот ден на среќата.
Е па смејте се, пејте, гушкајте ги тие околу вас. На ваков ден, не знам кој би оддолеал да го направи сето ова...

Ах, животиште...
 
Сончево преубаво мартовско време. Само што испешачив некој километар, а притоа имав можност и со автобус. Нозете ме болат, но сум пресреќен што го искористив сонцево.

Ах, тоа мое Скопје.:giggle:

24436_4737568802472_490734935_n.jpg


 
Драга ...

знаеш ... мислам дека не :(
денов убав, а јас тажна.
Уште еднаш се докажа дека не треба премногу да им се верува на луѓето. Ниедно извини на светов, нема да го смени тоа што го чувствувам.
FFFFFFFFFFFFFFFFFFFFFUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUUU!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!!
 
e4ezaga6.jpg

Мојата чудесна земја :D
 
си играм табла на работа... демек bugtesting... Damn I love this job... :D успат научив и табла да играм :D
--- надополнето: 20 март 2013 во 18:03 ---
си играм табла на работа... демек bugtesting... Damn I love this job... :D успат научив и табла да играм :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom