Ти текнува дека ти кажував дека здипливме баскет од едни Американци од маало?

Маста му ја извадивме, две недели деноноќно играње.
Слична приказна беше и лани, на никој не му се даваа пари за баскет, еден комшија ни позајми, игравме цело време се дури не му излегоа "цицки" и после престанавме.
Така и сега, играме играме, али пошто многу нервозни типови имаме, ако изгубат ќе го зарогаат баскетот. Лесно е ако не си дал пари за да го купиш

Спалдингов не се дава засега, иако лека полека се осеќа дека фатот на некои места е како да држиш рагби топка, ама уште не е видливо.
Стоиме загрижени и викаме, време е да си купиме еден баскет...
И само слушаш одговор, или време е да украдеме уште некој од странциве

Каква дебилерија се, рокнале тоа оградите високи, и децана ко дебилчиња си играат во двор со 100 спалдинзи

Најдебилно ми е што не ставаат ролетни, и од улица можеп да видиш се што прават. Тотално различен начин на живот тераат им ебам мамата дебилска

Али затоа мора да ги искористиш максимум што може

Ми текнува порано доаѓаше еден Мајкл од Америка, сите му се правеа другарчиња, жив го дереа, цело маало го частеше

После дојдоа едни други, татко им ни стави мрежа на кошот на игралиште, која радост беше, ја скинавме уште следниот ден. Типот многу се нервираше, не му бил ист филингот ако немало мрежа

Сега сме радосни и среќни дека после 22 години независност конечно се сетија дека на кошевите треба и мрежи да ни стават.
Да се знае кога гаѓаш "без коски", да се чуе звукот на кинење на мрежичката

Денеска сум шутирал/играл баскет/други игри поврзани со баскет едно 7 саати

Прво си удрив сам една тренинг сесија од 2 до 4. Најмерачки, преку недела игралиштево е скоро празно, овие на моја возраст ГНИЈАТ по штабови, зафатени пред избори, помаливе тоа врмее одмараат од школо па ја фаќаат следната сесија за баскет/фудбал од кај 4-5

Уште померачки, си доаѓам си седнувам прво на вртелешката, и се вртам како луд. Мртва тишина, само јас и ветерот

Како ме опушта нешто ненормално е тоа...
После си пецаш на кошче

Доаѓам дома, јадам, другариве се вратиле од факс, во 5 саат пак сум на терен.
Набрзо не стемни, ама тоа како и денови уназад не ни е пречка.
За разлика од другиве денови барем ветеров беше топол, не измрзнавме како во теков на целава недела.
Веќе не се гледаше ни прст пред око со оглед на тоа што немаме рефлектори, ама некој уште е на игралиште и се слуша само мрежичката искината од се подобрите шутеви

Само што се враќам дома во 7 и 30, ми се јавуваат ќе седеле вечерта на игралиште. Паѓа идеја за уште нова тура баскет, од 8 и 30 до 10 и 30 вечерта.
Небото преполно со ѕвезди како надополнување на сликата. Теренот подосветлен од ѕвезденото небо, на него луда екипа

Што смеење падна, мислам дека цела населба ја кренав на нозе

Да биде атмосферата подобро, непрекинато оди:

Cause I'm naughty by nature

Хеееееееееееееееј хооооооооооооооооо хееееееееееј хоооооооооо!!!
И по трет пат истата слика, доаѓам дома, уште не влезен, другарка ме бара за низ населба да сме седеле. Шетање уште толку, за да осетам добар умор и да се спие добро вечерва.
Само нека не послужи времево и да почне лека полека да се разубавува, па тек тогаш да нема прибирање дома
Нешто што не ми се допаѓа е тоа што кога слабеам, во фацава станувам ко од Аушвиц

Одма од дома, истиот муабет, КО ФРЕСКА СИ СЕ НАПРАВИЛ, мајка ми иде до таму што одма ја фаќа страв да не имам некоја тешка болест

Работава ни лук јал ни лук мирисал, помала килажа=поисушена фаца, поголема килажа=голем стомак ОСОБЕНО...
п.с. и изгледа ќе полагам за кола во брзо време

Само и ветувам на женска ми, ако не ова лето, следната пролет

Ич немам мерак за коли, тоа е чудо едно. Со оглед на тоа што не сум фатил волан никогаш, ќе биде интересно по Скопските улици.
Возачи пазете се, пошто единствено превозно средство до сега ми било:
