Адетот на свадба бил зетот да ја купи невестата од нејзиниот брат, кој ја води под рака пред излезот на портата и со тоа да ја презеде од неговите раце. Денес пополнив место на брат, на свадба без музика. Тешко..... многу тешко........некој друг требаше да стои на моето место, да ја води својата сестра, да ја заврши работата како што доликува. Се надевам дека од некаде, таму ,,горе" го следеше целиот настан.
И покрај миговите кои поминаа, се запамтија, на невообичаен начин се прославија, во моментов се чувствувам најлајно во последниов период. Онака полн со гнев внатрешен, немоќен . со прифатен пораз кој ми чини грутка во грлото , грутка што ја запира плунката и го отежнува секое подголтнување. Дури и водава од чашата не сака да се спушта надолу, ми води некаков инает.
Капак на се, пред некое време пишав дедо ми нема да го биди, денеска е во најлоша состојба. Ништо чудно, утре, т.е денес пошто прекрши 00, да биди она...
Живот, то е то. Одиме натаму.