Кое враќање во живот после саботана

Да живее Водно

Толку многу патчиња, плачат да ги истражиш кај водат

Решивме има сите патчиња да ги испробаме и така неможеш да се изгубиш

Лека полека ги делкаме. Какво патче сме нашле денес, одење по раб со длабока провалија до нас ама целата исполнета со дрва со боцки, со елки и слични работи

Дефинитивно ако утепам некој ќе знам кај да го фрлам за никој да неможе да го најде

На крај искочи дека патчето водело кон рајот што го откривме пред некое време. Воодушевува местото

Плус вон викенд скоро и да нема луѓе на Водново, освен нас само странци гледаме.
Алал да им е, на нашиве никогаш не би им текнало. Неделата пука сонце, сите ги мрзи да одат, до средно со колата, после одат само права трим патека до Марково и назад

А ова странциве само се пикаат по тоа патчињата. Денеска на нашево место затекнавме баба и мајка со бебенце во количка. Како ја дотуркале господ знае

Сабајле си лапнав и некое денарче, се трансформирам од навивач во даскал по линеарно програмирање, па после во планинар, па во кошаркар, па на крај во дете што се љуља на љуљашки и се врти на тоа вртелешките

Алелуја што ни ставија вртелешка во маало, кое свршување е се вртиш со цела сила, мижиш за да не ти се сврте во глава и си уживаш дур те дувка ветер

Штета што љуљашкине ги направиле за деца само

Не ми го збира газов на овие новиве што се ко фотељи. Ама затоа има едни други кои што шкрипат по што сигурно цела населба не колне

Си имам едно игралиште кај што се љуљам, друго кај што се вртам,. трето кај што се пуштам по лизгалица

Откако стариот баскет ни заврши неславно по секојдневното рогање конечно му се вративме на играњето кошарка пошто здипливме еден баскет од странциве.
Конечно некоја пзоитивна работа од тоа да имаш многу странци во населба

Спалдингче мераци. Му удрив потпис со маркер да се знае чив е

Многу е убав не ми се упротпастува ште одма со алкохол да ги бришам зборовите напишани за него. Додуша порано топките што ги наоѓавме директно одеа во црна боја. Гледаш цело маало црни фудбали и баскети извадило

Се изретардирав у пм

Ослабев 7 кила за неколку месеци од 80 на 73

Неееего што се чудни ова женскиве. Влагаат во некоја продавница и одма се исклучуваат, сите само гледсаат во тоа облеката, нервозни зашто нема бројче за нив, зашто другарката купила ист таков, зашто не биле на попуст итн. Во погледите на сите машки можам да забележам дека сите се прашуваат што е со жениве бе брат

Кај ми текна па сега ова

Ојдох те ти една песничка
П.с. си пеам прееска една песна, и татко ми во истиот ритам нервозен што мачоров не јаде од храната му пее Ќкако ќе те набодам на виљушкава, ќе ти ја земам душата"
