Ако некои луѓе планираат да гледаат филм уз муабетче, кикотење и чести извици на чудење, тогаш тие луѓе треба да си гледаат филм дома, а не на кино. Во спротивно, другите посетители на киното ќе бидат изложени на моменти од типот на: леле, колку е убав тигарот, стварно е убав тигарот, ептен е чиста водата, станчето му е супер уредено, јадењето изгледа вкусно, обожавам мунгоси, пострашно нешто од ајкули нема, што рече?, види го китот, требаше да си земеме пуканки, се уплашив, и` се јави на Маја?, Индија е убава земја, ми се пие вода, колку е саат?, тигарот е уствари големо маче, хихи, хаха, хехе итн.