Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Осеќам дека ќе се разболувам па не е лошо да мавнам еден Фервекс :D :D

На работа топ е,факс треба да спремам испити сеа па ќе треба да набавам пакет битолско млеко и кутија нес :D :D
Еве добро е што ме бутнаа две утакмици на тикет пошо ептен ми е шубе коа ќе ме падне една ко пред некој ден,што кур ваучер,не е тоа тоа.

Бев на некоја журка пред некое време ама крш,музичето беше WTFOMG,не знаев дали да излеазм низ шиберот или да кршам прозор ебате:pos:

Шишето со ситни пари е при крај и баш ме занима колку има унатре и дали ќе бидат доволни да се изглеа едно дерби у Италија :D а исто и парите од работа ги тргам на страна пошо планирам да реновираме дома летово,доволно долго им висев на вратот на луѓето време е да им се одолжам за се'

Ај до следното видување,еве ти една тракица
 
Драгичка,
Паднав во некоја тешка депресија, а умов и срцево водат некоја битка што ме излудува.Немам друштво, АСАЛНО друштво, немам ни асална другарка со која можам да напраам муабет, а тоа да не е за дечковци, лапање, драпање и бош муабети за тоа кој со кого се мувал и како некој шабан пак има гостување во некоја дискотека.И си дремам вака до зори, чепкам на Фејсбук и се чудам на глупавоста и простоќата што ја имаат некои мои, за жал познаници чии 10 објавени песни од Аца Лукас, и 10 нови слики со коментари „леле си грмите“ прават да се чувствувам како тотално асоцијална личност!
:вонзем:
 
К,
Одам на службено.... Чувај ми ги тиквичките (си се знаат кои се) :love:
 
и ти викам кајги, денеска правам 7 години ко дојдех тука у Италија.. како на шала чинам ми поминаа тие 7 години еј... дури не ми се ни верува...

Од денеска јово на ново: пак сум на работа... искрено, така лежерно се осеќам шо верувај оти утре да ми кажат дома па да седнам и по цена да напуштам работата јас би го направил... не знам зашо ама би го направил... как и да е, ојдех да исчурлам еден цигар...
 
Кајганче,
почнаа тренинзите па ненаспан сум сега неможам да се освестам со 2 нес-а :(
 
Драга












Кајгана.

Секогаш ке ми бидеш, онака ДРАГА. :D
 
Д.
од денеска почнав да вежбам (за да се вратам во форма) и почнав по малку да ги фаќам книгине..............
 
Кога само би можел
Јас би ти ја подарил
Сета среќа на овој свет
Зашто Тебе ти припаѓа.
Ама она што го немам
Не можам некому да го дадам
И затоа ти го подарувам
Секој сон што ќе го одсонувам.

Ништо Кајги, само си се потсеќам на некои стари, одамна минати денови, на веќе преболени и заборавени чувства... и на еден обожавател кој беше и остана таен. Ах, тоа беа времиња :)
 
Врага...........


Денес конечно се откачив од аматерине бум и се снабдив со 3Max :)
Сега малце е глупо што ќе треба да чекам до 20 дена за да ми го пуштат во употреба што се вика ама нема врска,сум чекал толку време па сега за недела две плус.
 
Драга постои песна во која многу се пронаоѓам, една од ретките песни кои ги знам цели на памет, една од ретките во кои се соживувам, песна која ја знам многу одамна и за прв пат во животот ја посветив на едно моме...моме што ми беше посебно драго, кое ме исполнуваше, кое преку ноќ ми го смена животот за 360 степени...
И моме кое по втор пат од X причини го прекрши своето ветување и страшно ме налути, лошо драга , многу лошо е кај мене што тешко простувам.....
А знаеш за мене драга, јас и на Антартикот да биде ќе одам само за да ја видам, ама само ако вреди и ме сака...а ако не, ни од столов не станувам....што би рекле двајца маестрални пеачи од ЈУ времето- није хтела
 
Пак немаа парно македонски железници матер им е.. на -8 се пометнав мислам. Тој пола денар што ми го крадат кога купувам карта цел живот у аптека да го трошат. Али ај љубовта ме грее мене.. not. Меленото месо ќе поскапе, а јас со главата во ѕид за небитни работи.
Кога сме кај мене, стварно се сметам себе си за бистро и паметно детенце кое може многу да постигне но ете, го мрзи. Знаеш Кајги, некогаш кога ќе станам во 6 ипол попладне срам ми е во огледало да се погледнам дури, неодговорност + индиферентност.. фак јеа... :tapp: Но ќе го средам и тоа само нека се затопли времето. Што да правам не е до мене времево е ладно не се излегува надвор по обврски, а јас едно така зиморливо...
Хајлајт на денот, влезни колоквиуми Социологија положени, at least that went according to plan.. а вечер ќе се дружиме пак со книгата yay ^_^
п.с. кој вели дека администрација не чини? За stalking е perfect ако ме прашаш мене, и улица и матичен број и се ќе дознаеш :icon_lol:
На ти песна.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom