Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Добро утро кајги, ден пред бадник е . Убав ден нека биде, нека се угоде. :)
 
Кајгано,
легнав у 6 сабајле, бар да имаше за шо да седам, не за џабе.
Ама ај, идиот кога си, биди до крај. Нека те возат квалитетно.
 
Има нешто меланхолично во јануари што те тера на сечење вени.
За мене на пример, ако некогаш треба да дојде крајот на светот, тоа треба да биде во јануари. Кажи ми една работа што деновиве те потсетува на некаков почеток, нов живот, нови искуства, нова љубов, среќа, блабла...
Овие празнициве пак само повеќе ја напнуваат ситуацијата.
Мислев да го гуглам етимолошкото значење на јануари, ама од толку што е глуп месец не вреди.
 
Реков денеска ќе одмарам, ама ајде дури одмарам рамено и бицепс малку колку да се радвижам :icon_lol:. Че се бериме за огнот во онаа куќата шо ја имаме земено под кирија, онаа шо викаат за куплерај шо ни била земена, нема врска тоа :icon_lol:.

 
Драга Кајгана. Две работи:
  • сега открив како да се зголеми пишувањето во твоите теми. Фино лепо ставаш во наслов 'албанец-и' и се лепат ко муви на ла.......пардон, мед.
  • Почетнава на фејсбук ми е ко модна писта. Страв ми е да 'излезам' на неа, да не ме закачи некоја штикла.
 
Драга,
си го преселив компјутерот у дневна, сега си се наместив у полулежеќа позиција на фотеља... све ќе беше совршено да не бев болна и грлово да не ме кинеше. Слушам песни, а не можам да пуштам глас. Иц нат фејр!
Мајка ми само ми донесува врели течности, а мене сега ми текна дека неам ништо јадено... Ми се јадат бисквити со јогурт, ама јогуртот уште повеќе ќе ми го надразни грлото. Оу фак ит.
Да не те замарам, на ти песна и се читаме!
 
Kaко заборавиле да ги пуштат ламбите на елката бе :confused:
Ги вклучив да светкаат црвено, и си напрајв кафе и то. Дојде едно чоече чичко на татко ми кое зборува 24/7, си ја спремам психава да го ислушам :P
 
Кајги, секогаш сум ја сакала зимата, ама оваа е ептен неподнослива.
Премногу ми е депресивна и сива.
Едвај чекам да дојде мај, да си ги згреам малку коските.
Ич не ми се искача вечер, ама нема смисла сега да откажам.
А како би си седела дома во кревет цел ден.:sleep:
 
ај што технички ме извиси денеска за кафе, можеше барем да ми пиши на фејсбук вака и вака не дојдов, и се скапав од звонење не крена, крени не дека многу ми се праеше кеифот за кафе ама ти инсистираше
ко се нема основна култура, џабе ти е и факултет
 
Драга Срцке денес славиме 5 години од нашата дружба :)

Во таа чест ќе извадам неколку рандом мои коментари од 2008ма почетокот. Тогаш никот ми беше NikolaRjk.

Како и секој newbie и јас сум бил таков :свиркам:

Во темата "Постои ли љубов"

Лјубов.. како прво има разлицен тип на лјубов, Ерос-кон партнер , Филос - ко пријател,брат, и АГАПЕ - лјубов која ретко мозе некој да ја почувствува е КОН сЕ. Потоа има Влубеност и Залјубеност.. па ако сакас мозес да ни казес сто поточно. На пример ја никогас не сум почувствувал кон партнер вистинска лјубов.. барем така мислам. А кон другите кон се .. тоа ме одрзува во зивот...​
NikolaRjk, 6 јануари 2008 Пријави

Ѕвер :)
...


Ako saka nekoj da mi kaze .. ako znae zosto reputacijata mi e minus :( mislam deka nisto loso ne sum napravil​
7 јануари 2008

На почетокот ја имав најлошата можна репутација полн бев со црвени :D

во темата
"До кога мување?"

Се мувам за да се зближам повеке со личноста која ми се допаѓа.Така што ако тргне во позитивен правец може ке прејдам на врска.​
9 јануари 2008 Пријави


"Пропуштени шанси..."

Објавено од: Nikolarjk 9 јануари 2008

"Животно мото"

Објавено од: Out Of Reality, 9 јануари 2008


"Издувување"
Сеа секој ден сум на тренинзи (карате) до 26 јан .. па тогаш државно.. па ке се спремам за балканско:p MNOGU NAPORNO а често и со друштво одиме до крстот на водно
, 11 јануари 2008

порано бев каратист..


Oмилен писател

Објавено од: NikolaRjk, 10 јануари 2008

како и повеќето почетокот на мојата "читачка" кариера ја започнав со коељо.

Што би направиле кога 24 часа би биле невидливи?

Објавено од:NikolaRjk, 22 јануари 2008

Драга Кајгана ...

Објавено од: NikolaRjk, 10 февруари 2008

"Шмизли"
Шмизла е девојче со вештачка самодоверба,и не е сигурна во себе а го покажува спротивното.Можеш да ги спуштиш речиси на секое нивно мислење или искажување..
, 16 февруари 2008


"Што највеќе цените во животот?"
Ценам луѓе кои се свесни за се околу нив,и се наоѓаат во светот на луѓето кои се пронашле себе си,и постигнале нешто-имаат голема вредност.. и со кои можам да се споредувам.


Што е нешто што сакате, а никогаш нема да го направите?

Објавено од: Nikolarjk, 22 февруари 2008


Што е најлошо во животот?

Објавено од: Out Of Reality, 23 август 2008

За ова би подразмислил сега.


Драга Кајгана ...

преку кур веќе , не ја сфаќам играва, триста начини . на крај ништо кур бе боли што се лигавам , кур ме боли за се , преку кур ми е од се преку кур ,.не сфаќам , што треба да сфатам?​
помислив.. и ете го .. посакав и се оствари..​
пропадни, продолжи .. искршисе , продолжи ..​
до каде вака​
28 септември 2008

Да можев да си пратам писмо од иднината до себеси ќе гласеше Само продолжи така на правилен пат си ;)




Исто така имав отворено неколку теми од кои една е "Што сакаат (бараат) жените" која сеуште е активна.

Глеав да не вадам од многуте глупости што сум ги пишувал, не сакам да се експонирам толку :pos:

Cheers
 
Д.
дали има нешто поубаво од печени костени? :icon_mrgr: кога ќе се сетам каков вкус имаа, устава ми се полни.
денеска се изнајадов, колку што можев и не можев, јадев и уживав.
печени костени.......... знаев дека се убави ама сум им го подзаборавил вкусот и сега кога ги пробав не можев да престанам да јадам. уште ќе јадев ама ми беше страв да не ми се случи нешто од преголеми внесени количества во моето тело.
инаку не знам како не му е жал на бартучед ми онолку да ја "цеди" баба. абе цела пензија и ја зеде, а башка другите баба и дедо што му даваат пари и башка што и го проши кредитот од мобилен. ја никогаш ама никогаш сам им немам речено ни на едната баба ни на другата да ми дадат пари. може се имам јавено 2-3 пати од нивните мобилни. а другиве внуци ги кренаа со се партали. ама затоа пак баба пред една недела кога и бев на гости ми даде 50 евра :D пред дочекот тоа беше и рече никому не кажувај поготово не на сестра ти.
баба по тато јавно признава дека сум и оминел внук. значи не ми се прави само пред мене туку пред сите внуци кажува. прво бебенце дома сум и се родил и душа дава за мене :love: има и постари внуци ама по ќерка и.

и така драга ти викам ако не излегувам вечерва ќе си го гледам тесна кожа :icon_mrgr: ај малку смеење не е на одмет. ама ако НЕ излегувам.

п.с. попладнево забележав дека ми го нема паричето што ми се падна лани за василица :( си го чував во паричник во башка преграда и види сега :mad: лут сум на себе..........
 
Драга Кајгана,

Моментот кога онака случајно ќе налеташ на хрватски форум кој е во сопственост на колега по круз компанија, а се надевам во блиска иднина и по департмент :) Си најдов инфо за се што ме интересираше, па коа ќе се вратам на брод, да продужам со процедура за трансфер :) Помалку слободно време, ама повеќе пари и привилегии :)
 
Драга Кајгана,
Јас сум нова на форумов, гледам допрва шо како оди. Морам да кажам дека има доста интересни "Мислители" хуху, :D
Се надевам дека ќе се дружиме :)
Имајте пријатна вечер... :))))
 
Ајде биди ми поздравена,

8a64df2bd2094d1a8959125.png
 
^Јеп, Северна Кореа сме станати.

Драга уште не проаѓа желудникот а денес испив 3 литра млеко и може 5 инекции ми ставија. Еве сеа и шеста, али шо држи само саат време. Него ај, саат саат кој ти дава.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom