Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга

Ова ќе биде долга ноќ предосеќам, а утре ќе биде тежок ден. Полагам математика :(
Се надевам дека ќе се случи некое чудо и дека ќе положам, па после на раат да си бидам.

Убаво звучи но дали ќе биде така, времето ќе покаже.

Од Саботата вечер па навака ми се заеба цела недела, ама тоа е што да се прави. Ги гледам луѓево се спремаат за Нова Година, интересни ми се, цело време навака - натака. Се надевам дека сите убаво ќе си поминат :)


Моментално ова слушам и си пијам Sinalco Cola, овие две работи ме враќаат во живот.

Држи ми среќа утре, па ќе ти пишам што сум направил :)

П.С. Спремете се за нови формули по математика, кои утре планирам да ги измислам на колоквиум :)
 
Понекогаш, ние поетите зборуваме сами со себе повеќе одошто можете да замислите.
Понекогаш и сами во себе, а најчесто тоа е пцовка и молитва во едно.
Се радуваме на капките живот,
по огледалата
по затскриените пајаци во мрежите што ги ткаат позади бојлерот во купатило
на прсканиците од пена за бричење по плочките
на сеќавањата заробени во кутијата за накит во која има се’,
а само накит не.
На патот што го изодуваме, зошто сам не се запишува
Па дланките ни помодруваат од студ,
речениците ни се свиваат во блуд
и гротеска,
во несмасна пиеска.
Умираме пиејќи Фервекс и несоница.
Ние, поетите некогаш, не знаеме што зборуваме
блаботиме само за да забошотиме
некои емоции што не заплиснале
како бран бол, бран сол, бран дол.
Како Рембо,
спиеме за да кажеме што сме виделе во сонот.
И јас, и ти, и Ти и Јас
и некои крпеници од сеќавања што почиваат низ Скопје
магла што ги јаде ѕвездите
сака да ми каже нешто.
Понекогаш, ние поетите никаде не сме...


Девојче, остави го Рембо, што ти згрешил човекот, убаво си пишуваше за тоа колку си заљубена и среќна, за Скопје, за мед...
 
Мало ширење на настанов, бар тука сите имаат доста работи за донирање, кои не ги користат, пошто знам дека не секој е во состојба да донира пари.

НИЕ за Македонците! Скопје за Тетово !




logo_malo.png
Во Сабота е планирано делегација на Комити да замине во Тетово кадешто ќе ја продолжиме акцијата на Војводи и Фа и ќе им помогнеме на загрозените Македонски фамилии во Тетово. Истата акција се спроведува преку една Македонска црква во Тетово, така да потребно е сите да се вклучиме и да се направи голем придонес. Во ова време на поделеност кое преовладува во последниот месец помеѓу Македонците, мораме ние самите како Македонци да си помагаме и да покажеме дека се имаме еден на друг кога и да е потребно. Да поставиме пример како секој Македонец треба да се однесува, и со нашата помош да усреќиме неколку фамилии пред Новата Година.
Во оваа акција може да се вклучи буквално секој така да очекуваме голема масовност не само од Комити туку од сите Македонци.
Во САБОТА 29.12.2012 ќе има поставено пункт пред Соборната Црква од 12-16часот кадешто секој може да донесе некој прилог со кој мисли дека може да помогне. Добредојдена е секаква помош: стара облека, цедиња, филмови, книги, прехрамбени производи, пари, значи повторуваме секаква помош е добредојдена. Секој од вас има облека која не му е потребна, а истата може да спаси нечиј живот оваа зима.
Затоа Македонци ајде масовно да го рашириме ова насекаде и да помогнеме со цело срце !

188627_441940732526884_906350633_n.jpg
 
слабо те дружев периодов,обврски си се обврски ама се е добро кога добро ќе се заврши (барем за мене,државичкава глеам одамна ни е замината во три лепе).
После долго време вистински слободен,па уште и сам дома на топло. Господ здравје на спорт клуб тв,ќе го пуштам мозокот на пасење и ќе си поминам една убава вечр гледајки НБА.
over and out
 
Многу е јако кога гледаш како продадени души ко Јанко и Борјан продаваат мадиња за бубрези на Твитер. Како не падне некоја атомска по грешка тука :гомце:

а, за мене, too tired to think, too tired to write, too tired to read. Десет минути само стискам нови мислења и ништо не читам, еве некако се наканив темава да ја отворам. Ќе си легнам кај и да е. Писс <3
 
Кајгана каде живеам јас?
Немам гледано вести подолг период и пред некој ден случајно ватив вести на Сител.Нели Сител треба се позитивно да објавуваат. Кога гледам пцуење,навреди,средни прсти и се останато.
Викендов излегувам од дома гледам простести пред влада. И тоа недела 21 часот. Па седете си дома утре на работа наспани отидете заработете некој денар наместо на ладново да мрзнете за политичариве што се имаат обезбедено за 2-3 поколенија.
Сабајле гледам некоја будала гола се соблекла и се дере да го убијат,некоја штрајкува а појма нема за што. Па добро бе во Зимбабве посигурно ќе беше да се живее.
А се ќе беше добро да знаев за што штрајкуваа.
Едниве се на власт и убаво им е така да нема причина зошто они за нешто би се бунеле.
Другиве 2 пати бараа вонредни избори и 2 пати ги добија. Ги изгубија изборите што би значело дека треба да ја сменат нивната политика а за тоа имаат 4 години време да размислуваат додека се во опозција.
Ах оваа моја чудесна земја..
 
Драга, ги изнесов по пижамчиња на тераса и ги терав да пеат навивачки и патриотски песни - на цел глас! Ја бараат обединета Македонија, а пеат за Гоцева тЕраса... Ги спремив за Солунско поле, ама заборавив да им спомнам за „Златна зора“ и за зулумите.:pos:

Они мене „Опа, гангбанг стајл“... :pos:


And I think to myself, what a wonderful world!!! :X3:
 
Синка уште еден ебен колоквиум и неколку дена одмор..после нова година имам уште 4 :mad:
и тоа е нема Нова Година за мене...
и Миљачо нека пукни инсталирав Матлаб

и уште еден цитат инспириран од Кајгана календар
Јас те сакам а ти како сакаш.
 
Драга,

..дремејќи на форумов гледам темана за покер, па ми се врати едно убаво филмче во глава.
Лето, јас и они, цвикери, купе во воз, сите седишта целосно спуштени и купето уствари ти е претворено во еден голем кревет, врата заклучена, прозорче отворено да не издува, крст нозе, мавање покер у велико, а во позадина мани фор натинг чикс фор фри. И така со саати - прајслес! :cool:


Ги обожавам онаквите моменти со откачена креативност. Cheers to that.
 
Си ги скршив наочарите од 90 долари денеска после 3 години :mad: , сега ми е криво оти не ги донирав парите за некои гладни деца на Хаити кога ги купував.
 
Еден јак момент од Трето Полувреме, сеа не знам дали вака беше точно текстот ама:
- Како се вика овој тим бе?
- Македонија...
- Како!?
- Македонија
- Па то е свето име мамето ваше! Гледајте да не го обрукате!

А не да го обрукавме Кајги, маме му ебавме.
 
Кајги гледав вчера едно интервју со Есад Рахиќ и ми текна дека јас уствари 2 години и го острам на ќерка му, а никако да и го закачам . :D А многу сум имал мерак кај Есхо зет да се правам, дури и домазет ќе сум одел, па и ќе сум се сечел ако треба. Што има везе бе ... љубав :love: Така, тоа ми лежеше да душичкава да ти го кажам :P
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom