Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
Ајварот не ме уби, среќен сум.
За промена, со задоволство ја правам семинарската. Добaр дел од текстот ми е посветен на Мајкл Џексон и спотот за Black or White :pos:
 
Сител со уште една топ изјава. По повод вчера фрлениот молотов коктел на ѓон пијан човек Ивона излага со ваква изјава: Скопјанецот бил инспириран од филм прикажан на МТВ 1 во 20 и 15, што значи дека државниот сервис директно поттикнува насилство. Јој туго мајко.:facepalm:
 
Ме болат сите мускули напнат сум до немајкаде како на федер ако откачам лошо ќе биде :icon_lol:. Десктопов ми е глуп малку во однос на лаптопов и треба глушец да си купам во иста боја со него симнува торент цела сезона 4 гига :icon_lol:.
Сега ќе правам комбинација глутамин креатин и ќе се опуштам после :icon_lol:.


Ајдеееееееееееееее ми фали нежност трпение љубов и разбирање и тоа оди песмата.....

 
Д.
да си се испоштуваме како луѓе оти кај и да е, ќе дојде крај на светот http://tocka.com.mk/8/81520/nostradamus-go-predvidel-gangam-style
инаку драга си седам со фацава обесена надолу.
не очекував дека тато има вакво мислење :facepalm: ме разочара малку и ми се расипа и расположението и се.... у пич*у материн.
му викам се запознав со една колешка денеска и и понудив да бидеме заедно во еден проект (треба партнер да си најдеш) и
тато ми вика: а таа колешката од која класа е? прва, втора.......има колешки/партнери од различни класи!!!

п.с. како што ми изгеда работава ќе ми треба малку од повеќе време да си ја најдам љубовта на животот. :гомце: љубов???? што беше тоа????
 
К,
уште не можам да поверувам што се случи. :X3:
Се сретнавме драга, прв пат се видовме во автобус :LOL:, и тоа баш кога ја се враќав од забар, преморена, ненашминкана - сигурно сум му мирисала на лек ... Па биваше ли во такво светло да ме запознае? :( Кој малер сум, еј :tapp:
 
Ne mi se veruva vremevo kako si pominuva :D
Vcera mi bese nova godina :D
Sea uste malku, pak nova godina :D
Dojdi <3
 
Passed down to you....
Си напраив еден вид на ретро во темата за „Што читате во моментот“ и закључив треба да го посетам Х.Џ. Велс да ми позајми временска машина, да си напраам тро муабет со одредени веќе нетолку активни членови. Како и тоа да се преусмерам себеси без да го читам сиот оној кич од литература. Ама јебеш га. Велс е мртов.
Елаборирав за хипстерите предтоа, мрчам во името на фалш уникатноста, а се глеам и себеси у задње време да не станам еден од оние “живеј за денот коа ќе се појават“. Него, некако откако го добив лаптопот и по летово поминато со купче литература, ми се врати желбата да јадам г. овај де, да пишувам тро. Некои бесмислени раскази, со тони субјективност и зрно поента. Шта чеш... Другарка ми башка пушта тужни песни на фб, ама душа не ми дава да тролам. Се осеќам меланхолично исполнет, со жар да јадам г. Пак се врти работава у круг, јбг.
So says Saladin...
 
Кајгано,
Доволно е да помини човек од тука и да се чувствува како да поминал низ ДБК документацијата за граѓаните во Р.М.!
Само овде самите се си кажуваат...
Сонца... :love:
 
Супер си пројдов после долго време :p ајде и утре вака :D
 
Драга кајгано, моментално исправам печатни грешки дека одвај ги гледам буквиве..
И да, вечерва направив некои равоти од кои не сум горда..
Ајт.. млади сме и пијани, ќе ни се прости зар не. Очиве ми се затвараат идам да спијам под итно.
Добра ноќ!
 
Драга Кајгана,
Понекогаш едноставно не можам да сфатам како можат луѓето да бидат толку ебано дволични. Ретко се дешава да имам потполна доверба во некој, а кога конечно мислам дека сум нашла некој што го заслужува тоа, тој така ќе ме разочара што ќе посакам воопшто да не сум го запознала. Се убедувам себеси дека не се сите исти, а постојано си го докажувам спротивното. Секоја особа која нешто ми значела, на крајот ми забила нож во грб. А што е најстрашно, знам дека сама сум крива. Знам и каде грешам, ама ете никако да ми дојде памет. Не знам, можда е подобро така, сега барем знам дека некои луѓе не ни требало да имаат место во мојот живот. И повеќе го немаат. И на тоа место ќе дојдат други. И тие ќе бидат исти, ако не и полоши. И се така у круг... И постојано ќе те разочаруваат, и постојано ќе те повредуваат. А боли. Боли да сватиш дека сите тие убави моменти биле само лага, една проклета ебена илузија.

Не за џабе кажале: „Човекот пати додека да сфати, а кога ќе сфати пак пати, зашто сфатил дека залудно пател.“

Толку од мене, поздрав.
 
Драга,
убаво поминавме вчера на роденден вечер идеме јако пак на роденден хахахаха :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom