Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
зошто секогаш јас сум „паметната“ која ќе ги испочитува луѓето кои не заслужиле? (n)
Не ми е тешко што откако се вратив не сме се виделе и што не излажа сите, тешко ми е што не ми кажа лично, туку објави на глупавиот фб.
Што ќе се случеше ако не постоеше фб? Немаше да ни каже дека и се случила најубавата работа или тука сме само кога ни се случуваат лоши работи и погреби? :(
Цело друштво и се лути поради тоа, а јас и покрај тоа што сакам да и се налутам, не можам. :unsure:
И така Драга, нема веќе другарство како порано. Се е отидено...
Повели:
 
ДиКеj
на 12ти праам операциjа а на 13ти се сликам за возачка. Дали тоа вишата сила also known as God ме казнува за моето богохулење? :confused:
 
I like to think of myself as a person who can do whatever he wants in life, but at the end of the day I am disappointed because I haven't done anything.
 
Абе ало.

Кока кола + кафе во 9 навечер.
Глеам ја ќе си ноќувам со саксиине надвор и ќе му цитирам на небото песни од Рилке.

Го глеав To Rome with love. Вуди сериозно треба да си се пензионира и да престане да мисли дека е смешен. Пишував некои кратки сижеа и лажно возбудливи редови. Праќам кај стигнам. Возевме точаци. Дожд и Месечина. Само во Скопје го има тоа. Неуморни прсти, глава да те заболи. Па меланхолија завиткана у шутрачки фишек ко за семки.
Магарешка клупа и ја со фишекот на глава.
Сакам фала да речам, ама не знам како. Општо. За животов и сите драми и недрами и растење и филмање и гледање реалност. Па со Скопје се клоцаме ко седмооделенци, па ја после вуду кукла му праам од перниче и боцкам игли во него. Шарен конец. Небаре од виножито и полово френдли.

Ми недостига, Тој. Да му праам шпагети со поминат рок, да свириме на усна хармоника на балкон по гаќи и да печеме брокула и шницли на малото скариче на балкон. Да делиме рум штангли, и секогаш тој да изеде повеќе. Да перам садови безволно, ама кога ќе го видам како ме гледа, одма се претворам во пин ап чупица и сакам да го предизвикам.
Врати се море еј, 2013 иде.

Види, ја ги делам луѓево на од Љубов и од Нељубов створени. Не знам ни зошто се обраќам. Можда зошто веќе ми е блиску се’.
Сите отидоа у Италија периодов. Сакам и ја. И да се сликам со пици и плоштади.
Ама ми се бега у Амстердам. Точак, зеленила, храна и инсталации. И Скопје ќе си го посвојам со мене.
Драга... Пораснав.

Сега сакам раат и деца и да им читам Џани Родари пред спиење.
Ама ипак сакам да се дерам на Depeche Mode пролетва на север.
Ќе направиме.
У множина. Секогаш.

М.
 
Мала, не е дојдена зимата додека не ти отрпне и посини газот после 5 минути на тоалет. Топло е уштеееее .. :icon_mrgr:
 
Осеќам дека мојата импулсивност повторно ќе ме стави во незавидна положба...Краткиот фитил и неспособноста за тактичко дејствување во односите со другите си го прави своето...Поентата ми е на работа ова како ќе ми се одрази имајќи превид дека околу мене има широка лепеза на различни карактери од кои најголем број се невидени лицемери и прорачунати до максимум кои пред тебе се смеат, а позади грб Бог знае што ти прават...Тоа е кога работиш во голема компанија...Ваквите како мене го јадат стапот во вакви ситуации...Пример една од нив, која 2 месеци по ред ми се мешаше во мојата работа, а е од друг сектор и уживаше на поновите во компанијата како мене да им глуми директорка, многу убаво си го доби пред два дена...Тоа што цела компанија го мисли за неа, а никој не се осмелува да и го каже, и го кажав на невидено дрзок и безобразен начин и тоа во присуство на други колеги...Кој ја врти...Кај сака нека иде да се жали...Нека иде на некој друг комплексите планински да ги лечи...И на другите им се чудам - органски не ја поднесуваат, а муабетат со неа...Ќе поминам покрај неа, ќе ја изгазам, ама на такво лајно бре му зборам...Од друга страна пак ако решам поголемо ова да го правам и да идам горе во управа да ја пријавам никој од многуте колеги од страв нема да застане позади мене...Ќе треба лично сама војна да водам...Затоа ја избегнувам зашто ако продолжи со провокации ќе бидат спектакли на работа...
Тоа е...
 
Абре...
Јас не сум од_овде.
Овде ноќва паѓат грубо. Со зачнато пиво, со чкрипење на кочници.
Без милост, без скрупули. без продолжено светло.
Луѓево овде се алчни и одлучни. Ама тешко е да се кажит дека воопшто гледет нешто.
Само лутет лево десно, обидувајќи се да ја убијат последната трага на свеста.

Јас не сум од_овде.
 
95_427aeeb4d13e9194ed7c19f5aa21edfe_main_large.jpg

ДиКеj пиjам вакво, отрпнувам по малце и убаво е :) Cheers
 
Спомнат во битните години од битните луѓе.
Ни јас не би влегол во биф со себе.
 
Го мразам времево.
Цел ден глава ме боли ради оваа промена на времево. Од 1 до 45, се истури, а после оп сонце, и како да не те боли глава бе?

И знаеш шо, многу мразам кога некоја ми се праи невина, а пред 5 минути истрчала, и вели, ејјјј брат му седев на тони зен вскут. Oблечена само по хулахопка, и кошула отпетлана до папук, уствари не е облечена, соблечена е. И после чудисе ти од кај имале они насекое по 3-4 илјадарки в кесе. Да ви се плукнам во невиноста, курвишта.
 
Стварно не ми е јасно кај отидоа поштените луѓе?
Сите се чудиме зошто се околу нас е заебано? Па како да не е заебано, кога секој ебен момент се трудиме што повеќе некој да го навредиме, омаловажиме, истроламе на некојси наш глуп начин кој никој друг освен нас не го разбира. Не разбирам од каде сетаа таа потреба да потцениме некој само да се чуствуваме возвишено во своја кожа? Која е поентата да го заебаваш некој друг, само за пред себеси да докажеш дека си "добар." Самите се измислуваме лаги за потоа пред другите да се представиме со нив, демек ја сум добар. А уствари не сме. Како можеш да бидеш среќен ти, кога знаеш дека вчера некого си заебал јако, си го понижил пред сите. Што ако ти беше тој кој го понижуваат? Ќе се чуствуваше ти среќно? Можеби навредата на навредениот ништо не му значи, но на некој можеби му е се. Од каде знаеш што тој претрпел во денот, па ти уште паметен да се најдиш да го навредуваш, за банална причина, само за пред друштво да покажеш дека си кул? Или пред себеси не е важно. Ја сум заостаната или нешто чудно се дешава на денешницава? Секој за секој јади гомна без потреба. А некои исто така секој ден, ама баш секој ден се китат со туѓо перје, која е поентата на ова? Еден ден вистината излегува на виделина. Кога ќе ми текне пред 3-4 години, кои луѓе неа најфраерчиња во клас, баш од овие исти постапки, ми иди да ги исплукам во фаца. Како сите можеле еден идиот таков да го толерираат поради...незнам поради што, едноставно таква му била среќата. Тие истите ни ја донесоја модата со искинатите фармерки бе, шо е работава да не немате пари да си купите здрави? Разбираш што ти велам? Таквите несвесно ни вметнуваат некои си нивни манири, и сељачки постапки, што и нас не прават на исто ниво со нив. Незнам како но пополека сите ги прифаќаат нивните начини за живот. Незнаете бе да си се истакнете со она што вие сте? Туку треба да направите нешто кое некој глуп го прогласил демек е многу важно па ај сите ќе правиме така, и тогаш кул сме, така? Не знаете да го направите она што вас ви е интересно и важно и да привлечете внимание со тоа, а не со она што сите други го прават? Не е интересно, немам коментар друг....
Затоа ваквите идиоти кои не мислат на ништо друго освен ЈАС, без трошка култура и некаков потенцијал во нив, се издигнуваат, а така кажано паметните, кои со својот културен начин на однесување, да не навредиш некој и секогаш да се однесуваш коректно, одат кон дното. Затоа и Македонија е таква, поради ептен за никаде карактерот на македончето.
Глупаци.

Секоја чест на тие кои на сите освие глупости останаа позитивни. Стварно ми требаат луѓе со позитивен став, оти вака не оди..
Толку од мене, заминав јас.
 
59065_386749611407818_177111198_n_large.jpg


Па тоооо!
Петок, срце мое!:oops:

Баш ми е драго што е петок, пијам кафе, средувам некои работи и со мислите таму некаде...
Петок од секогаш ми бил ден посветен на себе. Уште од основно се знаеше - петок - книга не се фаќа, домашно не се пишува, не се учи, само се одмара и се ужива во животот. Тој став кон петок и животот се уште го имам и го практикувам.:icon_mrgr:

FREEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEDOOOOOOOOOOOOOOOM!:icon_mrgr:
 
После толку време се расплакав за часовникот што ми го скршија.
Толку ме заболи срцето што ронев солзи.
:confused:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom