Стварно не ми е јасно кај отидоа поштените луѓе?
Сите се чудиме зошто се околу нас е заебано? Па како да не е заебано, кога секој ебен момент се трудиме што повеќе некој да го навредиме, омаловажиме, истроламе на некојси наш глуп начин кој никој друг освен нас не го разбира. Не разбирам од каде сетаа таа потреба да потцениме некој само да се чуствуваме возвишено во своја кожа? Која е поентата да го заебаваш некој друг, само за пред себеси да докажеш дека си "добар." Самите се измислуваме лаги за потоа пред другите да се представиме со нив, демек ја сум добар. А уствари не сме. Како можеш да бидеш среќен ти, кога знаеш дека вчера некого си заебал јако, си го понижил пред сите. Што ако ти беше тој кој го понижуваат? Ќе се чуствуваше ти среќно? Можеби навредата на навредениот ништо не му значи, но на некој можеби му е се. Од каде знаеш што тој претрпел во денот, па ти уште паметен да се најдиш да го навредуваш, за банална причина, само за пред друштво да покажеш дека си кул? Или пред себеси не е важно. Ја сум заостаната или нешто чудно се дешава на денешницава? Секој за секој јади гомна без потреба. А некои исто така секој ден, ама баш секој ден се китат со туѓо перје, која е поентата на ова? Еден ден вистината излегува на виделина. Кога ќе ми текне пред 3-4 години, кои луѓе неа најфраерчиња во клас, баш од овие исти постапки, ми иди да ги исплукам во фаца. Како сите можеле еден идиот таков да го толерираат поради...незнам поради што, едноставно таква му била среќата. Тие истите ни ја донесоја модата со искинатите фармерки бе, шо е работава да не немате пари да си купите здрави? Разбираш што ти велам? Таквите несвесно ни вметнуваат некои си нивни манири, и сељачки постапки, што и нас не прават на исто ниво со нив. Незнам како но пополека сите ги прифаќаат нивните начини за живот. Незнаете бе да си се истакнете со она што вие сте? Туку треба да направите нешто кое некој глуп го прогласил демек е многу важно па ај сите ќе правиме така, и тогаш кул сме, така? Не знаете да го направите она што вас ви е интересно и важно и да привлечете внимание со тоа, а не со она што сите други го прават? Не е интересно, немам коментар друг....
Затоа ваквите идиоти кои не мислат на ништо друго освен ЈАС, без трошка култура и некаков потенцијал во нив, се издигнуваат, а така кажано паметните, кои со својот културен начин на однесување, да не навредиш некој и секогаш да се однесуваш коректно, одат кон дното. Затоа и Македонија е таква, поради ептен за никаде карактерот на македончето.
Глупаци.
Секоја чест на тие кои на сите освие глупости останаа позитивни. Стварно ми требаат луѓе со позитивен став, оти вака не оди..
Толку од мене, заминав јас.