Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
575238_10151283653748987_699462799_n.jpg

Драга , пара врти где бургија нече .... o_O

Сејо бој би рекол-Са твојом црном косом да помјешам плаву.

Иначе стручно се нарекува еурокремче комбинација. Кај е ова 69 или Ванила?
 
Кајгич

Денес сум ваква :cool:

Денес мува не ме лази.
Згора на се, ме застанува чичко полицаец и ми вели ‘‘ Знаеш дека е задолжително да се вози со запалени светла‘‘ а јас: ‘‘ Знам, ама дење штедам струја‘‘ :icon_mrgr:. Се изнасмеа и ми рече ‘‘Ајде бриши‘‘, па со брзина на светлината си фатив магла во случај да му текне ‘‘дали имам зимска опрема‘‘ :pipi:
 
денес решив на моите да им напраам пица, али изглеа утнав нешто само не им кажувам :) Нека забележат самите
 
Сејо бој би рекол-Са твојом црном косом да помјешам плаву.

Иначе стручно се нарекува еурокремче комбинација. Кај е ова 69 или Ванила?

:D Ова е некој српски парламентарец , си ужива човекот ...
 
Кагајнче
И се чудам на мојата рамнодушност.Од ден на ден расте и изгледа не планира да запре на одредена точка.
Се трудам да почуствувам нешто, било што макар негативно, но не можам да го пронајдам каменчето кое го затнало тој извор.Можеби е само едно мало каменче, а можеби и над тоа има уште стотици други.
Лошото е, што не се ни трудам да дознаам.А уште полошо е што можеби повредувам некого на овој начин, а не сум ни свесна.
Животиште :)
 
Кајги,
Боли кога те повредуваат блиските луѓе. Боли кога сакаш да ја кажеш маката а немаш на кого, т.е имаш, ама никој не сака да те слушне, не сакаат да се замараат со туѓи проблеми, сите се себични. Дури и времето што го поминуваш со нив, е доволно за нив. Како може да биде доволно, кога ќе изгубат некого, тогаш ќе им биде криво што не поминувале подолго време заедно. Едвај чекам оваа година да помине, покатастрофална не можеше да биде, во ниедно поле ништо да не ми оди, зарем толкав баксуз да сум. Покрај сите маки ќе се обидев да станам на нозе, и пак назад ќе се вратев, и па пак исто во круг. Понекогаш мислам дека немам сили да продолжам понатака, али што да се прави, животот продолжува...
 
Мала, вреска на Божиќ и Нова Година секаде околу мене, влезен сум во еуфорија и празнично расположение уште од минатата недела. Вчера го искористивме денот и скокнавме до Бугарија на прошетка. Секој втор дуќан им е уште од сега украсен, елки, сијалички, дедо мразовци, ирваси, санки .. Уште повеќе ми разгоре жарот:vozbud:, а од ноември имаме уште недела дена и тек треба колоквиуми да управуваме ..

И ова, на враќање влеговме во Лидл на ситни покупки - они веќе со излезена празнична брошура и пази го ова : За само 3 лева и 49 стотинки - Коледна торбичка с'с шоколадови лакомства ! :pos:
 
I'm cool like a swimming pool.:cool: Животов е убав, јас сум препородена, не можам да престанам да се смеам, весела сум...
Се погоди живечката периодов!:love:
 
Драга,
Ја имав најнервозната недела во последниве месеци. Толку нервоза изедов што верувам дека ми се појавија уште два чира на желудникот. И кога мислев дека денес до 14 часот се среди работата која е наопаку од сам почеток, гром од ведро небо - уште толку се заплетка :facepalm:
Досега се лечев со Дејвид Боуви од стресни ситуации, од сега ќе се лечам со Тома Здравковиќ, чисто да разбијам малер.
Татко ми од мала ми велеше, учи ќерко да не работиш трета смена, тоа е најтешко. Е татко татко, боље трета смена да идев и физички да се замарав одколку ова. Не си бил во право. Боље цел ден гајби да растовараш и рацете да те болат, одколку мозокот да ти испрсне за две секунди од стрес.
Одвај го чекам викендов. Додека јас го чекам, господарот на кафаните нека пее во позадина:
 
Ех Љандра, знам дека не треба овде да се цитираме, ама моите во право беа на времето. Ми викаа да учам, за да не работам. И еве јас не работам. Ама па за тоа и сум учел.
Така Драга......
 
Драга...некогаш нема збор што може наjсоодветно да опише како некој се чувствува...
Случајно наидов на нешто што ми се допадна па ете да го споделам со тебе, ќе ти се допадне сигурно :)
" Ама филмот се сврти. Ете ја сега! Дојде некој што знае да ја цени. Јас ја научив од што треба да бега, а некој друг ја направи среќна. Јас само солзи знаев да видам во неа. Ваљда и не бев способен, јак мангуп на зборови! И сега цел живот ќе ја гледам и ќе вртам глава.“
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom