Драга,
Ја имав најнервозната недела во последниве месеци. Толку нервоза изедов што верувам дека ми се појавија уште два чира на желудникот. И кога мислев дека денес до 14 часот се среди работата која е наопаку од сам почеток, гром од ведро небо - уште толку се заплетка

Досега се лечев со Дејвид Боуви од стресни ситуации, од сега ќе се лечам со Тома Здравковиќ, чисто да разбијам малер.
Татко ми од мала ми велеше, учи ќерко да не работиш трета смена, тоа е најтешко. Е татко татко, боље трета смена да идев и физички да се замарав одколку ова. Не си бил во право. Боље цел ден гајби да растовараш и рацете да те болат, одколку мозокот да ти испрсне за две секунди од стрес.
Одвај го чекам викендов. Додека јас го чекам, господарот на кафаните нека пее во позадина: