Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Не, туку многу паметна се правиш. И да ти кажам право можиш да најдиш начин да им помогнеш на тие луѓе или барем да се обидиш.
Многу сте јаки вие хуманитарците... НА ЗБОР.

Такви сНе. Лицемери и соросоиди!
 
Милааааааааааа....
И конечно дочекав некоја другарка да ми падне во тавче :noze:
Какоо убаво ја запроси, повозбудена бев од неа. :vozbud:

Само убави работи нека се случуваат. :love:
 
Изгледа премногу љубов не и годеше! Ќе патам уште подолго време знам,ама бар си отидов со гордост и машки.Само знам дека тоа беше најболниот момент во досегашниов живот(не дај боже да има поболни).

За мене беше она најдобра,ама за неа има и подобри од мене,тоа е тоа.Одиме понатаму,знам дека животот ќе ми даде многу убави моменти. И за крај,никој нема да ја сака повеќе од мене.
 
Тежок ден. 7 саати спиено во рок од 2 дена, нервоза, депресии, абе катастрофа... срцево почна веќе да ме боли, човек да не можи да се подмрдне, одма ја осеќам физичката болка. Нека пукни!

... уште 2 саати, ако издржам. Па утре здравје ако се разбудиме, нова страна на животот. Фаза на исчезнување на депресии, нервози и помирување со реалноста. Се надевам ќе се справам со тоа.

Ко ќе размислам подобро, можда и подобро е така. Различни бевме скоро во се, премногу ти попуштав и многу ти дадов. А ти тоа не го ценеше! Овој пат згрешив, да, признавам. Ама ти 2 пати згреши и си играше си моите чувства, и пак бев секогаш тука до тебе. Никогаш не го сменив односот кон тебе!

И мислам дека редно време е некои личности да исчезнат од мојот живот, засекогаш. Хммм.
 
Кајги главава ќе ми пукне,значи нема чаре,и многу алкохол не е на арно:D.
 
Драга, одам во продавница и барам макарони.
Макарони нема, мораше цел рафт да го пребарувам за да најдам какви што сакам, и глеам 75 денари. Одам да платам на каса, и и велам на продавачката, овие се 65 така? И таа не бе, ги покачивме цените. Нема пари знаеш, од кај да ни даваат плата мора да се покачат цените.
Одам после тоа во друга продавница да си купам сок. Таму 72. И прашувам оти ги покачивте цените на соковиве? Оти требало да бидат како во сите продавници. А ова ти е дисконт за пијалоци, ебати дисконтот, да знаев немаше да шпартам до горе за 2 кила сок.
Значи, македонија покачи СЕ, освен плата. Да ти се плукнам во државата, мене можи парите на дрво ми растат.
И да знаеш, цел град кружни ми го напраја, кога ќе положам му се еба мајката и на бензинот.
 
К,
Мали ^ је мало нервозан! Сигурно нема клецано EVER!
Инаку слушнав утре ќе имало протести против немажените и без деца на плоштад, за зголемување на наталитетот ... Кој ќе ме дружи да делиме кондоми на плоштад под мотото: Се моли Николче да ми излезе од спална, да не го напупам и него... :)
 
Кајгич :love:

Денес разгледував стари слики, одамна не сум чепкала по старите албуми.
Слика од детството:
Јас, мала и ситна чечкалица со долга виткана коса и баба ми со чинијата во раце веднаш позади мене :pipi:Стоиме во градината, а околу нас цвеќиња, секое цвеќе си имаше свое име, па баба ми со нерви како челик се обидуваше да ме нахрани со ‘‘ Ај сега еднаш лапни за Ленка, сега лапни за Сузана, сега лапни за Менка‘‘,

Слика од градинка:
Јас, со ново фустанче, со убаво исчешлана коса и 2 бели панделки :pipi:а до мене Диме, еххх Диме, (оригиналната верзија му беше ДимЧе), Диме ми беше мојот прв дечко, а причина за да тој Диме ми биде дечко беше тоа што кога одевме во колона по двајца, редовно јас и тој бевме едно до друго, дури и моравме да се држиме за рачиња, па од таа проста причина, тој автоматски ми постана дечко.

Слика од основно училиште:
Гордо исправена, стојам до нашата наставничка :pipi:а таа ме гушнала некако малку погрубо, отколку онаа другата ученичка од нејзината лева страна или пак можеби мене така ми се чини :unsure:, не, не, сигурна сум дека и бев омилена ученичка, па можеби затоа така ме гушнала цврсто за да ја покаже нејзината љубов кон мене.
Кој знае од каде на мајка ми и дошла идејата за мојот аутфит :unsure: сино фустанче, жолти хулахопки и лакирани црвени чевлички, убитачна комбинација :LOL:

Слика од факултет
Моментот кога бев ИДЕН академски граѓанин и кога си фантазирав дека некои си таму важни институции ЕДВАЈ чекаат да дипломирам, па да пролеваат крв меѓусебе, кој да ме запосли прв.

Слика од денес
Немам, не сум се фотографирала деновиве :pipi:

Еххххх мое минато,
 
Д.К. мислам дека го разболев левиот бубрег, ми дава sys failure :/

И да, има посебно место во пеколот за овие што користат бесплатни минути од операториве за замарање.
 
Ау темава... Глава да го фркне човек :pos:

Иначе, конечно ми заврши колоквиумскиот месец. На прагот е меѓу-полагањето до втор колоквиум. Ти ибам факултетот, дерман да се немало.
Гледам малку Скопски фестивал. Се изненадив. Не е толку очајно колку што очекував. Единствено е штета што повеќе ова не е место кое проуцира песни кои се слушаат со генерации... :(
Какви текстови, каква музика излегувала порано, прекрасно!

 
Здрасти Кајганче,

Дивали беше на 13ти, ама дури денеска беше прославата.... Ногу беше јако, требеше да дојдеш.. Забава без алкохол, бесценето...

 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom