Планирам да го избришам фејсбук акаунтот, музичките групи во кои партиципирам и кои се единствената причина зошто сум таму овие денови се запустија по наездата на жени.
Жени не ги бидува за прогресив и пост рок, нема ниту една причина шо да бараат во такви музички групи и да постираат видеа Wish you were here, форумов е вистинско огледало како треба да изгледа музичка група за пост и прогресив рок....Без жени!!...Но Пасаран!!.
Единствена жена која што може да биде таму присутна е
Дајне.
Апсолутно те разбирам и поддржувам, иако ме чуди како не си нападнат како простак.
Јас исто така се осеќам кога одам во кафана. Во последно време не само што бројот на жени во кафана е еднаков со бројот на мажи туку веќе почнува и драстично да се зголемува, некои вечери во Мома на пример жени-мажи биле и 75%-25%. Кафаната отсекогаш било машко прибежиште, наш бастион. Таму одиме да славиме, да се веселиме, да се исплачеме, да не жалиме за потрошени пари затоа што не постои пара којашто ќе го откупи меракот, ќејфот, атерот. Кафаната е одраз на се што е машко, видливо или притаено. Јас сум гледал луѓе како карпи кои пукале во кафана, арогантни копуци кои сиот тој вишок на цинизам а недостаток на афекција го надокнадуваат таму и се како мали мачиња. Други бегаат од сопругите и на час се тргаат од домашните заебанции, сепак ги разбирам не е лесно да си женет, замор голем е тоа. Маските паѓаат, душите се отвараат, целиот јад, немир, страв, сиот бол се споделува, се амортизира, се формира армија од познати и непознати која никогаш нема да те остави а ни ти нив, макар и тоа никогаш траело дур не им прават пали-гаси на светилките што е знак за фајронт. Кафаната е рестарт, рифреш цтрл+алт+дилит. Гнасни луѓе бегаат од кафана, затоа што таму се скенира душата а не новчаникот и бргу биваат разоткривани какви јалови педерчиња се. Ретко има лоши луѓе во кафана. Дури и јас во кафана се претворам во личност која сите околу ја сакаат.
Имам едно куче масивно и грамадно личи на волк. Морам секогаш да го носам со мене-дома, на работа, па дури и на одмор. Секогаш наоѓа начин да влезе дури и ако му ја затворам вратата ќе ја скрши, а морам да го држам на ланец оти се ќе направи пуздер, не знаете колку го влече ланецот, колку сила и енергија бара да го балансираш да не избега и да не направи лом. Само во кафана не влегува со мене. Чека надвор и не мрда. Знам дека кога ќе излезам од кафаната таму ќе биде и одма трга по мене. Ама дур сум во кафана седи надвор, а јас тоа го користам за да одморам малку. Го посматрам и под мустаќ иронично му се смеам и му викам-Барем овие 2-3 саата раат ид тебе, седи надвор малце да видиш како е. Во таа кафана си се сакам најмногу, за мене тоа е најблиското нешто до апсолутистичка слобода што човек може да ја осети. Цела филозофија на животот кажана во најсимплистичката и проста форма без било какви тупења се наоѓа во стиховите на Аца, Синан, Тома, Јонче, Тања Савич, Џеј, јадење и пиење има, што друго ти треба? И тоа е единственото место каде што одморам и од било која тематика поврзана со жени. Не ме влече да ги забуљам у цицки, едноставно не ме интересираат ич. Дури и ми го сквернават местото сакам таму да ги нема како што беше и порано. Кафаната е премногу морално чисто а хигиенско-естетски нечисто место за една жена која што е сосем обратното да припаѓа таму. Комплетно ќе ги сфатам ако они истото го мислат кога ќе видат машко во тие нивните салони за убавина Силуете, Сикрет, Жен Шен и како и да е. На крајот на сеансата излегувам и го прибирам кучето. Се знае што од женски пол смее да присуствува во кафана. Кафекуварката и певаљката, поради нивната специјализација и неопходност да бидат единствено женски таму.
Жени, нема што да барате таму исто како што нема што да барате на тема прогресив рок. Оставете не тоа да си биде наше катче, наше место, место каде што не ни требате, а ни требате многу само не во кафана. Одете си на шопинг, плачете си со другарките и тоа на мобилен оти живеете на 100 метра една од друга како мангупот ве оставил за швалерката, опнете минич, деколте и одете во Чао или Ликвид и Расчекор или Ејнџелс за да си најдете веднаш муво-ебач кој ќе ви ја амортизира болката, или сменете ја фризурата за да нешто смените (нова фризура за побрзо нов дечко) еве на пример пола лејка да си ја избричеш е сега во мода. Ама оставете ни ја кафаната на нас. Колку и да се отчукавате таму и да личите како заклани кокошки кои уште 5 минути се живи и препелкаат без глава, колку и да ги пеете песните на глас, колку и да мислите дека ја сакате кафаната, вие не ја разбирате и никогаш нема. Туѓ е тој концепт за вас, можете ако сакате и да живеете во кафана ама никогаш нема да ја доживеете, како што и јас никогаш нема да знам што значи да си мајка и да носиш нешто 9 месеца во тебе, така и вие нема да можете да ги сфатите песниве, како што нема да може ни највредниот Јапонец, ни најлогичниот Германец, најинтелигентниот Енглез...