Кајгич
Денес разгледував стари слики, одамна не сум чепкала по старите албуми.
Слика од детството:
Јас, мала и ситна чечкалица со долга виткана коса и баба ми со чинијата во раце веднаш позади мене

Стоиме во градината, а околу нас цвеќиња, секое цвеќе си имаше свое име, па баба ми со нерви како челик се обидуваше да ме нахрани со ‘‘ Ај сега еднаш лапни за Ленка, сега лапни за Сузана, сега лапни за Менка‘‘,
Слика од градинка:
Јас, со ново фустанче, со убаво исчешлана коса и 2 бели панделки

а до мене Диме, еххх Диме, (
оригиналната верзија му беше ДимЧе), Диме ми беше мојот прв дечко, а причина за да тој Диме ми биде дечко беше тоа што кога одевме во колона по двајца, редовно јас и тој бевме едно до друго, дури и моравме да се држиме за рачиња, па од таа проста причина, тој автоматски ми постана дечко.
Слика од основно училиште:
Гордо исправена, стојам до нашата наставничка

а таа ме гушнала некако малку погрубо, отколку онаа другата ученичка од нејзината лева страна или пак можеби мене така ми се чини

, не, не, сигурна сум дека и бев омилена ученичка, па можеби затоа така ме гушнала цврсто за да ја покаже нејзината љубов кон мене.
Кој знае од каде на мајка ми и дошла идејата за мојот аутфит

сино фустанче, жолти хулахопки и лакирани црвени чевлички, убитачна комбинација
Слика од факултет
Моментот кога бев ИДЕН академски граѓанин и кога си фантазирав дека некои си таму важни институции ЕДВАЈ чекаат да дипломирам, па да пролеваат крв меѓусебе, кој да ме запосли прв.
Слика од денес
Немам, не сум се фотографирала деновиве
Еххххх мое минато,