Драга од дамна не сум ти пишал па ајде денес се решив. 
Денес Понеделнички неделава ми почна прилично лошо, спиев само 3 саати, бидејќи од 8 полагав Математика, и уште не освестен отидов на факултет. 
		
		
	
	
Нешто во овој стил....
Беше што беше доаѓа професорот да дели тестови, ми дава мене и кога го видов реакцијата беше 
 
 
Сега следува интересниот дел, решавам и стигнав до 3 - та задача, и кога ја прочитав знаев дека тоа е тоа.
 
 
 
Седев се мачев и пробував да ја пробијам со некои мои техники и математички формули кои што ги измислив токму јас, и кога видов дека не иде ми пукна филмот и почнав да се нервирам, и кога го видов професорот како влегува повторно во амфитеатар ми идеше да го направам следново.
 
 
 
И на крај кога мојата голгота заврши и откако се вратив дома сум ваков, откако сфатив дека можам да добијам Нобелова награда за формулите кои што си ги измислував на колоквиум. 
Потајно се надевам дека нема.
 
 
 
 
И така, ми се упропасти цела недела.