Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајганче!
Убаво утро имав.Врнеше дожд а ја под јорган со топлото чоколадно млеко.Мерачишта!Али ипак, се соочив со фактот дека евентуално треба да станам од топлиот ми кревет, па затоа после уште 2-3 мои ритуалчиња, се фрлив сместа на пишување.
Ми лизга пенкалово на листовите покрај кафе и добар џез.Ретко ми се случува вакво нешто, да пишувам од што сакам, а не од што морам и ми гори под гзот:D
А да, среќна сум!Конечно капутот ќе го извадам од плакар, јеј ^_^
 
Врне дожд, а јас сум среќна и смирена. Убав ден, барем за сега! :love: Многу малку работи успеваат да ми го рестартираат расположението како дождот и звукот од капките дожд кои паѓаат... Прекраснотии, милина...
Инаку многу мразам awkward ситуации, а уште повеќе мразам кога јас ќе се најдам во таква ситуација. Никогаш не сум знаела да реагирам како што треба, па секогаш некако гледам да се извлечам од ситуацијата пред истата да стане awkward.:unsure:
 
Д.
денеска ми е куќна слава, Петковден :)
нека ни е честит празникот на сите и уште многу години да си го славиме. :)
кајганаџии повелете на сарма, расол, риби, мнооогу слатки и разновидни салати :D
 
Драга,
Често кога поминувам низ плоштад навечер и ги слушам валцерите на Коце сум си размислувал како би било да ја пуштат музиката од Star Wars. Вчера поминувам и додека го слушав Вивалди или некој друг од далеку го помислив истото. И во тој миг настанува тишина, музиката заврши. Потоа, почна...


Прекрасно! Те сакам бе Коце да си ибеш векот :D
 
67133_3777573522200_1912659_n.jpg
 
Драга,
и јас сум во клубот на луѓе кои го сакаат дождот и уживаат во него. :)
Не е фер! Ми го уништиле местенцето кај што пред 2/3/4 години бев како дел од инвентарот и наместо стандардната џез музика, пуштаа нешто што воопшто не му доликува на амбиентот. (n) Единствено нешто што е исто, е услугата.
И уште нешто, замисли која заработка ќе ја имаше државата, ако постоеше барем една фабрика за производство на црвени ленти и ножици. :rolleyes:
Еве ти една, што си ја слушам: :)
 
Си седам така дома, надвор врни а мене ми се пие Ice Tea од зелка но нема. (на расол мислев)
 
Драга,
Времево денес крајно лигаво и јас со него. Додуша имам и причина, али изигравам јак карактер, па глумам некое лудило. Вечерва незнам дали ми се седи дома сама или ми се скита некаде, 50%-50%.
Во линија со времето:
 
Колку само вистина има во ова .....:eek:

сите убави работи во животот ги добиваме бесплатно
насмевки, другари, семејство, бакнежи, љубов, сон, смеа, прегратки , убавите спомени, ......

OgmIxgahds0.jpg
 
Колку само вистина има во ова .....:eek:

сите убави работи во животот ги добиваме бесплатно
насмевки, другари, семејство, бакнежи, љубов, сон, смеа, прегратки , убавите спомени, ......

OgmIxgahds0.jpg

Работата е што со пари овие работи ги добиваме многу полесно..
 
Работата е што со пари овие работи ги добиваме многу полесно..
убавината и задоволството е токму во обостраното дарување, а не во купувањето;)
ова не се предмети ставени на продажба - па купи си што ќе посакаш
 
Драга
welcome to nellyvillе.

Јеп, така слушајќи песни сочувани на јутуб од пред 4-5 години (?!) си најдов песни од Нели. Те поздравува Нели мајцата!
Глупости ми бил животов тогаш. Не знам зошто не сум се шетала со парче ѕид да си ја лупам главата на секое, или да го лупам ѕидот од луѓето. Додуша имав такво смајли на мсн, мрдачко смајли и често го користев, мислам дека дш ми се викаше.
Оф мори Магдалено зождо!

Исто така, денов е глупаф.
Ае.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom