Мора нешто да не е во ред со мојот социоритам, што кога ми се искача не можеш никој да намолиш, а кога не ти се искача ќе ти се закачат сите на врат, па и тие чиј муабет не го поднесуваш. Значи не научив да досадувам по луѓето кога имам потреба и да не кревам на тел. кога немам, и не научив.
Есента е прекрасна за читање и свои ритаули и задоволства, како пиење топол напиток шо би требало да изигрува кафе и слично.
Ми недостасува една личност со која има(в)ме прекрасна врска. Во моментов е на една од најодалечените точки на земјата. Кога јас го размислувам ова, таа спие и обратно. Го има истиот иницијал како и ти.
Знам дека никој не може да ни ја надомести празнината што ја чувстуваме, па пак сакам да кажам нешто, а се е кажано на таа тема....и пак до патетично-вистинитото сознание дека се можеше да биде поинаку...