Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга ...

срањееееееееееееееееееееееееееееееееее ................. автобусот ми кидна од пред нос, ама буквално. Стоев до вратите и не отвори, си отиде. ГОМНО ГЛУПО!!!!!!!!!!
Кога вакво нешто ќе ти се деси следи срање ден, верувај! Многу е срање. многуууууууууууу ... многу ми треба некој што ме разбира ама тешко, не се наоѓа таков, само дополнително ме нервираат :(
 
Знаеш кајги.....го турив winamp-ot na shuffle. И упорно ми ги врти некои кафански песнички од типот: Зашто су ти коси побелеле друже.....
а јас сакав само романско да си слушнам :(


Није вотка ракија, ма да ночас удара!
 
Д.
кога играат овие серииве, буквално тоа време човек може: самоубиство да си изврши, грабеж на маалска продавница, гол да си шета, да умре за јадење или пиење.......и мноооогу др работи. жив човек нема по улици, а и низ дома е штама (освен глупави пискливи гласови во позадина што се слушаат од: Ајрула, Тодоровски, Петрушевски, Лукаревски и др. ) :гомце:
 
Драга , се повеќе ми влага под кожа... А и гледам дека она е јако заинтересира што ми создава големо задоволство :D... Незнам , што да правам , ама кога ја видов во штикли, тесна фармерка и кошула + со виткана коса , ме уби од прва , ми зададе клизач со две нозе , ме запали тоталка , ко да знаела дека сум фанатик на такви жени ...
И така , тоа ми се врти сеа у глава , а од друга страна сеа ќе треба да почнам да учам , да се вратам у форма со читањето... треба да одам и на Трето полувреме, утре ме викаат во кафана , сакам со нејзе да излезам , сакам во Сити Мол да одам , ама пари не стигнуваат Драгаааааа , врвка ми е дојдена , све поебав што имав....
 
Неизживеана раја по Скопјево...Брзо да отидат први во City Mall, да не им побегне, брзо први да видат што има таму...:facepalm: Не би отишла на отварање на вакво чудо, па без пари да ми дадат облека таму...
 
Драга, решив да штедам пари за да си купам фиќо. Математиката е направена, ќе ми требаат вкупно 6 плати за да положам, и плус околу 200 евра за да си купам фиќо. За година дена најмногу ќе го остварам тоа :LOL:
 
Драга Кајгана,

Денеска не ми е денот... Сабајлево го удрив домалиот прст од страната на креветот, по 10 минути рамото убаво го исчешав од вратата, а вечерва се бапнав у регалот и за малце врз глава ќе ми паднеше аквариумот, а рипчето Пепи ќе отидеше јабана.

Мразам вакви денови коа животот крои заговори против мене...
 
Прекин на реалноста. Не можи бе вака скурчено да ми биди, не е хумано.
Бла,бла,бла .. Ју невер ноу .
Жалење,жалење,жалење итн.
Сеа ми се чита книга кога треба да учам. Абе кадее.
Абе ајде,
абе шо.
Се расплачив на крајот на Трето Полувреме.
Дајтеее ми музика.
Си најдов. Биосфер, Кобрешија.
Дај ми темнини, психоделии, дај ми болка. Нека болииии
Пост панк,рок. Прогресив.
Магични шуми и самовили.
Привиденија, легенди.
Дај ми се што не постои за да го претворам во реалност.
Удари на тапан, нека се рашири ехото до центарот на Универзумот.
Дај ми го нежниот глас во позадина, додека басот кулминира.
Нека музиката не се брза, лежерно во мојот мозок да плови.
Воздух без напнатост нека мине низ трубата, нека трае една цела минута.
Дај ми ги непознатите звуци и третото око да ми се пробуди.
Отвори ми ги сите чакри, долго време не сум бил во непознатото.
Мојата астрална проекција без стравот од ентитети.
Дај ми нови бои и форми, пробиј ја бариерата од 5 проценти.
Ослободи ми ја душата, нека го прими тоа што доаѓа.
Сите електрични бранови склопи ги во мојата потсвест.
Истргај ја позитивата од мене, дај ми ги Буда,Лама и Марли како еден.
Биди космонаут низ моето тело и нека љубов тече низ моите вени.
Дај ми се што сум немал и она што ми треба.
Нека сета животна филозофија на едно се сведе, пред, после и поради тебе.
Стапките да ги нема веќе на цементот, бела, густа магла нека ги обвие.
Нека сенката од телото се оттргне и играта конечно ангелот нека ја добие.
Сета младост во глинен сад нека замини и сета мудрост со ветрот нека исчезне.
 
Многу сум досетлива да си ибам..
Браво бе Ема <3
tumblr_m8qtfucGiD1r31dt0o4_400.gif
 
дарлинг... од дамна неам пишано тука на темава. ке бидем краток и јасен па кој како свати свати...

Многу работи се погрешни драга - некои намерно некои ненамерно погрешени. се плашам дека 90% се намерно погрешно поставени а тоа е страшно....
 
Бркам у фрижидер и глеам кубаси.
Јас: Мамо, овие кубасите да ги спржиме поубави ќе се или и така може да ги јадам? (у меѓувреме си вадам една и затварам фрижидер)
Она: Поубави се спржени, ама земи скрши си половинка пробај.
*си кршам половина и другата ја враќам у фрижидер*
 
Ама ич не ми се станува сабајле да си знаеш :(
 
Не ми е јасно зошто затвораат одма вакви убави теми.. Форумот не е тоа тоа без такви теми..

Пред 5 години и јас бев ист.
 
Не постои објективна вистина, постои само субјективна стварност. Вака кажа денеска професорот по филозофија и ме задума :)
п.с на фејсбук ми го пукнаа со тоа Скопје Сити бла бла. Решив да отворам да видам што чудо е тоа чунки претходно сум пропуштил, но од друга страна не сум пропуштил многу, добро опремен трговски..........ионака не сум човек кој обожува да пазари, смрт ми е кога морам да одам пример да си купам едно блузиче, не па да ги превртам продавниците како демек на ,,шопинг".
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom