Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга Кајгана, после доооооолго време ме касна комарец, и тоа во Мексико :)))

Инаку колегите ојдоа да гледаат Maian Ruins. Јас пошто сум повеќе по технологија отколку археологија штедам пари и енергија за други активности :)
Туку да ти се пофалам. За прв пат откако сум на брод иам ивнинг офф. Планирам да го гледам шоуто Villans Tonight во кое дизниевите негативци се глупираат и после шоуто да идам да кркам во PALO, ресторанче со 6 ѕвездички.

Инаку ова морнарскиов живот нема нешто посебно печалка, додуша и јас многу трошам. Изнакупив еден куп поклони и сеа ми текна дека треба да купам за уште неколку ллуѓе по некое поклонче. Најверојатно камера нема да купам од овој договор, можеби од следниот ако остане некој долар вишок :)))

Драга Кајгана, можеби Тончи и мене ќе ми купи поклонче :)
 
Каква врска сум развила со книгиве значи...Телепатска! Ги гледам и се мислам што пишува во нив. Помисли уш малце Емилија, можда ќе ти текнит. Еве една недела седат на маса, си ги гледам така....па пари ги платив да ги гледам, не да ги отворам. Се мислам сега да ги пикнам во некој ранец пошто времево ми е така испланирано шо уште една недела минимум нема да ги отворам, па да не се осеќам криво. И јас на маса сум ги ставила.Абе пикни ги таму во некое ќоше, затскриени....
А и вечерва сама ме оставиле, греф е да седнам да учам...
Мрза невидена сум значи, мора да се поправам иначе маф е.
 
Филозофија на право :cautious:
Ме тркала наваму натаму, ама сепак подобро од тоа Јавните Финансии :)
Деновиве бидејќи со предавања сум до подоцна кога ќе си прилегнам се чувствувам како да се заглавиле колцината од тракторот на суратов, едвај гледам со полусонлив поглед во испишаните букви. Крај краева си преслушувам пропратно албумчиња, да биде интересно .
 
Драга,
утре е денот што го чекам 2 недели. Или ќе се заврши работата или не - трето нема. Единствено ми е страв дека ако не се заврши, може да пукнам на сред состанок и да ја искажам нервозата која тлее веќе 2 месеци и поради која се пореметив - е, тогаш ќе биде лошо.
Уште нешто ќе ти пишев, ама се предомислив. Доста е, утре можеби ќе има повеќе.
Ајде чао, еве ти една:
 
5 минути без Фејсбук. Веќе ме фаќаат кризи.
 
Драга Кајгана, после доооооолго време ме касна комарец, и тоа во Мексико :)))

Инаку колегите ојдоа да гледаат Maian Ruins. Јас пошто сум повеќе по технологија отколку археологија штедам пари и енергија за други активности :)
Туку да ти се пофалам. За прв пат откако сум на брод иам ивнинг офф. Планирам да го гледам шоуто Villans Tonight во кое дизниевите негативци се глупираат и после шоуто да идам да кркам во PALO, ресторанче со 6 ѕвездички.

Инаку ова морнарскиов живот нема нешто посебно печалка, додуша и јас многу трошам. Изнакупив еден куп поклони и сеа ми текна дека треба да купам за уште неколку ллуѓе по некое поклонче. Најверојатно камера нема да купам од овој договор, можеби од следниот ако остане некој долар вишок :)))
A и јас да ти порачам поклонче? :D
Не е многу, сериозно. :D
 
Passed down to you...

Се прешалтав да бидам подржувач на уникатното, оригиналното, традиционалното. Ги замразев Старбакс и сличните брендови на срање од бљувотини што ги сервираат previously programmed facilities. Во врска со City mall, можда ќе го посетам.. Но не ми остава некој посебен впечаток. Сепак зелено пазарче сеуште ми е топ место за зарзавати и овошје. Пијам турско кафе или еспресо. Обожавател сум на медот. Стварно некад помислувам дали сум нормален. Then again... нема нормално и некаков си шаблон во овој ебен универзум. Но затоа има брендови од кои ми се гади што нашава раја паѓа како да се богови.
So says Saladin...
 
Се разболев од промаите на кои седев додека работев. Главата ми пукна, температура имам, прееска сум заспала сред утакмица, никогаш не спијам среде sport event, од кома би се разбудила али ете.
Така да не замеравај ако трескам глупости. Ајде чао, ќе спијам ко некоја баба сега.
 
Драга Кајгана.
Денес ми си особено драга. Помеѓу неколку подфоруми и две полувремиња од тотално неважен натпревар, меѓу две-три дискусии за филмови кои утре ќе ги заборавам и ликови на кои никогаш нема да се сетам; е па, во некоја од овие портокалеви страници ја запознав Неа. Онака, случајно. И колку и да звучи клише, ми го промени животот. Па на ова скромно јубилејче, вечерва во ниедно време, да бидам искрен - од срце редам збор до збор, никогаш не сум бил олку... жив. Секогаш сум ставал разни достигнувања на пиедестал и колку и да звучи чудно, сум мислел дека тие се оној максимум што еден човек може да го издржи; положен тежок испит или постигнат гол во 90+ минута, ама не, нема посреќно нешто од она чувство... кога наутро се будиш и ја гледаш покрај себе, од она чувство кое вдишувањата и издишувањата ти ги прави... лесни.
 
Кајги,
неделава ми почна супер. Прво со кино го гледав Трето полувреме, мене искрено ептен ми се свиѓа.Се изнасмеав и се изнаплакав. Таа вечер си заврши супер, ама па пусто кај мене не дај боже убавото да потрае.

Затоа денес во живот се немам почуствувано така празно. Се обидувам да задржам нешто што всушност мислем дека не ни сакам да го имам. Не знам колку дупки направив на ѕидов што упорно одам со главата во него. И што сега? Ама баш ништо. Кој ме тераше да започнувам нешто што однапред се гледаше дека е грешка. Ама не јас упорно можам. А да ме прашаш што, појма немам. Патетики.
Преку глава ми е од кукавици. За ништо да се немало м....а да се направи. Се треба да им се нацрта и да им се изџвака за да може да го разбере таа нивна лушпа од мозок.
Не дај боже да се употреби мозокот и да се размисли.
Али тоа е.
 
Можно ли е сите да учат, само јас да дремам на нет, да се досадувам и да ми се излегува надвор? На 5 души завртев бе, сите учат. Што е премногу, премногу е. :P
 
Мала животот деновиве ми се претвара во Serendipity story. Гледан ти е филмот ? Претпоставувам да, пошто е постар и е една од најдобрите љубовни драми во светската кинeматографија. Е замисли сега, јас почнав да ја проживувам приказната, во своја верзија, речиси автентична на филмската. Добро, бројот нејзин не летна во воздух кога ми го даде (го имам), ама малку што можам да направам со тоа. Далечината не' гризе безмислосно.

Ти го пишувам ова, оти последиците од тоа едноноќно запознавање, почнаа effective immediately да ме дрмат и верувај ич не ми е лесно, исто како во филмот. Кнедла имам во грлово (и така имам два крајника, мислам дека уште два ми никнаа од вчера), немам апетит, за се' што ми се врти низ глава да не почнувам. Верувај дека ова ќе ми остане перманентно. Интензитетот како ќе варира ќе си покаже само времето, ама во некоја си догледна иднина, кога ќе има други судбински одлуки исправени пред мене, ако не почнам да ја бркам низ Мк или Светов за да го окончам ова, плукни ме !


ПС - Ќе си го пуштам можеби филмот до вечер. :(
 
Д.К.
Многу ме нервираат луѓе на возраст од (+)30 што коментираат и поставуваат прашања на Феjсбук без претходно да се запрашаат дали тоа што го пишуваат има смисла?! Ми делуваат како неписмени, ретардирани и глупави.
Без исклучоци (или секоjа чест на истите) тоа изгледа вака:
1. Сељак Сељаков верзиjа 1
ZOSTO GO ISKLUCIFTE KANALT PINK?! TOA E NAJDBRIOT KANAL NA SVET I BARAM DA GO PUSTITE ODMAAAAAA!!!! (ретко е на кирилица и задолжитено фалат букви и има некохерентност во реченицата но тоа воопшто не е битно, битно пинк бил исклучен што каj личноста предизвикува нервен слом)
2. Сељак Сељаков верзиjа 2
srckaaaaa najubava si da znaes !! celo selo stoi zad tebe!!!
- Сељанка Сељакова fala fala :D aj lajk na slikava od Enci Menci i pozdravi doma (се мисли поздрави го цело село од наjмладо до наjстаро па и по некоjа кокошка но наjпрвин лаjкни ми jа сликата од моево „убаво“ бебенце за да добиjам награда)
3. Сељанка Сељакова верзиjа 3

* коментира на слика * ooo sosreka 5 godini brak pa dasi zivite vecno i uste 1-2decinja (ваквите персони треба да си купат учебник по граматика за да научат кои зборови се пишуваат слеано а кои одделно... а да и да се потсетат дека кирилицата е официjално писмо)

Disclaimer notice:
дел од примерите се земени од ФБ профилите на некои мои роднини од Кумановско и искрено се срамам што имам такви роднини.

Имаj убава вечер Каjганче :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom