Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајгич :love:

Значи страшна работа.
Кога ти треба мир и спокојство, дома ќе се наредат и стрини и тетки и вујни и комшии и канети и неканети, па му доаѓа на човек да вришти + како ли само имаат сила и волја утрински да ги прераскажуваат дневно - маалските случувања, кој што и како направил вчера, која кога се вратила и со кого била и секако за на крај неизбежното, кој каква манџа ќе јаде денес(при тоа под задолжително мора да се објасни рецептот) :facepalm:.
А јас несакав ништо друго освен на раат да си го испијам утринското кафе, во мир и тишина.

coffee_morning1.jpg

Ај наздравје :P
 
Го слушам татко ми и заклучувам дека уште имало луѓе што кога ќе ти дојдат на забар соблакаат кондури пред да се качат на стол.

Јас ништо еве добра, малце in a deep shit, имам за работа и за учење, се мислам што попрво да фатам. Ќе биде ова бизи деј, знам. Ајде до вечер :cool:
 
Драга,

Кога само би знаела колку ми идат на нерви луѓе кои те гледаат како бокс-вреќа на која можат да ги истресат своите лични фрустрации од секаков тип.
Под тоа подразбирам емотивни, семејни проблеми, како и оние на работа.
Зборувам за оние кои го прикриваат вистинскиот проблем, а сето тоа се маскира со невидена агресија насочена кон некој ни крив ни должен.
Плус, кога се во прашање некои random ликови кои човек првпат ги гледа, а тие целите надркани од сабајле, поради Х причини...обично во ваква ситуација се воздржувам, бидејќи попаметниот попушта, во случајов нервно.
Со ваков стока народ очигледно не се исплати човек да биде културен. Само се надевам нема во Црна хроника да ме пишат, после наредната расправија со едикојси:D
 
Место да седнам да научам бизнис и офталмологија, ја дремам на кајгана, ги играм најглупите игри никогаш шо не сум ги играла. Се досадувам максимално. Излези на тераса, постои 2 минути, ај пак внатре, ај да видам шо има ново.
Многу се нервирам вака, ама не ми се учи бе.
Многу убаво ми тргна новава година...
 
решив аудиокнига да слушам кајги
ќе пробам да видам дали ќе успеам да ги прифатам аудио книгиве, засега на почетоков тешко али ќе му дадам шанса.
имам сони ериксон W610i со м2 мемориска од 512.
че ми иби пиперо
 
Кајганче!
Убаво ми е, многу.Толку многу што сум цело време на штрек дека кај и да е, од толку убавини одма ќе настапи лошото.Малерот кој е способен да ми ја уништи секоја емоција која кај мене се вродила, секој потег што до сеа сум го направила и секој успех што сум го достигнала.Не можам целосно да уживам се додека не се стабилизира ситуацијата, for good.
Mи останува само да се молам и да се борам, за никој и ништо да не ми го расипе убавово чуство кое ме исполнува.
 
се мислам што да правам, да зеам да решавам интеграли, да зеам да учам маркетинг или да си играм кантер..
(бонус опциjа, да спиjам)
:love:
 
Драга Кајгана, после доооооолго време ме касна комарец, и тоа во Мексико :)))

Инаку колегите ојдоа да гледаат Maian Ruins. Јас пошто сум повеќе по технологија отколку археологија штедам пари и енергија за други активности :)
Туку да ти се пофалам. За прв пат откако сум на брод иам ивнинг офф. Планирам да го гледам шоуто Villans Tonight во кое дизниевите негативци се глупираат и после шоуто да идам да кркам во PALO, ресторанче со 6 ѕвездички.

Инаку ова морнарскиов живот нема нешто посебно печалка, додуша и јас многу трошам. Изнакупив еден куп поклони и сеа ми текна дека треба да купам за уште неколку ллуѓе по некое поклонче. Најверојатно камера нема да купам од овој договор, можеби од следниот ако остане некој долар вишок :)))
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom