Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
откако Стеф Ангел држи лекции за теретана и фитнес, на форум се појавиа многу аватари со разголени момци покажувајќи ги своите стомачни мускули.
 
Драга
па добро утро за сите добри луѓе, хејтери, влечковци етц. После атмосферата со Преслава, во главата некој чуден звук ми зуе .. помооошт :свиркам:
 
Се мислам, дали утре, 24.7., ќе биде неработен ден, зашто е празник на Владава?
 
Се мислам, дали утре, 24.7., ќе биде неработен ден, зашто е празник на Владава?
Не, ке биде работен ден. Ке има пригодна претства и прослава, краток коктел, а потоа сите назад да ги изработат останатите 23 саати. Говорот ќе биде 2 минути.

Што ме потсети дека има луѓе што и на празник работат, и луѓе што седат како идиоти и пак се унапредени.
 
Драга
Ми се оди очајно многу на одмор, не ми се седи повеќе во мизеријава.
3та година по ред го пропуштам одморот, па не е фер.:(
Кога се нема среќа, се нема. :place:

Еве ви едно песниче.
Ве поздравувам.
Имајте убав ден исполнет со многу љубов. :P
 
Д.
досадно в крај е деновиве.....
буквално нема што да се прави бе :place:
дојдени се братучедиве од швајцарија ама ме мрзи да одам да се поздравам :eek: в крај музика пуштена, надвор грми, громови рскаат......убајни.....(не)
 
Гори ватра! :icon_lol:
Како перка ветров на тераса, уживанции... добро ми дојде овој дождот, плус и пожарот го изгаси, таман на време. :)
 
Ууууу Драга, овја момент го чекаав да заврнеее... да го осетам пак после долго времеее оној убав мирис на дожд кој ми буди прекрасно чувство во мене, затоа што целиот ден ми беше :гомце:

Сеа сум поспокојна, си седам на тераса и си уживам. :noze:

Еве ти една, да уживаш и ти :D
 
некои форумџии се паметни - нив не вреди да им се зборува
 
Од моето срце до твоето срце .
Зошто се сомневаш во себеси ти си добар човек, и што е важно кога пред Господ си чист, а другоое е сомнеж во твоето срце. Ете го дилер на дрога е, продава смрт купува колку куќи станови, ама е уплашен до смрт. Па нема страв затоа што праведноста е со тебе па и мене.
Па нема страв од моето срце до твоето срце.


 
Пмс-от е гадна работа! Кој мисли дека е фикција, треба да биде мачен и убиен, да страда и умира во најголеми болки, да вришти од агонија. (Лажам, не го мислам ова)

Зошто немам контрола над себеси? Цело тело ти се грчи од болка, ти се врти, ти се повраќа, а згора на тоа мораш да стоиш на нозе од 8-12 часа на ден (ова е веќе избор).

Зошто морав да му „дадам“ среден прст на човекот, кој ме извади од памет кога ми свирна додека бев на среде улица (не на пешачки), само затоа што спиев додека одев, слушав музика на слушалките и не бев присутна во реалноста?

Зошто морав да му ја уништам среќата на осумнаесет годишниот дечко, кој се пофали дека имал секс со две блондинки, па да го просветлам со фактот дека е голем идиот?

Зошто морам секојдневно да го потсеќам синот на „газдата“ дека е голем шупак?

Зошто морав кавгата што ја предизвикав со хистерично дерење да ја завршам со извинување од типот „Извини што си тежок кретен“?

Спас? A bullet, maybe? Two? Just to make sure...
 
Си седам ја на кауч во дневна, мајка ми до мене, а тато на фотеља. одеднаш почна филм "la petitе lili" (малечката лили) француски филм, чинам на телма беше. му викам на татко ми (дека во него беше даличинскиот) остави го филмот можеби добар е. почна првата сцена и кога ја видов одма почнав да се препотувам, пот буквално ми течеше по лице, мама се правеше наудрена, а тато онака ладнокрвно си гледа.
повеќе си реков филм ја со нив, пред да прочитам каков е, не гледам.
кој го гледал филмов, првата сцена, знае за што зборувам.
:rolleyes:
тоа е накратко.
 
ДК, дефинитивно најдобро е утрото кога во позадина ти свири VH1 Classic, а во моментов баш Брус Спрингстин си гази :)
 
Пмс-от е гадна работа! Кој мисли дека е фикција, треба да биде мачен и убиен, да страда и умира во најголеми болки, да вришти од агонија. (Лажам, не го мислам ова)

Зошто немам контрола над себеси? Цело тело ти се грчи од болка, ти се врти, ти се повраќа, а згора на тоа мораш да стоиш на нозе од 8-12 часа на ден (ова е веќе избор).

Зошто морав да му „дадам“ среден прст на човекот, кој ме извади од памет кога ми свирна додека бев на среде улица (не на пешачки), само затоа што спиев додека одев, слушав музика на слушалките и не бев присутна во реалноста?

Зошто морав да му ја уништам среќата на осумнаесет годишниот дечко, кој се пофали дека имал секс со две блондинки, па да го просветлам со фактот дека е голем идиот?

Зошто морам секојдневно да го потсеќам синот на „газдата“ дека е голем шупак?

Зошто морав кавгата што ја предизвикав со хистерично дерење да ја завршам со извинување од типот „Извини што си тежок кретен“?

Спас? A bullet, maybe? Two? Just to make sure...

Поздрав :D
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom