Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,

Ги сакам ваквите летни денови, прозрачни, со свежина. Мирис на свежо исечена лубеница и ветерче кое буди чувство што измамува насмевка...:)
 
Ууу маме му ебам се смрзнав :)
Брат, ко ќе си го слушаш гласот на некоја направа звучи поинаку од она што го слушаме кога изговараме нешто. И кои се вистинските фреквенции на нашиот глас ? Кој го слуша вистинскиот мој глас ? Јас или другите ?
Ко ќе слегваш брат од мостот кај мене надолу и ко ќе се испрајш онака и како шо одиш надолу се осеќаш ко да извишуваш, а ако иди некој од надолу ти изгледаат како џуџиња.
Среден сум.
Не сери да имаш ?!
 
Драга,
отидов, се вратив - глупости.
Машките седеа пред ТВ, ние две на тераса, муабетот од глуп-поглуп, кафе и цигари (ни пијам кафе, ни пушам)... Они внатре се нервираат, ние дремеме.
Не одам веќе кога ќе гледаат фудбал, па колку сакаат да се лутат. Јас не сум ги дружела? Каква е таа дружба пред ТВ?:confused:
И на крај за да се заврши „добро“ вечерта, почна да се збори за политика. Добро бе, последен пат кога ја проверив личната карта имав 23, а не 63 години за да зборам за политика.
Чудо е колку младите во Македонија се опседнати со политика - и како да не бидат кога стандардот ни е... никаков.

Ајде поздрав, еве ти една стара т.е. од мое време (така ми тргна денот, така ќе го завршам):
 
Слушам музика, читкам трудово, слушам поточно пост рок, The American Dollar. Прееска излегов малку, замрзнав, имаше едно залутано ветриште кое ми ги задеваше морниците. Уште не можам да се препуштам целосно на уживање, имам уште една мала работа во понеделник, која сепак е работа. Се обидувам во една група да докажам дека металика не е бендот околку кој се врти светот, правам муабет со деца родени во 96та-97ма, година............и јас сум дете изгледа, свесно им враќам, свесно им докажувам, свесно потпаѓам.........
 
True Story...
528012_10150902671675079_388731118_n.jpg


Очите ми истекоа:confused:
 
К......ти останав должен,не ти напишав,заборавив
Решив внуците да ги носам на Водно,со жичара до крстот
Ги собирам сите,полни торбите и тргаме.....
Кога таму, е.......среќата? Жичарата не работи - Поправка и прават.
Ај јас сум ја утнал работата, ама од тука сум ќе одам друг пат,
ами два автобуси имаше од Куманово,полни со деца 3- 5 оделение,
што тие да речат,како не разбрале од организаторот за оваја утка,
а и дебело платиле сигурно, но важно се изнатрчаа за тие пари
по Водно,а учителите и учителките се изнаседоа ,а богами и
местоположбата одговра за швалерај по образовна линија,
па можеби се случила и некоја ваква кумановска средба на Водно.
Море сигурно се случило,цел ден без секс,куде тој може.
 
Драга, зарем од најдобрата другарка требаше да дочекам да ме исмејува?! Again!
Кажи ми во фаца мила, па заедно да се насмееме. Вака само си губиш на поени кај мене, од кои во последно време доста изгуби.
Ми се иде да одам некаде и никогаш да не се вратам дома. Еден искрен човек околу мене да има, само еден. Многу ли барам? Ми здосади да бидам фина со сите, кога им треба нешто секогаш да сум тука, кога знам нешто што би им било од корист веднаш да трчам кај нив, а сега кога мене ми требате КАДЕ СТЕ?!
Секогаш, ама баш секогаш кога ќе ме разочарате си велам ова е крај. Сега е навистина крајот. Веќе со никој не се замарам. Само јас сум важна во мојот живот. И само на зборови останувам. Poor me.
Незнам дали премногу очекувам од луѓето кои ги сакам (и кои мене најверојатно ме сакаат) или она што го очекувам е невозможно.
 
Драга,
Само да ти опишам во колку луда држава живееме. Значи само во Македонија може фирма со блокирана сметка да си прави увоз како ништо никому да не должи и се да си наплаќа во кеш. Од самата царина парите се ставаат преку трансакциска приватна сметка. Криминал од крајни граници. И после зошто Македонија е неликвидна, зошто во овој посран систем никој на никого не плаќа. Среќа што имаме пријатели во секој сектор па во рок од 5мин можеш да провериш дали фирмата е блокирана или не. Уште поголема среќа е што си се сетил да провериш, бидејќи логично блокирана неможе да прави увоз.
И така посраниот систем дозволува крадење на цела роба додека не платиш, неможеш да си ја земеш. Денес си игравме криенка, имавме среќа победивме. Но преварантите не се откажуваат па уште се пцуеме по телефон. Вака сочно немам пцуено речиси една година. Така ми е избистрен речникот што можам во рок од една минута да кажам точно 1 милион пцовки и навреди. Од каде е преварант и ти се заканува, е такви фаци сакам јас што мислат дека од закана се плаши некој. Ма мамичето у пичка ќе им го ебам на преварантите. Нашле и они црква да се крстат, си велат девојче па ќе ја уплашиме, ептен ме уплашија како пички спуштаат телефони.
Така драга моја, мене не ми се живее во овој посран систем каде за свои пари треба да изиграваш нинџа. Лопови од доле до горе.
 
Кајгано (со повишен тон)
Среди ја работата да ми се помогне за тоа што го прашав, + итна е работата и ако за некој саат не видам цитирано мислење со соодветен одговор ке морам покрај другите и јас да отворам кретеноидна тема само за една-две информации.
Најискрено
 
Драга,

овие деној преку тасета ми е дојдено од сите идиоти околу мене.
Некои што ги мислев дека ги досигнале паметнините мисли кои се достојни за нивните години, тие ме тераат да ги гледам како 10 години помали.
Сето идиоти..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom