Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга, сакам Нес, со чоколаден прелив и шлаг! Веднаш!
И знаеш што? Ме прашаа да не сум архитект случајно за сликите што ги ставам на фб од моите Симс куќички :LOL: Незнам дали да го сфатам како комплимент или како очај од што немам попаметна работа во животов да правам, па се замарам со игрици на 22 години:pos:
 
Драга,
изгрејсонце на тераса, муабет со татко ми, сок од грејпфрут, ветерче, птици... Убав е животот. :)
Уште седам надвор и уживам во погледот и свежината...
Во вакви моменти најмногу гледам колку сум блиска со татко ми, колку карактерите ни се слични и колку понекогаш ми фали квалитетно време со него.
3 работи кои ми фалат многу: „Снежец“(постарите знаат за каков сладолед зборам), чоколадно глувче од „Жито Лукс“ и боровница(со мустаќи:noze: ) или лимонада од „Шехерезада“ - времиња... :love:
Инаку, фамилијава се шири пребрзо... Да не може човек ритам да фати. :cenzura: :pos:
Ајде поздрав Драга...
Еве ти една за будење:
 
драга ќе ме нема една недела, важна работа имам се надевам на арно али ме знаеш мене :)
за секој случај ми се подгрева надежта дека барем ќе можам 1 недела од летово да си поминаам раат и убаво, без некој да ми се жала за проблемите и да ме потсетува на одговорноста коа ја имам за сите околу мене, нишо не е сигурно али ако биди се под зацртаното ќе си одам на одмор со тие што сакам и ич нема да се замарам
си викам ќе се догребам до тебе недела вечер да пишам нешто за финалето :)
поздрав :)
 
Драга кајгана, со секој поминат час/ден на форумов се повеќе размислувам што ПОМАЛЦЕ да го користам.
Какви се изроди се нема...
:facepalm:
 
Драга:love:

Мене уште ме држит тоа убаво расположение, си се чустувам заљубено....а не сум...а можит и сум, незнам, важно убо ми е.

Е сеа, некои викаат дека пријател ти е онај кој е тука кога ти е лошо, ама јас мислам дека и кога ти е добро се познават кој ти е вистински пријател, деновиве многу работи ми станаа јасни, паднаа многу маски.
Сношти ме поседија дементори:confused:
potter-moments-dementor-590x350.jpg

....барем јас така ги гледав, пробаја да ме уништат, шамарите и боксовите помогнаја, можит претерав и се занесов, ама мразам кога некој ти правит лице и сакат да те имат само за корист, вечерва очекувам реприза, но со различни актери....епа јеби га, подобро двајца вистински другари одколку 30 лажни.
 
Кајгана, упм со моево пмс. Иам трема од нешто што не треба, од мое дело, од моја работа. Само секогаш кога сум имала трема сум била најдобра што може да бидам, така што не се нервирам многу.
Иначе, уште ми е смешно како седев на куферот вчера за да го затворам:) Од еден куфер, полнам друг, па се пакуам за едно место, а одам на друго...Жива среќа што мајка ми ме родила точно тој ден и тој саат, па сум дупли стрелец и ова препакување и овие куфери ми се дел од животот без некој проблем. Еден познаник вика дека јас сум му синоним за торбица за патување. Друг не би издржал вака.
А што викаш ти да одам на кафе денеска после работа? Да јадам цезар салата и да дрмнам една ракија? Еј....некој чита мисли. Договорив додека го пишував ова.
По ѓаволите со тремата. Можам се. Плус, има време. А куферот....ма кој го е*е :)
 
Драга,

Не не е совршено, ниту пак сакам да биде. Ако беше совршено одамна сите ќе ја загубеа човечноста во себе. А мене ми се трча, ми се јаде благо без да размислувам дали ќе добијам килограми плус од истото, ми се пијат ладни напитоци од рецепти кои сама ќе си ги измислам, ми се слика со неа бидејќи отпосле со часови се смееме на направените слики, ми се гушка со него зошто единствено неговата прегратка може да ме скроти. Факултетов ми ги тренира добро нервиве -.- но сепак убаво ми е, и само тоа се брои :)
 
Драга,
Само една песна ми се врти во глава од вчера. На страна љубовниот контекст, во неа се пее за тоа што го мислам постојано. А тие што го заслужија тоа, ќе ме видат која можам да бидам кога сум крајно и непоправливо повредена. Идиоти покварени... ситете ми се уште малку. Толку имав.

Fuck what I said it don't mean shit now!
 
Се е отидено у бестрага драга... се! Вредностите на животот превртени на глава. Жално! Наместо да се трудиме да станеме подобри личности, нас општеството не тера токму на спротивното, да научиме како да бидеме лоши, дрски, и да газиме преку се и сешто за да стигнеме до целта..... не сакам да го дозволам тоа за себе... НЕ САКАМ!
 
Жал ми е што се вратив може требаше да продолжам, али ајде да се средам за некој ден заминувам .Незнам како ке испадне работава само знам дека назад нема, не овој пат..... уствари никогаш
 
здраво другар
денес бев цел ден на Велешко езеро со најмилите ВНУЦИТЕ
убаво си поминавме.
само не отидовме на плажата Романтик,утре ќе одам таму,
па ќе ти јавам како си поминав (со НЕ-културата таму)
инаку вечерва останав во Велес,
ги прошетав внуците во новиот парк,имаше некој фестивал,
па порипаа на некој играчки за скокање таму,а потоа бевме
во 4.цените се велешки- 1/2 од скопските.
А и базенот им е годишна карта ЏАБЕ (кај нас за една недела)
 
Уу напраен сум каша :D
Ме мрзи да зборам (:
Се напраив, се најадов, цедевитка од наранџа ладна до мене, мх мх <3
Мора и да се испоштуем пред спиење сеа.. Пас од брејзерс, пичко! :D
Има да спиам ко бебац, сфатив дека иам плус ден за учење!
Пошо бев истрипан дека сме сабота, а уствари сме биле петок :D
 
Драга,
изгрејсонце на тераса, муабет со татко ми, сок од грејпфрут, ветерче, птици... Убав е животот. :)
Уште седам надвор и уживам во погледот и свежината...
Во вакви моменти најмногу гледам колку сум блиска со татко ми, колку карактерите ни се слични и колку понекогаш ми фали квалитетно време со него.
3 работи кои ми фалат многу: „Снежец“(постарите знаат за каков сладолед зборам), чоколадно глувче од „Жито Лукс“ и боровница(со мустаќи:noze: ) или лимонада од „Шехерезада“ - времиња... :love:
Инаку, фамилијава се шири пребрзо... Да не може човек ритам да фати. :cenzura: :pos:
Ајде поздрав Драга...
Еве ти една за будење:


Кај ја отворив темава пусти јас:facepalm: Кики идам утре те земам и одиме низ цела МК да ги бараме овие две:love:
 
здраво другар
денес бев цел ден на Велешко езеро со најмилите ВНУЦИТЕ
убаво си поминавме.
само не отидовме на плажата Романтик,утре ќе одам таму,
па ќе ти јавам како си поминав (со НЕ-културата таму)
инаку вечерва останав во Велес,
ги прошетав внуците во новиот парк,имаше некој фестивал,
па порипаа на некој играчки за скокање таму,а потоа бевме
во 4.цените се велешки- 1/2 од скопските.
А и базенот им е годишна карта ЏАБЕ (кај нас за една недела)
Може сме се виделе, и јас цел ден се врткав кај паркот :)

Драга, главоболка... Да зборувам уште?:(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom