Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Драга,
конечно дожд. :) Од времево ме обзема некаков спокој... убаво ми е. :pipi:
Уживам во дождот со добра музика и со одлична книга. Совршена комбинација... Барем сега имам доволно време за да ги правам работите кои ги сакам. :) Вчера почнав да гледам еден филм, ама заспав, па денес сакам да му дадам втора шанса. :)
Уште ова сакав да те прашам (не дека ќе ми одговориш, ама ај) : Зошто луѓето не го ценат тоа што го имаат и не се задоволни со тоа што го постигнале во животот? :cautious:
Ајде Драга, поздрав... еве ти дел од мојата музика во моментов. :)
 
Кајгана, се убоо...ама коа ке ме изнервира некој...и тоа за ништо. И јас свесна дека тоа е ништо, пак се нервирам. Секогаш испаѓа на моето, секогаш. Ретко грешам. И пак ке кажам, сите што ме загубиле, зажалиле. И овие што сега ме нервираат ке ме изгубат. Јас премногу се сакам за да дозволам минливи луѓе да ми го диктираат животот. Еднаш, многу одамна, една девојка од студентски дом, страшно ме нервираше. Мислам дека единствена цел во нејзиниот живот надвор од малото градче, да не речам селце, и беше сведен на омраза кон мене. Тогаш, не знаев оти ме мрази, денес знам. Јас имав се што она немаше. Енивеј, јас паѓав на сите провокации. Се до еден момент, кога почувствував страшна нервоза, не ми дојде страшен мир out of nowhere, и и реков: Знаеш, ти ќе исчезнеш од мојот живот за некој месец. Јас нема ни да се сеќавам на тебе. Зошто, по ѓаволите, да трошам време на тебе?
И така испадна. Јас денеска не се ни сеќавам како се вика, ама мака ми е што толку време ме нервираше некој страшно небитен за мојот живот. И денеска така....се нервирам за небитни луѓе. Само сега се луѓе од Градот. Сакаат да го живеат мојот живот, ама не знаат колку труд вложив за да дојдам до тука. Така лесно не се бидува Јас.8 години труд за чувството последнава година. Премногу сум стара да се занимавам со интриги.
Настрана глупите луѓе, уште сум среќна за истите причини, од истите луѓе. Иако сите некако имаат чкрт ден.
 
Драга, роденден ми е! 23! а знаеш колку се радувам на моите родендени!
Мислам дека треба да го глеам филмон 23 денес :) фор д лулз
Елај си на торта!
the-party-range-jumbo-birthday-girl-badge-BADGE575.JPG
 
Драга,
Дожд пак. Има нешто невообичаено прекрасно во оваа природна појава, која неверојатно многу убаво ми влијае. Секоја болка ми е поприфатлива, секоја тага полесна, секој ќорсокак ми добива пат од нигденикаде.
Кога си одев вчера накај дома, најдов убиено кученце на улица. Сигурно беше свирепо удрено од кола, бидејќи главчето му беше скршено и зафрлено дури под телото. Крв едно чудо. Срцето ќе ми пукнеше дури дотрчав до него да видам дали е моето, пред влезот што ми спие. Не беше тоа, но не ми беше нималку полесно ради истото. Никогаш нема да ја заборавам глетката и колку истата ме скрши. Не знам ни што да напишам за барем малку да ти доловам како ми е. Заеби... навикната сум да сум неразбрана.
На страна тоа, вчерашните молитви ми се остварија. Барем еден колку толку мирен ден. Доволно е, не пребарувам. Плус и дождов како бонус... го ценам тоа.
Иначе, ти имам кажано колку мразам да ме лаже некој. А да плаќаш и да те лаже? Знаеш ли ма шо му е на светов? Уствари на луѓево... светов арен си е. Не можам никогаш да сфатам некои работи и покрај тоа што имам толку години начукано.
Сакам да напишам и нешто убаво за промена, за да не сум монотона и досадна. Не ми текнува ништо, мамата. Ај чекај еве еден виц, иако повеќе ме бива за слушање отколку за кажување.:icon_lol:

Си доаѓа жената од работа и уште невлезена дома почнува да вика по мажот:
"Ти бре ти, леле колку си ти неспособен! Ти си неспособен, мајка ти е неспособна, татко ти е неспособен, брат ти е неспособен, кучето ти е неспособно, абе се` ти е неспособно! Абре ти на натпревар за неспособни да одиш, второ место ќе освоиш!"
На тоа мажот ја прашува: "Зошто бе злато, зошто второ место?"
А таа: "Зошто си неспособен!!!"
Вицов ни е како узречица станат, па реков ај да го знаеш и ти ако не си го знаела до сега.:)
Биди ми поздравена, морам да станам и да одам некаде, иако ама ич појма неам каде.:confused:
Песна сакаш? Ај на ти една... мене ме остава без воздух, за тебе не знам.;)
 
да ти кажам оваа држава не ја бива, еве и зошто ?
Од овде -онде, разбравме дека на едно место ќе примаат т.с. им треба
лице - работник од струката како што ја има мојата ќерка.
Ај одам јас да направам себап и да прашам.Се пресрамувам и оп кај директорот.И ќерка ми е со мене.Прашувам.- „ Да,вели“
Ме обзема некоја среќна треска.Му кажувам за ќерка ми.Веќе 10 години
бара-чека работа.Еве диплома 10, 10, 10, 10, .....и една 9.Еве уверение за
најдобар студент од УКИМ за таа година.Еве диплома за Магистер.
Уште и ова и сопругот е под завод-не работи а имат и дете и добив одговор .
Се убаво ве разбирам, ама КОЦЕ ќе ми прател некој негов од ХХХХХХХ.
Ако се откажел тој ќе не имал во предвид.
И ако и тогаш пак во меѓувреме некој друг КОЦЕ,поголем и од овој првион
не прати некого.Секогаш, секаде има некој што праќа некого.
ДО КОГА ВАКА МАКЕДОНИЈО ?
Треба ли само тие да живеат на некого,само тие ли што ги праќа некој.
Кога ќерка ми ќе се запосли за сефте.
Треба ли оваа фамилија да живее или да......
Тие пратените во што се подобри,само во тоа што се нечии а какви ?
А ќерками е ничија,без презиме и на еден работник и чека 10 години.
А тоа што е најдобра ,кого тоа го интересира,знаењето е сила, а врските моќ.
НЕ НЕ БИВА МАКЕДОНИЈО ?
Не ти го пополнив она ХХХХХХХХ, на тоа неможе да најдеме одговор.
Јас сум за тоа дека треба сите да работат и живеат,ама еве пример дека не е така, другите, па и власта не мисли така. Сакат да одат во Европа,баш убаво нека одат, дали ќе најдат таму ваков пример.
НА КРАЈ ТРЕБА ДА КАЖАМ ДА живее МАКЕДОНИЈА ?
 
Сакав да ти пишувам нешто ама ќе испадне дека пак цмиздрам....ај чао.пријатно.се.нај.убаво.
 
... најавна шпица.

5 Јуни 2012, дефинитивно еден од најпрекрасните денови во мојот живот! Те сакам! :**

... одјавна шпица.
 
Кајганче!
Работите се одвиваат како што треба, барем поголемиот дел од нив, а јас сепак не се чуствувам целосно среќна.Го положив најтешкиот испит, денес на усното поминав одлично.. Лека полека ја чистам и оваа трета година.. Леле мајко кога стасав јас до тука, а имав само 16 години кога се зачленив и почнав да чкрабам по тебе.. :)
Дождов дополнително ме утепува во поглед на расположението, некои чудни мисли ми се врткаат во глава и не можам да се отарасам од нив, а се додека не го напраам тоа, нема да можам да уживам целосно.Стварно не знам што по ѓаволите ми е.. пу:)
 
Драга, роденден ми е! 23! а знаеш колку се радувам на моите родендени!
Мислам дека треба да го глеам филмон 23 денес :) фор д лулз
Елај си на торта!
the-party-range-jumbo-birthday-girl-badge-BADGE575.JPG
Радувај се годинава, наредна ќе треба цела серија да изгледаш. Среќен нека ти е иначе :)
 
Драга Кајгана:

Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, попот го закопал, му изградил споменик и на споменикот пишувало: Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, попот го закопал, му изградил споменик и на споменикот пишувало: Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, попот го закопал, му изградил споменик и на споменикот пишувало: Си бил еден поп, си имал едно куче, кучето му умрело, попот го закопал, му изградил споменик и на споменикот пишувало: Си бил...

Попception.
 
Куртони на неделата-Ашљаци што водат со долги светла низ град.

Како ќе ги познаете-По сноповите светлина упатени према вашите визуелни рецептори.

Предлог за измени на законот за сообраќајни прекршоци за справување со учесници во такво злосторничко делување-Модифицирано хибридно-комбинирана тортура од нацистичко-пакленапомаранџесто потекло.

Имено ја зимате оваа направа демонстрирана од Малколм Мекдауел и ја вметнувате на главата на куртонот.

Clockwork-Orange.jpg


Откога ќе се уверите дека направата е цврсто фиксирана на главата, насочувате во зениците на куртонот комбинација од минимум 5000 ватни рефлектори, црвени ласери од прва класа а како зачин факултативно се додава и трепкачата лајт-шоу светилка позната по својата честа употреба во ноќните клубови. За поголема долготрајност на казната се препорачува повремено налевање на Прокулин како во гореспоменатиот филм. Постапката трае додека врискањата на жртвата станат неподносливи на радиус од точно 2.5 километри од епицентарот на извршувањето на казната. Со оваа постапка се препорачуваат соодветни суви мелодии од сортатата на музика панк/метал, со карактеристична боја на брзи и агресивни рифови, и вкус на ушопарачки дисторзии и солажи, сето тоа сервирано во што повисока децибелажа, и карактеристична тематика од патниот сообраќај поради задржување на автентичноста.



 
Драга,

Денес сум поспан, седев до 7 сабајле, не седев туку учев, си легнав во 7 и таман заспав околу 8 абе нема ни сат време кога почнаа да ме бараат на мобилен, ми идеше да станам и да му лупнам на оној трол Марфи една клоца :icon_lol: таман престанаа на мобилен гледаш ѕвони некој на врата се мислев една минута дали да станам да отворам или не, па на крај ми текна ако Марфи сака сигурно ќе им отвори на било кој начин. Ама и на Марфи му се спиело...
И така поспав некаде до 11 сат, станав си направив кафе, шубе ми е кафе без цигара ама што да правам, си излегов на тераса надвор освежило, се спуштил озон, згаснала прашината, зјапав едно сат време во празно си го испив кафето и цел ден се шуткам по дома, додуша бев до банкомат да извадам парици и тоа одвај се одвлеков колку ме мрзеше да одам.
Да ти препорачам филче за овие мрзливи времиња?
А Guide to recognizing your saints, одлична драма со одлична глума и супер прикаска.
 
драга
знам дека сум баксуз со тапија ама барем смилувај се за другариве ебаго, на луѓево пари му требаат.
мразам некој кој го неам видено на факс да зема стипендија а незнај равенка со една непозната да реши и цел шески е во индексот.
го маразам опшеството денеска, а најверојатно ќе го мразам и утре
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom