Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Добро утро миличка ^_^
.... :)
Како сме?!
Јас онака само да те поздравам утрински со чаша кафе + најомиленото радио антенна 5 но покрај овие две работи спаѓа и таа комплицирана статистика :)


Решив сабајлечки да ги засукам ракавите и да почнам да си ја мачам душичката со бројки ..:unsure:

Имам уште 6 часа до полагањето... се надевам дека ќе и ги решам проблемите !! :P
 
Се осеќам ко бестелесно 100 годишно суштество што лебди во светот.
 
Еј ќе си го купам сатчето утре сабајлечки ќе одам со братот со возот на шопинг тој некои патичина си видел, после тој со рејзо кај другарка му ќе оди а јас највероватно назад.
Не паметам кога сум бил последен пат Скопје а да не е по работа ќе има време да го разгледам проектот 2014 до кај е :pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:.
 
Еј шо убаво било да имаш слободен ден додека сите останати се на работа. И тоа не еден, туку ДВА :)

Почнав да ги користам слободните денови што ми се останати, да ги искористам пред да дадам отказ од работа.

Вчера шетав низ град, денес најверојатно ќе шетам низ село. За викендов ќе се пазариме :)
 
Драга

Ми се мота песнава у глава од коа сум станата па да те поздравам со неа, воедно да ти кажам дека одговара со времево тужно!
 
... најавна шпица.

... првава смена, арна била. Само појќе пари се троши... ваљда ќе се среди и то. Друго нема, освен тоа дека скоро се подготвено. Дизајнот е при крај, домејнот веќе порачен... се чека да се среди, хост се има нормално т.е. стариот ќе се искористи, логото се спрема... и некој мали ситници шо ќе се средат за брзо време. Па да видиме како ќе тргне со то чудо.

И така, да се дешава нешто... оти не ја бива оваа работа. Мора да се тепа досадата, друго чаре нема :/

... одјавна шпица.
 
Што сум јадел вчера кајгано :facepalm:
Стомаков ме искина, заглавив во вц сто саати :facepalm:
Ми паднаа во вода сите планови за попладнево :place:
Ќе да е од тостот или од баничките што ги јадев вчера:confused:
А времево ме вика, ама џабе...:place:
 

Ајме мени, ајме теби сви на тулум!

(facepalm-ови еден куп)
 
Пишувам еден есеј за реторика во Собрание, се изначитав еден куп стенограми и глупости. Или нашиве пратеници имаат ептен добра смисла за хумор или се за во лудница.
Подоле види молим те некои цитати, па сама одлучи, ги пренесувам во оригинална форма без поправки:
А и тој што ги пишува, изгледа не научил дека “сеуште“ се пишува се уште. Какви печатни грешки има, мама миа...:facepalm:

не е вред даспоредите кафеана со Собранието. Бидејќи во кафеани или ресторани има повеќе ред отколку овде. Некои пратеници не можат овака да се однесуваат во кафеана ниту од вашата пратеничка група, ниту пак од другите пратенички групи.

Ве молам колеги мислам дека треба да бидеме сериозни. Некој што има фрустрации спрема некого да не ги лечиме Фрустрациитеве моламданеги лечиме во сала 1. Некој од некого што се плаши не треба стравот да го пренесе на другиот.

Ве молам немојте да мавтата со прст. Можете да мавтате кон своите колеги а не кон мене.

Ова ми е фаворит:

ви честитам, вие сте десета што ја читаат истата реплика, за награда добивте фрижидер.
:pos::pos::pos::pos::pos:
 
Ако Латас ја открие книгава, ќе побара од министерот за образование да ја стави како задолжителна литература.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: VLJ
Eпа има една што ја прочитав деновиве на ФБ, вика, јас сум уклучена, ти си уклучен, јас не пишувам, ти не пишуваш, јас неам јајца, што е со тебе? Сериозно, што е со маживе?
Иам чувство дека има некоја клетва врз мене, некоја лоша карма, што сите што ми се допаѓаат не ме перцепираат, или па ме откачуваат.
Ај батали глупи мажи.
На работа е тотален хаос. Треба железна рака.
Јас сум станала алчна за пари.
Здавјето ми е за никаде. Јас сум најздравата на светот, а сега веќе не е така. За жал, за жал. А некако уште сега немам сила да се борам. Се надевам Бог ке ми ја даде кога нејвеке ке ми треба. Секогаш знаел кога да ме покрене.

Никако да ја напишам магистерската. Идиотизам од моја страна. Секој втор е магистар, освен јас. Изглеа јас сум првата.

Ужасно ме нервира што немам мој дом. Што немам дечко. Што не сум здрава. Што не сум магистар. Што не сум унапредена. Што немам кеш колку што сакам. Што не можам да ослабам 5 кила.
И колку е глупо што се нервирам за овие работи, оти некои никогаш немале ни заеднички, а не па сопствен дом, што никогаш не се вљубиле, макар и нереализирано, што немаат пари за лекови, што немаат основно, што се невработени, што немаат за леб и се преслаби од што немаат да јадат.
Ама јас не сум некои. Јас се мачам за да добијам се. Се направив правилно во животот, а животов ме јебе...
 
Шо е битно ако све тоа го имаш у теорија, ама никако да го примениш у практика?
Епа ај погоди.
Ти се плукнам тоа суштеството глупаво inside of me шо секад ми праи бељи.
 
Јас си слушам прогресив рок али песнава си владее!


Песна која ја одбележи цела генерација на студенти на една група на еден факултет, каде по случајност, сум и јас.
 
Кајгич мора вака иначе тешко, еве на држ:

Јас се уште верувам во невозможното, во сопствената сила... Не е важно колку време ќе помине, но знам дека тоа ќе биде како што јас СОНУВАМ, како што ПОСАКУВАМ... И покрај сите бури и ветрови во животот се уште имам трпение, воља, надеж и желба... Ќе Чекам ...
Сите големи работи се чекаат ... Јас Верувам, и тоа е доволно!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom