Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
...и windows media player ми откажа комплетно љубов, а winamp само една песна сака да ми пушти, ниедна друга. Па компјутеру, зар и ти сине Бруте. Не знам дали имам спомнато, ама не го можам февруари. :icon_lol:

Додуша се изнасмеав вечерва, убаво е кога човек ќе се потсети на детството...

Ама нешто ми недостига. Знам и што е тоа. Не е некој, туку е нешто. Имам празнина во мене. Се обидувам да ја пополнам со смеа и со позитивна енергија, ама вака кога ќе останам сама...

Ах, рече...
 

Чика Хрки, чика Хрки, зашто нисте играли у оној серији, зашто нисте играли у оној другој ... МРШ МАЛА БРЕ ЏУБРЕ ЈЕДНО !

:pos:
 
... најавна шпица.

Брееј, цела вечер да се седело и да се играло НИНТЕНДО ИГРИ! :icon_lol: Ако, убоо беше :pipi: Ко нема друго шо да се прај, тоа е... ептен е напнато :/ Така бар ќе се тешиме со игрички, колку да нема депресии. До кога ќе се тера вака незнам, ама едно знам... сакам што побрзо да заврши. Друго, то... досадно знајш ко и секад, катастрофа е.

И да, у недела ќе го гледам повторно Чаплин! :cuc:

... одјавна шпица:
 
Мамурно утро. Не, не од алкохол, ами од презамореност... мамурно се чувствувам, што би се рекло " безвезе". Ама ништо страшно! Тука си е снегот да ме расположи, си гледам како врне и се радувам како мало детенце. Им велам на моите " што и да ви треба од продавница- јас сум тука", само колку повеќе пати да си одам по снегчето што крцка под мене мх мх мх абе за мерак :) Ииии да, едвај чекам да дојде вечер за да има лудории на снегче! Јупииии! И тоа.
 
Драга Кајгана,

Како темпирана бомба сум...Чекам само мала закачка и да експлодирам...Таков ми е периодов изгледа...Не сум некое ок друштво ваква
 
Поздрави ми јетра,бубрези и црн дроб.
 
Драга ја запознав Леандра :) и од возбуда не можам ништо повеќе да напишам освен ВМРО убер алес и то :D
 
Тамам ќе си легињав, глеам Витни Хјустон ги фрлила челите ... е како да спие чоек сеа.
 
Колку повеќе го чуствувам студов,толку повеќе чуствувам дека се одалечуваме. Или одамна се оддалечивме а не го забележавме тоа? Не знам. Куп прашалници во воздухот и дефицит на одговори. Не се ни трудам да ги најдам истите. Тотален контраст.Но спротивностите се привлекуваа така беше драга? И можеби најголемото извини ќе треба да си го упатам себеси зошто се повлекувам и одбивам да давам важност на работите. Се‘ е ирелевантно. Глумењето рамнодушност не ми било никогаш јака страна. Чудно е како овој пат одлично ми оди. И денес си ставив црвен кармин во инат на сивилото надвор. И се фрлив во снег и задоволно се смешкав за инат на студов. Ама овој инает кај и да е ќе ме стигне, да си се раздолжиме осеќам. И скапо може да ме чини и тоа знам :)
 
Се испотепале децата.
Умрела Витни Хјустон, знајш ме заболе.
А ко ќе им се предозира комшијата, арно му се напрај гнаса наркоманска, али Витни не беше таква, таа онака некогаш крек си пушеше, таа не беше зависник.. Crack attack.
Btw овие кузнај шо напраја на собиранката ги нема нешо xD
 
Ако знам што правам и што треба да направам, и што да мислам, и што е правилно, што не е избрзано или премногу чекано, ако знам со кој се дружам, и ако сум свесна за нешто,ќе частам.
Поголем хаос ни сум имала, па ни мислам ќе имам. Ме фаќа страв од постовите на Крејзи ин лав во Во врска со љубовта, ме фаќа страв од моите непромислени постапки, па уште повеќе од тоа дека сите мислат дека сето тоа е ок, а јас сум била заостаната. Кај си се карам сама што правам глупости, па и сфакам дека сум била глупава што не сум ги правела тие глупости порано. Плус се убивам од работа, и ми е смачено. И ме убива ПМС, ми се јаде, а живци кинам оти сум дебела. Наместо да ги симнам тие 2 кила, јас качив 2.
А највеќе ме нервира, посебно ме наапа вчера, кога добив комплименти од 5-6 мажи у стилот најубава си тука вечерва, а јас гледам најмалку 50 девојчиња кои се топ.И во секунда си ја преметувам користа која си мислат дека ке ја добијат од таквата реченица. УПМ, самодоверба за никаде. И плус си викам, ако на овие не им е тешко да ми дадат комплимент, зошто типовите кои мене ми се свиѓаат не ми даваат комплименти?
И не можам да ја заборавам реченицата на професорот по математика у средно. Комплимент е нешто што не го поседуваме, бидејќи комплеметнтари нешта, биле спротивни у матетматиката.. И кога дама ќе речела фала на комплиментот, уствари ја покажувала својата скромност со тоа, демек, нее точно дека сум убава, фала ти штоми даваш убави особини кои ги немам.
Што ме наведува да мислам дека можеби и подобро е што мажите кои ги сакам не ми даваат комплименти. Барем не ме лажат. И се ке беше добро, ако можев наместо телефон, да си купам 2-3 кила самодоверба.Ако знаеш кај се продава, кажи. Ќе заштедам и ќе си купам.
За жал, некои работи не се купуат. Што страшно ме нервира. Ај да не ти праам бед у недела кога сите одат на ручек, а јас се занесуамм дека ке држам диета и пак ке се напукам макарони.
Дан.
 
Драга,

вчера го имав еден од поубавите денови. Скоро цел ден поминат со другарките, лизгалиште, па јадење, па снешко правење, абе мераци и вечерта покерче! Би сакала секој ден да ми е таков!
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom