Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Кајгана сине, брат. Знајш колку време немам прочитано толку позитивни постови на форумов ?!
Видиш снегот прави чуда.
Го свртив цел жанр !!!

PS. наплив од педерлана на форумов.. :гомце:
 
Здраво, здраво... викаат една слика, илјада зборови, па ете, за да не пишувам 1000 зборови, еве ти една слика (со пар зборови).:X3:

tumblr_lxaw6jdRHv1qg2xooo1_500.gif


И така ти викам јас...

Уште 20 дена.
Иначе има снег насекаде, а мене не ми се излага од дома и најрадо би лежела во кревет и би читала книги по цел ден. И би пиела кафиња во големи шољи и ќе се трујам со цигари.
Не ми е јасно, навистина не ми е јасно, зошто понекогаш не можам да уживам во работите и животот како и сите останати нормални луѓе и да не се замарам со секоја можна ситница на која ќе налетам. Поголем overthinker од мене, се уште не сум запознала, а сигурна сум дека има и други будали како мене.
И не треба да гледам толку романтични филмови, дефинитивно. Само уште повеќе се разочарувам.

Тоа е тоа. Депресија ради док људи спавају. :cautious: У февруариво, покрај се останато, и компјутерот не ме сака, а чак што више и хороскопот е против мене.o_O
 
Драга,
Конечно нешто пријатно да ми се случи во последниов период, братучедтка ми од Белград дојде со внук ми кој има 3 годинки неодолив е ма, само да го видиш ејј целиот да го изедеш, вчера кога се вративме дома каков беше во образчињата додуша и јас бев исто :D. Заборавив на колено, на сè и само со него си играв, цел ден, урнебес беше :D.
Одма и се разболев, малер. Добро е што се заминати за Охрид па да не се влоши работава..сега си лежам во кревет, чајчето до мене и почнав да ја читам „Папокот на светот“.
 
Калимеро има право: нема правда! Ти можеш да се утепаш од учење, да се лишиш од многу задоволства, излегувања, од грижата за твоите најблиски само за да посветиш довлно внимание на еден предмет и на крај откако ќе напишеш се и задоволно ќе си излезеш од испит, на крај ќе видиш дека сето тоа било залудно и дека си добил многу пониска оценка од таа што ја заслужуваш! Како е можно тоа? Па и неписмен од таа област да го прочита тестот ќе види дека за се е ама за шестка не е!! Има среќа професорот што стипендијата не ја изгубив поради него, но како и да е има да му отидам на факултет и да го дигнам у ваздух! Поради вакви работи немам некогаш волја за учење, желба да успеам во државава туку ми иде да си заминам у друга држава во која сигурно трудот повеќе се цени од овде.
 
Драга,
што да ти кажам? Се разболев... чудно ќе беше ако овој месец ме утнеше температурата и сите пропратни елементи на настинка или грип... што и да е.o_O
Цел ден не мрднав... седам, читам, спијам, пијам чај, одмарам...Ми се здосади.
Инаку, ништо од собиранката, а редно беше после 4 години да присуствувам.:unsure:
Ајде Драга поздрав, доста ти се жалам. ( не ти ставам песна денес, не ми е до пеење)
 
Драга Кајгана
Не сакам да делувам патетично но осетив потреба да го напишам ова. Секогаш кога расположението ми лошо, помислувам на неа, и секогаш кога ќе почувствувам дека се наоѓам во ќорскокак и нештата ми излегуваат од контрола повторно помислувам на неа, и кога сум среќна пак помислувам на неа. И знаеш зошто? Затоа што ме потсеќа на една силна индивидуа која покрај тешкотиите со кои се соочува и покрај сите изгубени работи во животов успева да се одржи на нози! Таа е личност која го има најголемиот дел од мене и никогаш никој нема да го смени тоа, личност која поминала премалку време во мојот живот а сепак ми претставува се'. Среќен роденден Мамо!
 
ДК,

Утре е нов ден.

Тоа е најдоброто нешто што може да се случи.

Ај пријатно.
 
Кајгич, едноставно нели многу ги сакам најубавите очи на свет. Ама ако кажам гласно ми се чини ќе се сруши све.Гушки, снежни кисеви, без патетики кажани на глас али тој нескротлив дух ( диви ко ветрот) ме излудува. Пссссст само јас и ти си знаеме. Инаку, идам на свирка за да се спремам кондиционо за нешто више - на пример Бернајс Пропаганда.Ми се пие бе и ќе идам, шо? Ајт бејб...
 
kajgi samo so se vrativ od rabota si praavam 2 pici limonada i eden snikers pred spienje i tolku
utre sum na sostanok i pa ke go tupat kako treba da rabotime:@
 
Драга... Замисли...

...

Драга, пак тема за Грција :facepalm: Дај бе, глејте си ја болката своја. Ако наместо да се замарате за Грција таа енергија ја искористевте за некаква промена тука, тогаш на сите ќе ни беше подобро, вака сте патетични секој ден.
И ми се кења од националистички шупливи глави.
 
Имам симпатија.

Па добро, не сум баш осмо одделение, но се чувствувам така, потполно исто.
Ми недостига времето кога скришно шуш-буш се обидував да изнудам насмевка за тогашни услови некое слатко момче строго од мојата населба. Па и да не ме забележува, тоа да ми единствена главна преокупација, се до оној момент кога ќе заборавам дека некогаш воопшто ми се допаѓал.
Ах, времиња...
 
Драга, знаеш ли што значи да се пропушти шанса која живот значи?
Јас дознав и не е убаво чувството. Како да ме прободеа во стомак. Ужасно.
И така, си леат солзите...
Тоа е, кога човек нема да се најде во вистинското време и на вистинското место.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom