Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Моментот коа седиш у кафуленце со личност што ти значи, правиш муабет и одеднаш слушаш едно ТРАААС!!! Следниот момент гледаш истурено кафе по целата маса и келнерот сака да ти даде салфетка за да избришеш и доаѓа и сфаќа со кој си фатил работа :pos:
Мало, закон си:) Камо почесто да има вакви моменти.
 
Драга Кајгана , знам дека ќе звучи клише али стварно ми е од све пре к**...Од станувањето рано сабајле заради некој небитни работи , од излегувањето навечер само за да се вратиш попразен однего што си бил , од залудното пиење само заради да заборавиш на "реалноста" .Се надевам дека ќе дојдат подобри времиња за сите нас.
 
Драга...

види
29WBm.png
 
Здраво, мила ем драга Кајг. Видов луѓево си отвораат душа тука, па еве и јас. Нова сум (барем мислам така), не знам никого од тука (барем мислам така), а и никој не ме знае од тука (барем мислам така). И да не е, остави ме да верувам дека е. :confused:
Некни се запрепастив (добро е, најдов начин да си ја кажам маката). Бев некни на интервју на работа (значи газдиве се “чудо“), ми закажува типот во 3 саат, а става цедулче дека ќе го нема до 5. А бе чудесија, после ми се јавува да ме праша што ме нема, а и патем да се пофали дека “имал реноме на интернет“. Ееехх, каде отиде светов бре. Кажи ми, луѓево побудалеле или нешто не е во ред со мене? м? Дали сум јас единствената нормална на светов, ма? хмм, нормална, штом ти пишувам, а знам дека нема да ми одговориш изгледа и јас забегав :)

ајт, we'll be in touch
 
Драга, ќе и стаам на едно девојче шпанска мушичка во сокчето .. :D
 
Драга, хејтам денес ама многу. Сите ме нервираат, а јас се нервирам оти се нервирам оти сите ме нервираат..... Пуса... :love:
 
Dear Kajgo.
Brown Sugar,brown sugar, Brown sugar, brown Sugar..
 
Колку е убав моментот кога дознаваш дека најпосле си го исчистил семестарот и конечно имаш време за гледање филмови и читање книги.All night long.
 
Драга,

Изминатиов период имав осет како да сум на оние тракине за трчање на кои имаш осет дека никогаш нема да прекинат да се движат, па така и ти никогаш нема да прекинеш да трчаш. И исто како и со нив, на почетокот чувството е неверојатно, полн си со елан, мотивација, ги гледаш километрите поминати во трчање на малото екранче, се забавуваш.
Поминува извесно време, подолго време трчаш, уморен си, но сепак полетот е тука, енергијата исто.
Уште повеќе време минува, почнуваш да се уморуваш, размислуваш за сопирање, ама ти текнува на мотивацијата, ти текнува на милион други работи и некако продолжуваш...
Доаѓаш до точката каде што не можеш више. Го осмислуваш моментот кога ќе сопреш, уште минута, уште 30 секунди, не сега ајде уште малце, уште само малце...и тоа е тоа.
Моментот кога стануваш зависен од трчањето.
Не сакаш да застанеш, затоа што е страшно кога ќе се сопреш и замислиш за момент.
Премногу мисли, сценарија, забелешки,пораки и повици, коментари, страници и станици, слики, филмови, песни.
Премногу и премалку во едно.
И иако е зима, продолжувам да трчам.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom