Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Ратујемо февруари и ја.
Чисто да го одбележам почетокот на февруари.
Let the games and депресија begin!:vozbud:

Научно докажан факт by Crazy in Love: Февруари е месец во кој се зголемува степенот на депресија за дури 4 нивоа. :icon_mrgr:
 
Драга,
Значии неможам да поверувам... Последните 2 колоквиума денеска ги полагав КОНЕЧНО!!!!
Месецов не сум ни спиена, ни јадена... само БОЛНА! Ни да дишам можам, ни да слушам!!!!
Се радувам што заврши семестарот се надевав на НАЈМИНИМАЛНА пауза од 2-3 дена, ама ни тоа не го добив!!!! Одма од утре предавања ТУРБО, и за 2 недели ПАК ПОЛАГАЊЕ -.-
Аххх....
Ја то могу , ја то хочу ( ми останува само да се тешам ) :)

За фалење немам ништо посебно, затоа што освен факултет НИШТО не гледам...
Ќе биде се во ред :D
 
ДК,

Денес го добив најчудниот комплимент. Ми рекоа дека сум тефлон.

o_O

Демек, ништо не се фаќало на мене и не сум се нервирал за многу работи, т.е. сум бил искулиран.

:rolleyes:

И после, луѓето биле нормални...

:вонзем:

Ај пријатно.
 
Драга,
почеток на 8 семестар. Се гледа крајот на студиите. :vozbud:
Денес, цел ден ќе ми помине работно, ако ништо друго, барем нема да умирам од досада.
Инаку, се заразив со една песна и цел ден само си ја пеам.
И така Драга, денов почна одлично и се надевам дека ќе заврши уште подобро. :)
Поздрав и еве ти ја песната. :)
 
Драга 3 предмети за 2 дена сум положил. И сеа знајш шо иде на ред да се прашам? Како тие предмети ги поминав, а ги учев по пола саат? Зошто дозволувам да сум доволно мрзлив и да не чепнам книга ни пола саат?
Кајги, одвај чекам да одам во Скопјево и да се собереме пак старата електрашка багра со смекси и треба да пиеме пиво со тоа малото:) Само се надевам овој пат нема да го истури и пивото:pos: Не за другото, од една кригла истурена има цел локал да го поплави:pos: Ама барем е една од поинтересните личности шо ги знам
 
Драга читам еден форумџија и............ и................и ................и.................и...................и можам да кажам СТРАШНО (ти девојче си психо,ти си болна)
 
Врага............



Одиш на лекар со очекување дека се ќе биде професионално и нормално НО..

Одам денес на очен преглед во приватна ординација нормално претходно закажано. Влегувам добар ден добар ден,се најавив кој сум и секретарката вика седнете ќе ве викне за скоро докторот. Ок седнав,подобро да не седнував внатре ладно сибир,стари жени седнати почнаа да коментираат индиски серии,по 2 мин на секретарката и се отворија порничи на компјутерот o_O Се сврте ме погледна дали видов и се насмеа и ги изгасна. :facepalm:
Ајде ме викна докторот,и почна со преглед,прво ми одржа лекција за школството,како школувањето било корисно,ноу шит,па после отвори врата и викна на секретарката да оди да јаде нешто. Дојде моментот да ми измери очен притисок,тоа ти е гледаш во една зелена точка потпрен со челото на една машина и тоа ти "пука" воздух во око,не изгледа страшно ама е страшно непријатно верувајте,неможеш да не трепнеш,и откако ме испука неколку пати неуспешно докторот таман да ме пукне,влегува еден човек и вика "Не пали !" Срипува докторов во истиот момент како бе не пали ? Јас дремам ко дибек потпрен на тоа справата,вика не пали бе дали од ладново после пак ќе пробам,и тука имаш стандардно пцуење од докторот насилно седнување на стол,си викам што и да правиш немој да си трепнал сега. Ај ок заврши тоа,сега ми вика треба капки да ти ставам да ги прошириме зениците ми става вика ќе те печат малку,не не печеа малку,печеа многу. :cautious: Ми вика излези сега почекај да почнат да дејствуваат,излегувам ме мава реа на луковина,секретарката се натепала лук :вонзем: Седам после 5 мин ми се раширија зениците,како лампиони ми станаа очите,крив кур не гледав.Влегов внатре и ми вика а гледам делуваат капките,и пак ме седна на некои машини и мене тука ми текна на првиот пат кога се надував,исто лампион бев во очите и еден човек 40-на год. имаше ме гледа и ми вика оо му се спие душиче,дека кога ти се толкави зениците луѓето незнаат дали ги гледаш или порачуваш сендвич на 50 метра позади нив. :icon_lol: Почнав да се смеам ко теле сам од чиста мира,докторов се врти лево десно ме гледа,му викам извинете ми вика аа си кажа виц ? Да да виц му викам. :pos:

Ајде заврши некако прегледов,само што излегов од влезот ме пукна сонце,не дека светеше нешто силно ама кога ти ставиле капки мислиш дека со ласер во очи ти светат без престан.
Влегов во првото такси што го начекав,му викам вози таму и таму и почна да ми се отвора таксистов. Види јас сум роден во приштина,а си викам ми се еба мамата ќе умрам нема да видам како сум умрел. Збори,абе мене не ми даваат во албанија да возам,дека сум такси возач,па еднаш ме фати полиција возев едни ирачани ама од кај да знам јас што се јас само возам кај ќе ми кажат,нели ? Збори и ме потчукнува со лактот онака да му обрнам внимание. Па почна,не е убаво ова со црквите што се палат,не треба така. Не е му викам не е. Стигнав некако дома,аман,психички разорен ден.
Си викам налет....


Одам да одморам. :sleep:
 
Драга, размислувам, како ли им е на оние бездомни луѓе, кои скитаат по студов, кои немаат ни каде еден чај да се напијат и да се стоплат... Што ли се моите проблеми во споредба со нивните...? Сакам да ги приберам кај мене, барем еден да спасам од можно премрзнување до смрт :( Се ужаснувам кога кажуваат колку луѓе починале поради премрзнување... Зарем, немаат никој свој кој ќе ги прими и ќе им даде топол чај, оброк и преноќиште? И многу ми е тажен денов, сакам да превземам нешто во врска со тоа :(

...

Некогаш сме, премногу неблагодарни... Ако ништо друго, барем имаме покрив над глава. Некој ни тоа го нема... :(
 
Драга,
Еве, да научат форумџииве како се шмека правилно.
423233_10150564358929043_535849042_8695097_543155945_n.jpg

Неодољив-неумољив!
 
Не можам да се социјализирам од ладноќава, треба да поминам низ поларен премин...
Во секој случај не е лошо и вака, на топло со добра книга и филм ќе се истера некако.
 
Кајги,
Само што се вратив од град. Еднаш ќе се решам да излезам со другарките и ете снег:) Убаво си поминав. Како што викаше мојон ти не си сама за пуштање:pos: На излегување едни ни викаат сакате превоз-мајмуни си имам јас превоз и ако немам ќе се вратам со такси нема да се пикувам во џип со непознати:pipi:
 
Само нека каже некој дека месецов не е штеточина. Тек е први, а прееска успеав на растојание од 200 метри да си го изгубам шалот кој ми беше околу врат без воопшто да забележам.:facepalm: Мислам, стварно, are you fucking kidding me?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom