Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Абе види го со мустаќи, :eek:.
Напнат сум, ми грчи нешто, озбилно. Слушалките ми зуат, ТВ грчи, се прејадов неможам да мрдам.
Жртва на модата - Spirt.
<3 Erykah Badu.
L'histoire de l'art.
Какви трипој имав вчера, убајна.
Она се ебе со сите, ама само мене ме сака. Која будала треба да си ова да го помислиш, а камоли да го ставиш во песна. :eek:
Најјако е шо се радват дека изгубил Јунајтед. Пфф, нека се радват и така 20 години немат ништо во Англија земено, плус куп беше, плус фалеа главните играчи. Али дерби над дербите си е дерби, така да малце боли.
Wait.. let me unzip something. ( daamn двосмислено е, a file ! )
Ок. Ми треба Talib Kweli - Reflection Eternal album. Ти ебам и SOPA и ACTA !!!
Америка до Антлантида.
Обожавам србомани, таблетомани и луѓе со секакви мани.
елаксанти, донедоневци, заднивучни и тракатанци. (ова не е мое, крадено е).
--- надополнето: 28 јануари 2012 во 18:05 ---
Морав да ја исклучам музиката, за да можам да ја слушнам.
 
Драга,
Идеме---Не идеме---Идеме---Не идеме----Идеме.... до кога вака бе? Преку глава ми е дојдено од вакви глупави игри и промени во последна минута.
Сега, поради тоа што нели мора да се смени планот, јас демонстративно не излегувам. Ќе си седам дома, ќе си читам некоја книга и ќе си слушам некое добро музиче. И така Драга... има луѓе кои се створени за да ти го уништат доброто расположение, кое и онака го имаш еднаш или два пати месечно.
Инаку, денес бев вредна. Готвев нешто по дома, среќа беше успешно и нема повредени т.е. никој не доби труење. :pos: Дури и ми рекоа дека убаво ми стоело кога готвам, па требало почесто да го практикувам тоа... каков комплимент. :pos:
Ајде Драга поздрав :)
 
Драга....
Зошто го праем тоа што најмногу го мрзим???
- Седим на две столчињаа... значи ја знам целта дека на крајот има да паднам на подот и долго време нема да станем!!!
Со памет го праем сето тоа и упорно низ ѕид со оваа моја глава .....
Аааа ДА! Го чекам денот кога ќе се каем заради тоа.. :/
Ќе биде тешко.... ама би требало да се преболи ;)
 
Кајги,
Денес бев на шопинг, ама добро ми дојде после толку бурна недела, а и бев на фризер.Време е и малку на мене да си посветам внимание:) доста е жалење за се, вртам нов лист:pipi:
 
Драга,

Мензис и Bon Iver. За некоја недела, Париз. Не ми се верува, ама верувам. Книга, ме тераат да напишам.
Културолошки шокови и рокови. Рум штангли и ајвари цели вангли. Мислења и глави, радости и слави.

А ти, граду мој... Скопје.
Ти, грд човеку, со лузни. Што си ја загубил и личната карта и си загинал пред навистина да те снема. Прости ни.
 
Драга Кајгана,

Татко ми купи резервни делови за шкодилакот за 1000 денари или така нешто. Јас купив радио од 4.000 и ми вика дека деловите што ги купил тој биле побитни... ќе си пукам у колено.
Најверојатно утре ќе средиме се, ама ме нервира тој негов став за тоа што е приоритет а што не е.

На работа... ок... само да пишам еден совет за сите оние кои работат во државно. Ако шеф на некој друг сектор побара нешто од вас, воопшто не го слушајте. Кажете му дека имате шеф и нека се консултира со него/неа.
Јас не го направив ова и сеа ми закачија една обврска плус.
Ааа да, и многу ми се интересни некои колеги кога ќе им кажам дека сум временно вработен. Некои кои беа вработени во исто време како и јас стигнаа до раководни позиции а јас сум уште црнецот.
Колку ќе ми се напраи ќејфот кога ќе им кажав ФАК ОФФ, ојдов на Мајами.

И еден чуден момент, следниот викенд искачам со сестра на бифша девојка.
 
Драга

Премногу добро не е на добро! Совршено познато ми е тоа. Бескрајно тивка и спокојна ....уствари сум уморна.Марфи пријателе?
 
Кајгана, можеш ли да ми дадеш решение како да излезам од ситуацијава во која се наоѓам?

Настина, Изнемоштен, Истрошен, Изнервиран.

Ај со тек на време, се ќе помине!
 
Многу ми е убаво кога ќе ја отворам темава и имам повеќе непрочитани постови.
Досега бев на парти на еден сексофонист. Многу јебо беше типот, ама ќе си се држам до тапанари, фетиш ми се.
Се плашам да ти пишувам повеќе во случај на тајпос. Грамар наци не смее да си го дозволи тоа. Како и да е Елена, (Is your name Elena? Well, it is now) I wish life was easy as me. Си поштуем шеги на моја сметка. И на твоја. Има еден тип, многу океј момак, но превише океј за да го гледам на друг начин. (Effing women, how do they work?) Знаеш, девојка растена со редит и малку форчан и сикипедија и факипедија и слично, ќе каже шега за сиромашните во Африка и типот ја гледа као да направила којзнае каков грев. Ај, сигурно ќе налетам на некој душбег шо носи марами и геј фризури и се чупка па после ќе се прашувам шо ме снашло.
Испитите бе Елена. Менторот пред некој ден ми прати теми за семинарски за трите испити кои ми останаа пред магистерскиот труд. Елена, никогаш нема да магистрирам. Сериозно. Не сум атеншн хор и не чекам од тебе за возврат: „Не, Меган, ќе успееш, знам дека ќе успееш.“ Не бе Елена, темите кои треба да ги обработувам ги немам сретнато досега. А верувај, имам сретнато многу работи. Сега ми текна, имам гледано видео со двајца шпанци кои си се седнати на земја, и копилињава шо ги снимаат им велат да си ги кажат последните зборови пред да ги килнат, и овие јадат нешто на шпански и на крај им ги сечат главите. На едниот од нив му ја сечат со нож, обичен, онака полека, домаќински, и си трае, и јас си гледам. Крвишта. Од тој момент па наваму, клипот „Шо ги ебам, ќе ги сечам“ има тотално ново значење за мене. :( Прееска една од девојкиве го раскажуваше клипов шо ги ебам, и само јас имав срцепарателен израз на лице додека останатите си лолкаа.
Елена, не ми текнува на некој witty finish на постов. Знам дека ако имам ќерка ќе се вика Елена, но сакам да имам два синови. Знаеш, во тој случај ќе треба да се грижам само за два кура, а ако имам ќерка ќе треба да се грижам за сите курови околу неа. Додуша ако е грда ко тебе ќе немам гајле. Филип и Стефан ќе се викаат момците. И да, кога се затрескував во некој тип, по дифолт го ставав неговото презиме до имињата на синовите ми за да видам дали одговара. Се надевам не сум единствената која го правела тоа.
Знаеш колку сум против спиењето Елена, и мото ми е дека нема спомени од спиење и дека ќе спиеме кога ќе остареме, ама не е лошо да си ја земам дозата сон за неделава. Сега сум океј, ама утре ќе имам ужасен мамурлак. Слушај си Arctic Monkeys ноќва, ај да бидеме тинејџери Елена, јас и ти, пак.
 
Ми го свиреа Синатра, јеп. Бендот од оние, кој стигне тој пее. Пивце...
 
... најавна шпица.

Се враќаат старите времиња... ова не ми мириса на арно. Ќе биде премногу тешко.

... одјавна шпица.
 
Кајги......Недеља и сви сте ту...све потсеќа на сречу
 
Драга,
Интернетов ми е спор невиѓено, му треба пола саат да објави еден пост и уште толку да отвори страна :/ .
Удовлекувам а треба да ја прочитам “Во меана„ од Чернодрински, а мрза имам некоја голема ама до утре ќе биде :D.
Знаеш дека у последно време се повеќе ме нервира фразата “Еј брат да видиш вчера колку се напив и како ме гледаше таа“, и тоа ај разбирам нека рече само на еден до двајца најблизи, а не на цел кафиќ :tapp:.
 
Драга,
Заврши ракометот, од утре се враќаме на старите и добро познати проблеми. Неможам да престанам да го пцујам Хансен стоката за кој се надевам дека за ОИ или ќе му биде скршена раката или ќе има повреди на ногата и нема да игра за Данска. Истото и на Наваро му го посакав, се надевам и него нема да го видам таму.
Друго... прв пат во животот немам храброст за една работа, бидејќи ризикот да загубам нешто повредно е поголем. Но од глава не ми излегува и познавајќи се ќе морам да преземам нешто, оти вака не ја бива...се опседнав веќе 2/3 месеци со тоа.
Пред некој ден добив преубави вести, се надевам од Април/Мај ќе свртам нов лист во животот далеку од тука. Дај боже.
Дотогаш, во име на љубовта и глупостите поврзани со неа повели:
 
Драга
Ај кажи ми зашто е ова вака?
За сожалување на згрозените или за наситување?
Се си мислам дека второто е ама ај да си прашам....

ehhhio.jpg
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom