Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
Добро утро,
само да те поздравам.
Станав од кревет и легнав на теписонот.
потоа се довлечкав до пц-то.
убав ден.
^^
 
Сите спијат само јасодам на колоквиум денеска :D
Идеме јако нормално...
 
Моја драга кајгано, кризирам..
ќе се исчистам ли од фејсбук ???
 
Драгаа

Знаеш без разлика на се денеска и утре ќе бидам среќна.Без разлика на тоа колку се големи веројатностите желбата да не ми се исполни вечер кога ќе ги дувам свеќичките од се срце ќе си ја посакам желбата! После 00:00 ќе бидам за една година постара.И да ќе бидам среќна и насмеана,ќе се потрудам да биде тоа моја вечер.I wish... I wish ... you know драга;)
На роѓендан пољуби ме за неки триста година
толико ќе ми требати...
:)

Бај бај
 
Драга,
што ке се прави? Не ми се иде во кафана бе.
 
Драга Кајгана,

Мајка ми отсекогаш имала желба да има маж на кој убаво ќе му стои одело, ама ништо од тоа. Утешна награда е тоа што на мене одело ептен добро ми стои. Мислев дека пред да наполнам 30 нема да облечам такво нешто, ама сплет на околности и стигнав јас до моето прво одело. Сега уште да си одберам некоја фина кравата и да научам како се врзува :)

Друго нешто што ми лежи на срце е гагаизмот во македончето. Правевме пуштање на нов парк позади школото во Железара. Решивме да однесеме 100 балони полни со хелиум кои што ќе ги држат деца додека траат говорите на градоначалниците и потоа кога учителката ќе им каже, сите одеднаш да ги пуштат во воздух. И нормално доѓаа родители, баби и дедовци да бараат балони за нивните деца. Имаше неколку разумни на кои кога ќе им кажеш дека сите се броени се вртеа и ги носеа децата на лулашките, ама имаше некои кои сметаа дека ти мораш да им дадеш балон. Една ептен напорна бабичка ја отерав УПМ и после идеше и на сите им е жалеше како овие од општина се вакви-онакви.

Претходно видов и тепачка за маичка кога на еден партиски настан еден дечко почна да дели маички и двајца влечеа маичка едниот од една страна и другиот од друга страна и не попуштаат ни едниот ни другиот. А дечкото што ги делеше маичките изгледаше ко да го исфрлило некое невреме.

И за крај пак да напишам нешто убаво. Новиот број на Плејбој е ТоБ, додуша за бројот не знам, ама зајачицата... секоја чест. Асистент на фотографија беше Ивана, девојка со која разменувавме линкови од убави галерии пред скоро 10 години кога наоѓањето разголени фотографии од убави жени беше малку потешко. Нестрплив сум да го видам крајниот производ.
 
Кајганоооо!! Многу сум уморен... ама не ми се спие. И нема да заспијам никогаш,навреме.
А ти Кајгано,Кајгано мори,од секс абер да се немало
 
Ова оти Тончи ќе рече дека знам а не му кажувам. :D
Сега уште да си одберам некоја фина кравата и да научам како се врзува :)
kakodavrzetekravata3.jpg
 
Драга Кајгана. Овој Watchlist знае а ништо не кажува. Па ова со краватава е супер за во темата „Врзување“ и верувам на многумина ќе им користи:)
 
Inside crystal meth Charlie Sheen takes his form ..
Вечерва и никад више.. Еј сонот ако не те опрај кој ли ??
Кајги те сакам.
 
Д.
веќе неколку дена го дочекувам изгрејсонцето :) никако не ме фаќа сон на вечер, а преку ден како претепан сум.
сабајлево бев на кафе, после со инструкторов имав договорено и дури сега пред малку се прибрав.
уште сабајле не ми беше арно и баш реков да мерам темп. и секако дека не грешев :D
одам сега да разгледам по нетов, да се истуширам,во меѓувреме чекам помфрит и ќе видам што ќе правам.
ај ча0
 
Семинарски и Морфологија.. Тоа ми е денот. Едвај чекам да завршам со се.. :(
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom